На прво место

Да ги тргнеме розевите очила на Заев и Владата на страна, и ќе видиме гола борба за егзистенција

Hristijan

Hristijan

Христијан Мицкоски

Да ги тргнеме розевите очила на Заев и Владата на страна, и ќе видиме гола борба за егзистенција на нашите граѓани.

Трета година како Заев и неговиот тим дрско лажат дека ќе го рестартираат Југохром, по трет пат пролонгираа едно исто ветување. Последното беше дека тоа ќе се случи сега во мај-јуни, но за жал нема ништо од ова нивно ветување.

На почетокот од својот мандат, Премиерот Заев и Вицепремиерот Анѓушев ветија рестартирање на Југохром од Јегуновце што би значело работа за 1 200 семејства кои би обезведиле егзистенција во Полошкиот дел на Македонија. Две години потоа и континуирани ветувања дека само што не почнало рестартирањето на Југохром, немаме ништо во реалноста. А еве како одеа хронолошки тие измами:

-18 јуни 2017-та година, по средбата со синдикатот имаше свечена изјава на премиерот Заев дека ќе најде решение за рестартирање на Југохром и спас на егзистенцијата на 1 200 вработени.

-12 октомври истата 2017-та година, имаше ветување од премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев, дека Југохром ќе почне да работи во мај или јуни 2018-та година. Помина не само мај и јуни, туку дојде септември, октомври, дури и ноември кога повторно беше дадено ново ветување.

-22 ноември 2018-та година по потишувањето на меморандумот со Владата, потпретседателот Анѓушев даде ветување дека Југохром почнува со работа најдоцна мај-јуни оваа 2019-та година.

Мај помина, јуни дојде и минува, Југохром не е рестартиран. Поминува третата година на власт на Заев и неговиот цунами економски тим, а немаат исполнето ниту едно клучно ветување. Уште една измама на Заев, уште едно нереализирано ветување.

Премиерот и вицепремиерот гледаме како забораваат на ветеното и сега се дистанцираат од проблемите. Со други зборови отворено не ја говорат вистината и лажат на рати. Постојано нови ветувања и повторно изневерени очекувања.

Јас и минатата година потсетив на ветувањето на Владата за Југохром кое сега гледам дека го забораваат, и ќе ги потсетувам постојано на нивниот срам од изневерените очекувања затоа што за жал некако стана нормално оваа Влада да се служи со измами кои се почесто ги има и кои стануваат нивно (но уште полошо) и наше секојдневие.

Се работи за животи на луѓе, нивни судбини, и тука нема политика, туку чиста неспобност на Владата да ги реши проблемите. Не може да се исперат со никакво неиздржано оправдување или посочување на вината во некој друг. Ветувањата се нивни исто како и срамот од лагите.

Имаме економски крах кој се потврдува со официјални бројки, но и преку реалниот живот на граѓаните, а тоа е зошто Владата не работи, додека криминалот и корупцијата расте.

На Македонија и треба обнова, рестартирање на економијата и резултати. И треба програма која издржана, детална и ќе понуди реални решенија изработени преку искуствата од развиените земји. Програма со која Македонија ќе стане напредна земја со силен стандард. Ние работиме на тоа.

 
 

Најново од: На прво место

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

To top