На прво место

Македонија е пред историска одлука – Чебрен и Галиште ќе ги градиме сами

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата е многу блиску до донесување одлука хидроенергетските проекти „Чебрен“ и „Галиште“ да се реализираат со домашни капацитети, без вклучување на странски концесионери или партнери.

Според него, по повеќедецениските неуспешни обиди за избор на стратешки инвеститор, државата располага со доволно аргументи и анализи за самостојно да пристапи кон реализација на двата капитални енергетски проекти.

„Многу сме блиску до одлука сами да ги градиме Чебрен и Галиште. Тоа би било историски чекор за македонската енергетика и за долгорочната енергетска стабилност на државата“, истакна Мицкоски.

Хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ на реката Црна со децении се сметаат за едни од најзначајните неискористени енергетски потенцијали во Македонија. Нивната изградба би овозможила зголемување на производството на електрична енергија, подобро управување со водните ресурси и поголема сигурност на електроенергетскиот систем.

Изјавата на премиерот доаѓа во период кога Владата најавува засилени инвестиции во енергетиката и поставува амбициозна цел Македонија до крајот на годината за првпат по подолг период да стане нето-извозник на електрична енергија.

Доколку биде донесена конечната одлука, проектот „Чебрен – Галиште“ ќе претставува една од најголемите инфраструктурни и енергетски инвестиции во поновата македонска историја.

Најново од: На прво место

Дали уцена го тера Филипче тврдоглаво да ја брани бугарската агенда?

Од промената на знамето, преку промената на името, па сѐ до уставните измени и отстапките во историските прашања – најголемите национални порази и отстапки во поновата македонска историја се случија токму во периодите кога СДС беше на власт. Денес, иако се во опозиција, од СДС повторно испраќаат пораки дека се подготвени на нови отстапки. Наместо […]

Горанците – заборавеното македонско население на Гора меѓу Косово, Албанија и Македонија

Народ што ја зачувал душата на Шар Планина Гора, планинската област на Шар Планина, со векови претставува простор каде се зачувале старите македонски говори, обичаи и традиции. Иако денес различни држави и идеологии се обидуваат да го присвојат нивниот идентитет, дел од научната и етнографската литература укажува на блиски врски меѓу Горанците и македонското етнокултурно […]

Владата очекува Македонија првпат да стане нето-извозник на електрична енергија

По години зависност од увоз и финансиски загуби во енергетскиот сектор, Владата најавува историски пресврт – Македонија до крајот на годината да произведува повеќе електрична енергија отколку што троши. Целта на Владата е Македонија до крајот на оваа година за првпат да стане нето-извозник на електрична енергија, порача премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека државата се […]

ЕФА бара Бугарија да се извини за злосторствата врз македонското малцинство

Европската слободна алијанса усвои декларација со која бара официјално извинување за репресиите врз Македонците во Бугарија, спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права и прекин на двојните стандарди во однос на малцинските права во Европа. Европската слободна алијанса (European Free Alliance – ЕФА), европска политичка партија која ги обединува регионалните, автономните и малцинските […]

СДС и традицијата на отстапки: Од името и знамето до обидите за редефинирање на историјата

Во македонската современа политичка историја малку партии оставиле толку длабоки и контроверзни траги врз државните и националните прашања како СДС. Низ годините, токму во периодите кога оваа партија била на власт, Македонија се соочуваше со најголемите идентитетски и државни отстапки – од промената на државното знаме, преку промената на името на државата, па сѐ до […]

Сите го поздравуваат напредокот на Македонија, само Филипче и Радев гледаат единствено во уставните измени

Додека европските и меѓународните претставници зборуваат за реформи, економски напредок и дипломатски успеси, лидерот на СДС и бугарскиот претседател остануваат фокусирани само на едно прашање – уставните измени. Во изминатиот период Македонија доби повеќе позитивни сигнали од меѓународната заедница. Европските претставници го поздравија напредокот во спроведувањето на реформската агенда, беа одобрени значајни средства од европските […]

Денес започнува Петровденскиот пост – време на духовна подготовка и молитва

Петровденскиот пост е посветен на светите апостоли Петар и Павле и претставува период на духовно очистување, покајание и зацврстување на верата пред нивниот голем празник на 12 јули. Православните христијани денес го започнуваат Петровденскиот пост, познат и како Апостолски пост, кој трае до празникот на светите првоврховни апостоли Петар и Павле – Петровден. Овој пост […]

Од „Твоја Македонија“ до „Твоја држава, твоја шанса“ – дали СДС остана и без сопствени идеи?

Додека Филипче зборува за нов политички момент по Самитот во Тиват, јавноста се прашува зошто СДС до вчера бараше безусловни уставни измени, а денес зборува за нови можности и поинаква динамика во евроинтегративниот процес На 32. програмски конгрес на СДС, одржан под мотото „Твоја држава, твоја шанса“, претседателот на партијата Венко Филипче порача дека Самитот […]

To top