На прво место

Во лабораторија произведовте чудовиште кое може да се храни и одржува од самото себе си

62172417 10216916143567481 82132011061346304 o

Јани Бојаџи: Во лабораторија произведовте чудовиште кое може да се храни и одржува од самото себе си

62172417 10216916143567481 82132011061346304 oГледам, читам, слушам и не ми се верува како новинари, експерти, професори, аналитичари и други јавни личности фралат “со дрвја и камења” на ракометарот Стоилов и навивачите и симпатизерите на Вардар нарекувајќи ги националисти, шовинисти, примитивци и многу други пежоративни работи!?

Не ми се верува незнењето кое го продаваат како општествена вредност која сите ние треба да ја купиме за суво злато?

Драги мои, па што мислевте дека ќе се случи? Што мислевте дека ќе се случува кога на огромното мнозинство на граѓани спротивно на правото но и здравиот разум ќе им го редуцирате – ограничите правото да го изразуваат својот идентитет?! Што очекувате да се случи кога правото на самоопределување и самоидентификација е спречено да се изразува во институциите на државата?!

Што очекувате да се случи кога е ограничено а некаде и забрането јавно, усно и писмено да се определувате дека сте припадник на определена заедница или група а во овој случај на одреден народ? А тоа до вчера било можно низ системот на образование, јавно и непречено, во медиумите, во уметноста и секако во спортот. Не знам како не разбирате дека огромен дел од народот кои себе си се идентификуваат како Македонци по род немаат идентификација со оваа држава?

Не знам како не разбирате дека тие се чувствуваат стигматизирано во земјата во која се родиле и во која живеат? Не знам од каде таа потреба да не го прифаќате тоа што е секому јасно. Овој народ е поделен сосема и до крај. И во се. Не знам и не гледам како ова ќе го решавате во иднина?

Но гледам како го решавате проблемот – сега!

Таканаречените “слободномислечки интелектуалци”” треба да пишуваат по медиуми и јавно да ги навредуваат оние кои не мислат како нив со флоскулите: простаци, примитивци, националисти и шовинисти! Ете, да речеме дека тие навистина се тоа што вие мислите дека се: простаци, примитивци, националисти и шовинисти? Ете да речеме дека тоа со време, доколку доволно долго и упорно го повторувате ќе можете да го докажете и научно, па дури и да го озаконите како такво и да стане казниво. Мислите ли вие: кремот, најдоброто, најобразованото од црвената буржуазија дека простаците, примитивците, националистите и шовинистите ќе ги промените нарекувајќи ги простаци, примитивци, националисти и шовинисти ?!

Многу учено…? Чаре? Не знам. А и тоа што го знaеме до сега од историјата не е лесно за решавање. Видете ја Британија со Ирска и Шкотска, Шпанија со Баскија и Каталонија, Белгија со Валонија и Фландрија? Да Драги мои, направивте “перпетум мобиле”.

Во лабораторија произведовте чудовиште кое може да се храни и одржува од самото себе си. Го истеравте од институциите на државата и го пуштивте на улица, по арените и стадионите! Бркајте го сега со полиции и пендреци! Од пештерата на историјата го разбудивте заспаниот Змеј кој се движи од енергијата на огинот што го фрла од сопствената уста! И сега?

Требаше да мислите кога се кантардисувавте на ова работа. Сега е доцна. Сега ќе ви остане само оној рефрен од онаа песна: “што мислеше, кога се онадеше” која навивачите на Вардар може да ви ја скандираат вечерва или некоја друга вечер со некоја друга титула.

Во ракомет или во некој друг спорт! Сеедно.

http://www.bregalnicki.mk/ani-bo-a-i-vo-laboratori-a-proizvedovte-chudovishte-koe-mozhe-da-se-hrani-i-odrzhuva-od-samoto-sebe-si/

Најново од: На прво место

Промоција на капиталното научно дело „Лексикон на македонскиот фолклор“

Во понеделник, 30 ноември 2026 година, во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, ќе бидат презентирани резултатите од капиталниот научноистражувачки проект „Лексикон на македонскиот фолклор“ – значајно дело за зачувување и афирмација на македонското духовно и материјално културно наследство. ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил […]

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

To top