На прво место

Силните идентитети не напаѓаат други идентитети – порака на Муцунски од Софија

Муцунски од Софија порача дека иднината на Македонија и Бугарија треба да се гради врз почитување, доверба и соработка, а не врз спорови околу историјата, јазикот и идентитетот.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Софија испрати јасна порака дека во современа Европа нема место за негирање на идентитетите и за политички притисоци поврзани со историјата, јазикот и националната припадност.

Говорејќи за односите меѓу Македонија и Бугарија, Муцунски нагласи дека силните и самоуверени нации немаат потреба својата посебност да ја докажуваат преку оспорување на другите народи.

„Јас сум цврсто убеден, како човек, дека силните идентитети немаат потреба да се градат преку напади на туѓите идентитети. Напротив, во Европа во 21. век треба да имаме капацитет да ги славиме нашите различности, да се почитуваме и да не се врзуваме со прашања поврзани со историјата, идентитетот и јазикот“, истакна Муцунски.

Министерот оцени дека и Македонија и Бугарија имаат заеднички интерес да градат добрососедски односи и да соработуваат во области од стратешко значење, наместо да остануваат заробени во спорови од минатото.

Според него, двете држави можат многу да добијат од продлабочување на соработката во сферата на одбраната и безбедноста, економијата, образованието и регионалниот развој.

„И нашата држава, но и вашата држава имаат многу да добијат од тој процес. Имаме најпозитивни намери да соработуваме во областа на одбраната и безбедноста, економијата и образованието“, рече министерот.

Осврнувајќи се на сопственото академско искуство, Муцунски потсети дека како универзитетски професор учествувал на бројни меѓународни конференции, вклучително и во Софија, и додаде дека поделбите што се создадоа во последните години не ја одразуваат реалната потреба на граѓаните од двете земји за соработка и разбирање.

„Она што е значајно е да имаме поглед кон иднината, а не да останеме заробени во прашања од минатото. Прашања поврзани со идентитетот, историјата и јазикот, бидејќи имаме иднина која треба да нѐ обедини“, порача Муцунски.

Тој нагласи дека секое идно унапредување на односите треба да биде засновано врз взаемна доверба, почитување и искрена соработка меѓу двете соседни држави.

„Треба да функционираме во систем кој ќе значи меѓусебна доверба“, истакна министерот.

Изјавата на Муцунски доаѓа во период кога прашањата поврзани со европската интеграција на Македонија и билатералните односи со Бугарија повторно се наоѓаат во фокусот на регионалната политичка јавност.

Најново од: На прво место

Инженерско чудо на Коридор 8: Возовите од Скопје до Софија ќе сообраќаат со брзина до 120 километри на час

По три децении застој, изградбата на делницата Белјаковце – Крива Паланка влегува во најинтензивната фаза, со 29 мостови, 15 тунели и инвестиција вредна стотици милиони евра.

Рибникот „Бабино“ – срцето на туристичката приказна до Железнец-Демирхисарско

Бабино е селото каде природата, свежата пастрмка, традицијата и гостопримството создаваат незаборавно доживување Во пазувите на Бигла Планина, покрај бистрите извори на Базерничка Река, рибникот и ресторанот „Бабино“ се вистински туристички бисер на Демирхисарско – место каде посетителите уживаат во свежа пастрмка, македонски специјалитети, недопрена природа и гостопримство што долго се памети. Постојат места кои […]

Што крие Ватикан за Македонија?

Што се крие зад дебелите ѕидови на Ватикан кога станува збор за Македонија? Дали меѓу милионите страници, ракописи, хроники и преписки се наоѓаат документи што сѐ уште не ја виделе светлината на денот? Дали таму постојат сведоштва што би можеле да раскажат поинаква приказна за античка Македонија, за раното христијанство или за улогата на Македонија […]

Шокантна вистина која со децении се крие: „Ако сакаш леб – стани Бугарин!“

Атанас Кирјаков Ова не е само фраза, ова бил суровиот услов за опстанок на илјадници македонски бегалци во Пиринот! Целата објава на Атанас Кирјаков активистот на ОМО „Илинден“ од Благоевград (Пиринска Македонија), За асимилацијата на македонските бегалци од Егејска и Вардарска Македонија преку бугарски пасоши, економски притисок и политичко обезличување. ЗА ПОЛИТИКАТА НА ДИСКРИМИНАЦИЈА ИЛИ […]

Шест автопати во исто време

Со динамика на изградба каква што државата одамна не памети, Владата отвора шест автопатски фронтови истовремено – темпо што СДС и Филипче можат само да го сонуваат. Македонија влегува во најголемиот инвестициски од независноста циклус во патната инфраструктура, со паралелна изградба на шест автопатски делници што треба да ја променат транспортната карта на државата. Македонија […]

Македонија е пред историска одлука – Чебрен и Галиште ќе ги градиме сами

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата е многу блиску до донесување одлука хидроенергетските проекти „Чебрен“ и „Галиште“ да се реализираат со домашни капацитети, без вклучување на странски концесионери или партнери. Според него, по повеќедецениските неуспешни обиди за избор на стратешки инвеститор, државата располага со доволно аргументи и анализи за самостојно да пристапи кон реализација на […]

Дали уцена го тера Филипче тврдоглаво да ја брани бугарската агенда?

Од промената на знамето, преку промената на името, па сѐ до уставните измени и отстапките во историските прашања – најголемите национални порази и отстапки во поновата македонска историја се случија токму во периодите кога СДС беше на власт. Денес, иако се во опозиција, од СДС повторно испраќаат пораки дека се подготвени на нови отстапки. Наместо […]

Горанците – заборавеното македонско население на Гора меѓу Косово, Албанија и Македонија

Народ што ја зачувал душата на Шар Планина Гора, планинската област на Шар Планина, со векови претставува простор каде се зачувале старите македонски говори, обичаи и традиции. Иако денес различни држави и идеологии се обидуваат да го присвојат нивниот идентитет, дел од научната и етнографската литература укажува на блиски врски меѓу Горанците и македонското етнокултурно […]

To top