Коментари

Македонија е АМАНЕТ, Македонија е ЗАВЕТ

Македонска Нација

МАКЕДОНСКИ АМАНЕТ!

Македонија е аманет, завет што се пренесува од колено на колено.

Македонскиот аманет е наследство оставено од илинденците, од асномците, од борците за национална слобода и државност, од сите оние што верувале дека Македонија заслужува да биде слободна, достоинствена и своја.

Да се биде чувар на Македонскиот аманет значи да се носи одговорност кон минатото, но и кон иднината. Да се чува споменот на жртвите кои ја вградија својата судбина во темелите на македонската држава.

Да се биде достоен наследник на нивната борба. Да не се дозволи нивната жртва да биде заборавена или обезвреднета.

Нашата генерација нема право на рамнодушност. Нема право на заборав. Нема право да ја предаде Македонија што ни е доверена од предците и што треба да ја чуваме и да им ја оставиме на идните поколенија.

Затоа Македонскиот аманет не е само минато. Македонскиот аманет е сегашност и иднина. Македонскиот аманет е чувство на припадност. Македонскиот аманет е одговорност. Тоа е чувство кое живее во срцето на секој Македонец што ја сака својата татковина. Тоа е верба дека Македонија може и мора да биде посилна, поправедна и поуспешна.

Денес, повеќе од кога било, потребни се единство, одлучност и непоколеблива верност кон идеалите што нѐ одржале низ вековите. Потребни се луѓе кои се подготвени да го дадат најдоброто од себе за Македонија, ставајќи ги државните и националните интереси над личните амбиции, над политичките пресметки и над дневните поделби.

Само така ќе покажеме дека сме достојни наследници на оние кои се бореле, страдале и ги положиле своите животи за Македонија. Зашто Македонија не е обична држава. Македонија е наш дом, наш идентитет и наш завет.

А Македонскиот аманет е наследство што не смее да се предаде, туку достоинствено да се чува и да се пренесе на генерациите што доаѓаат.

Како вечен потсетник на македонскиот идентитет и љубовта кон татковината, на надгробниот споменик на Ѓорѓија Пулевски стојат врежани зборовите: „Роден Македонец, умрел Македонец за Македонија“, завет што и денес одекнува низ генерациите Македонци.

Македонија е АМАНЕТ.

Македонија е ЗАВЕТ.

Најново од: Коментари

Филипче како заглавена грамофонска плоча: Уставни измени, уставни измени, уставни измени…

Младите генерации можеби никогаш не виделе грамофон, ниту слушале музика од винил плочи. Денес постојат интернет, Јутјуб, стриминг-платформи и милиони содржини достапни со еден клик. Но, во минатото грамофонската плоча беше главниот носач на звук. Кога иглата ќе се заглавеше во некој жлеб, истите неколку зборови или истиот музички тон се повторуваа бесконечно, сè додека […]

Македонската салата и европските двојни стандарди

Македонија со децении гради модел на соживот и институционална застапеност на различните заедници, но прашањето останува – дали истите стандарди важат и за Македонците во соседните држави? Во многу земји постојат јадења познати како „македонска салата“. Нејзиното име најчесто се поврзува со разновидност – различни состојки кои заедно создаваат подобар вкус. Во француската и италијанската […]

Античките градови-живи врски помеѓу античката и модерната цивилизација

Античките градови се од големо значење, бидејќи служат како основа на современиот урбан живот, управување и култура. Тие даваат клучни лекции за одржливост и отпорност, дејствувајќи како прототипови за мегаградови (на пр. Рим) и лулки на цивилизацијата во Месопотамија и долината на Нил. Страницата History, Mystery and Wonders of the world објавува за места, откриени […]

Архивска фотографија од 1944 година: Ова ли е таа „заедничка историја“?

Фотографијата, објавена во мемоарите на бугарскиот офицер Борис Рајнов и зачувана во фондовите на Историскиот музеј на Македонија во Скопје, претставува значајно сведоштво за настаните што следувале по капитулацијата на Бугарија во 1944 година. Фотографијата сведочи за историскиот момент кога бугарската окупаторска војска, која речиси три години беше дел од германскиот воен поредок на Балканот, […]

Ламбе Арнаудов: Последното танго (конгрес) на Живковистите

“Твоја држава, твоја шанса“ Најидиотско лого што до сега сум го видел и слушнал, дури и од најнесериозна, ако сакате маргинална политичка структура, толку безначајна што поминува незабележано и веднаш се заборава. А, токму тука лежи незгаснатата жед за власт, моќ и разорување на сé а само да се дојде до нив. Државата, односно она […]

Ако сме „ист народ“, зошто Бугарија се однесува како најголем противник на Македонија?

Изјавата на бугарскиот претседател  Румен Радев пред ннекој ден во Париз претставува уште една потврда дека официјална Софија со години води организирана и систематска политика насочена кон наметнување на своите национални позиции врз Македонија. Радев без никаква задршка призна дека цела година ги убедувал европските лидери да го прифатат бугарското барање за внесување на Бугарите во […]

33 години во Берлин не ме направија Германец

Во последните години Македонија е изложена на барања какви што ретко можат да се сретнат во современа Европа. Наместо поддршка за европската интеграција на соседна држава, од официјална Софија постојано пристигнуваат нови условувања поврзани со македонската историја, македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонските историски личности. Се поставува едно едноставно, но суштинско прашање: дали ова е […]

Оставштината од Светите браќа, Кирил и Методиј значајна за македонскиот јазичен идентитет на европската сцена

Светите Кирил и Методиј имаат огромно значење како темелници на нивниот национален, јазичен и духовен идентитет на Македонците. Нивното наследство е клучен столб на модерната македонска култура, директно поврзувајќи го наследството на нацијата со раѓањето на словенската писменост. Светите браќа Кирил и Методиј, оставија наследство за нас Македонците кое обезбедува историски континуитет и служи како […]

To top