На прво место

Македонија останува јасно препознаена како европска држава посветена на реформите

Нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за Македонија, кој го опфаќа периодот до ноември 2025 година, содржи повеќе значајни и позитивни оценки за напредокот на државата и нејзината европска перспектива.

Во документот повторно се потврдува поддршката за членството на Македонија во Европската Унија врз основа на јасен, мерлив и фер пристап, при што се признава посветеноста на државата кон реформите и европската интеграција. Посебно се нагласува дека Македонија е една од земјите со најдолг кандидатски статус и дека долгогодишните одложувања на почетокот на пристапните преговори негативно влијаеле врз довербата на граѓаните во европската перспектива.

Извештајот повикува на зачувување на кредибилитетот и предвидливоста на процесот на проширување, како клучни предуслови за одржување на довербата во европскиот проект.

Особено важен дел од документот е ставот дека јазичниот, културниот и националниот идентитет претставуваат темелни вредности на секоја држава и не треба да бидат доведувани во прашање од трети страни. Воедно, се истакнува дека овие прашања не смеат да влијаат врз процесот на пристапување во Европската Унија, кој треба да се темели на објективни критериуми, заслуги, европски вредности и Копенхашките критериуми.

Во текстот се нагласува и дека билатералните спорови треба да се решаваат преку дијалог, соработка во добра волја и во согласност со меѓународното право, наместо да се користат како средство за блокирање на европските интеграции.

Нацрт-извештајот позитивно ги оценува стабилните меѓуетнички односи во државата, имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, како и напредокот во подготовката на патоказите за јавна администрација и владеење на правото во рамки на кластерот „Фундаментални вредности“. Се поздравуваат и умерениот напредок во реформата на јавната администрација, дигиталната трансформација и усвојувањето на законодавството за електронска идентификација.

Дополнително, Европскиот парламент ги поздравува првите чекори во спроведувањето на Реформската агенда и Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, интеграцијата на Македонија во географскиот опфат на СЕПА, како и иницијативата за проширување на режимот „роаминг како дома“ кон земјите од регионот.

Во делот посветен на надворешната политика и регионалната соработка, извештајот ја истакнува конструктивната улога на Македонија во регионалната стабилност, Берлинскиот процес, Заедничкиот регионален пазар и Планот за раст. Посебно се нагласуваат високото ниво на усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, геостратешкото значење на државата како членка на НАТО и подготвеноста за понатамошно продлабочување на соработката со Унијата преку Безбедносното и одбранбено партнерство.

Нацрт-извештајот испраќа јасна политичка порака дека Македонија останува препознаена како европска држава, посветена на реформите, регионалната стабилност и стратешкото партнерство со Европската Унија и НАТО. Истовремено, документот ја потенцира потребата процесот на пристапување да биде кредибилен, предвидлив, фер и заснован на принципот на заслуги.

Најново од: На прво место

На Марена во Зубовце во 10.00 часот ќе биде благословен крст осветен во Светиот Гроб во Ерусалим

На 30 јули 2026 лето Господово, во 10.00 часот на празникот Света Огнена Марина – Марена, во истоимениот храм во Зубовце свечено ќе биде благословен крст осветен во црквата на Светиот Гроб на Исус Христос во Ерусалим. За Зубовце, 30 јули 2026 година ќе остане запаметен како благословен ден – денот кога крстот од Светиот […]

Во Непроштено на 23 јули 2026 година, комеморација по повод 25 години од киднапирањето и убиството на македонските жители

Во Спомен-паркот во селото Непроштено, на 23 јули 2026 година, ќе се одржи комеморативна манифестација по повод 25-годишнината од киднапирањето и убиството на Македонците – жители на селото, кои трагично ги загубија животите за време на конфликтот во 2001 година. Комеморацијата, под мотото „25 години – сеќавањето живее“, ќе започне во 18:30 часот пред Спомен-паркот […]

Десеттата генерација на Birthright Macedonia ја заврши тринеделната програма во Македонија

Осум млади Македонци од дијаспората преку пракса, културни посети и средби со институции и личности од јавниот живот ги зацврстија врските со својата татковина Со свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид беше затворено јубилејното десетто издание на програмата Birthright Macedonia 2026, во организација на Обединетата македонска дијаспора (United Macedonian Diaspora – UMD). Осум млади […]

Полициска акција во Гостивар: Приведени директорот и двајца раководители во ЈП „Комуналец“

Во координација со Основното јавно обвинителство се истражува евентуална одговорност за загадувањето на водата за пиење, а официјални информации за текот на постапката се очекуваат во текот на денот. Во Гостивар е во тек координирана полициска акција поврзана со случајот со загадувањето на водата за пиење, при што, според информации објавени од „Курир“, се приведени […]

Владата со поддршка за граѓаните во Гостивар

Владата започна со дистрибуција на пакувана вода во Гостивар, секој ден ќе се делат по 50.000 литри Поднаслов: Првите количини веќе се доставени на повеќе пунктови низ градот, а дистрибуцијата ќе продолжи секојдневно додека трае забраната за користење на водата за пиење. Владата започна со дистрибуција на пакувана вода за пиење во Гостивар, како мерка […]

Еве ја вистината: На Бугарија не ѝ пречат реформите, туку постоењето на Македонија

Кога поранешен бугарски разузнавач, дипломат и пратеник јавно ќе каже дека членството на Македонија во Европската Унија би било „голем удар“ за Бугарија, тогаш паѓаат сите маски. Станува јасно дека проблемот никогаш не бил само во внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Не бил ниту во реформите, владеењето на правото или таканаречените европски вредности. Проблемот […]

Едмунд Темелко: Додека има вера, ќе има Македонија

Едмунд Темелко, првиот градоначалник на Општина Пустец во Мала Преспа по падот на комунистичкиот режим во Албанија, заедно со својата мајка запали свеќи во храмот „Св. Петар и Павле“ во селото Зрноско. Во тишината на православниот храм тие се помолија за здравје, за благослов на семејството, за душите на предците и за зачувување на македонскиот […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да понесе одговорност за скандалот во Гостивар, коалицијата со Таравари и ДУИ им нанесе штета на гостиварчани

СДС не може да избега од одговорноста за случувањата во Гостивар, бидејќи функционери поддржани од нив, како што се наведува, денес се сомничат дека ја загадиле водата во градот и околината, по што илјадници граѓани побарале лекарска помош. Во соопштението се наведува дека СДС очекува гостиварчани да заборават на коалицијата со Арбен Таравари и ДУИ, […]

To top