На прво место

Жан Митрев: Чувствувам морална одговорност да дадам демант на нападите од Алијанса на Албанците

Zan Mitrev

Zan Mitrev

Жан Митрев: Чувствувам морална одговорност да дадам демант на нападите од Алијанса на Албанците

ДЕМАНТ ПО ПОВОД ОБВИНУВАЊАТА ЗА НАВОДЕН СКАНДАЛ СО ДЕТСКАТА КАРДИОХИРУРГИЈА

По повод спомнувањето на моето име и името на мојата Установа во медиумите од страна на политичката партија Алијанса на Албанците, за наводна инволвираност во ,,финансиски скандал“ , јас Академик Д-р Жан Митрев, чувствувам морална обврска да го изнесам мојот демант за овие неосновани обвинувања.

Имено, нашето постоење во Македонија е речиси 20 години и за тоа време направивме над 30.000 операции и пруживме повеќе од 1.5 милиони различни медицински услуги. И во минатото, некои политички структури, се обидувале мојата работа да ја девалвираат измислувајќи бројни „скандали“, со цел минимизирање на мојата работа, како што е впрочем случај и сега.

Затоа морам да потсетам на неколку реални факти:
Во 2009 година буџетот на Клиниката доделен од страна на ФЗОМ, изнесуваше 9.6 милиони евра, за да со доаѓањето на Аџибадем, ФЗОМ го намали доделениот буџет на 5.8 милиони евра, кој остана непроменет се до 2018 година. Во меѓувреме, т.е во 2014 година, без никаква официјална постапка, од страна на ФЗОМ беше укинат и буџетот од еден милион евра за детската кардиохирургија. Тој ист буџет ни го врати ФЗОМ во февруари 2019 година.

Актуелниот буџет, за Ваша информација, денес изнесува осум милиони евра, плус еден милион евра доделен за Детска кардиохирургија. Само уште неколку потсетувања на досегашните скандали:

Во 2011 година тогашното Министерство за здравство спроведе „тендерска постапка“ за изнајмување на просториите во тогашната Воена Болница, во која беше сместена нашата Установа, при што ја зголеми киријата на еден милион евра годишно. При тоа беше поставен услов за спроведување на 1.000 операции на срце годишно, како и развивање на детска кардиохирургија во рамките на Установата.

Но, наместо договореното, го намалија бројот на фондовски операции на 500 до 600 годишно, за да во 2014 година се укине и буџетот за детска кардиохирургија, при што висината на киријата остана непроменета и ние плаќавме еден милион евра годишно, непрекинато дури и 8 месеци откако се вселивме во ново изградената болница.

Кога најпосле во 2017 година го раскинавме договорот за кирија (а во новата болница се вселивме во март 2016 година) при раздолжувањето со Министерството за здравство, од вкупно 8 милиони евра кои беа инвестирани од моја страна во инфраструктура и опрема во тогашната Воена болница, со спроведеното „вештачење“ од страна на Комисијата при Министерството за здравство, ни беа признаени како вложување само 2 милиони евра.

Со еднострана одлука на Министерството за здравство, еден милион евра ни пресметаа за неплатена кирија, а уште еден милион го пресметаа како „отштета“ за предвремено раскинување на договорот за закуп!

Да потсетам уште и на тоа дека во 2012 година, за тендерот за земјиштето за градење на новата болница, со одлука на Владата цената на земјиштето од 35 евра за м2, преку ноќ се зголеми на 210 евра за м2. Последователно на тоа, ние плативме 2 милиони евра за откуп на земјиштето.

Исто така, во 2013 год. со одлука на Владата, сите комуналии се намалија на 5 Евра/м2 за хотели и инвестиции, освен за болници, па оттука ние плативме 185 Евра/м2 т.е приближно два милиони евра за комуналии. Имаше многу „афери“, но колку што се сеќавам, никој не реагираше на сето ова.

А кога сме кај буџетот, треба да се разјасни уште една работа. Мојата Установа од самиот почеток работи и редовно ги плаќа сите давачки кон државата. На пример, во 2014 година Фондот ни доделил 5.8 милиони евра буџет, а ние по основа само на ДДВ и придонеси, назад на државата сме вратиле 4.3 милиони евра. Значи 75% од средствата сме ги вратиле назад на Државата.

Во 2015 година доделениот буџет изнесува 5.8 милиони евра, а назад по истиот основ наведен погоре е вратено 4.2 милиони евра на Државата. За 2016 година буџетот е исто така 5.8 милиони евра, а 3.9 милиони евра или 65% е вратено назад кон државата. Или, вакви бројки не се интересни за Вас?

По единствено достапните податоци од Фондот за здравство за 2015 година се гледа дека нашиот буџет е 5.8 милиони евра, а доделениот буџет на Аџибадем Систина е 5.3 милиони евра. По која постапка е направена оваа распределба не е јасно. Немаше официјални податоци на веб страната на Фондот за тоа, и истата беше целосно нетранспарентна, како за нас, така и за јавноста. Интересно би било да се види, колку би бил буџетот на Аџибадем Систина, ако кон официјално доделениот буџет се додаде и она што е исплаќано под ставка ,,лекување во странство,,?

На крајот, сакам да Ви кажам дека имате, навистина има многу афери, вистински афери како во јавното, така и во приватното здравство. Погледнете само како за пример она што се случува во Бугарија со некои приватни болници, кои правеле разни манипулации со Фондот и лажно пресметувале и фактурирале услуги. Искрено, ја поздравувам Вашата иницијатива, да се вклучи јавното обвинителство и барем некои вистински афери, конечно да почнат да се разјаснуваат.
А за крај, сакам да дадам отчет за она што го сработивме во делот на Детската кардиохирургија во овие четири месеци.

Од 1 февруари од кога Детската кардиохирургија се префрли во нашата Установа, згрижени се и третирани повеќе од 40 деца, од кои најголем број се новородени и дел пред времено родени деца со исклучително мала родилна тежина. Од нив 15 бебиња се оперирани и тоа со најтешки конгенитални срцеви аномалии како:

Тетралогија Фалот, А-В канал, Прекинат аортен лак и Еднокоморно срце. Меѓу другото се оперираше и едно дете кое требаше да оди на операција во Турција, каде трошоците за оваа операција на товар на ФЗОМ ќе беа неколку пати поголеми.

Ве поттикнуваме да барате и да решавате афери, но онаму каде што тие реално постојат, а не онаму каде што се работи од сопствен труд и за доброто на сите пациенти!

Со почит, Академик Д-р Жан Митев, Директор и сопственик на Жан Митрев Клиника

https://balkan.mk/2019/05/27/zhan-mitrev-chuvstvuvam-moralna-odgovornost-da-dadam-demant-na-napadite-do-alijansa-na-albantsite/

Најново од: На прво место

Промоција на капиталното научно дело „Лексикон на македонскиот фолклор“

Во понеделник, 30 ноември 2026 година, во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, ќе бидат презентирани резултатите од капиталниот научноистражувачки проект „Лексикон на македонскиот фолклор“ – значајно дело за зачувување и афирмација на македонското духовно и материјално културно наследство. ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил […]

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

To top