На прво место

Илија Димовски : Македонија нема капацитет да прими бегалци од Авганистан

1talu1

1talu1Илија Димовски : Македонија нема капацитет да прими бегалци од Авганистан

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски го искажа својот став околу прифаќањето мигранти од Авганистан и тој наведе 6 главни причини зошто Македонија нема капацитет да прифати мигранти од Авганистан.

Неговиот став ви го пренесуваме во целост:

Разбираме, но има посилни и побогати од нас…
Разбираме, но не сме со капацитет…
Разбираме, но Македонија не може да прими бегалци…

Прво, Република Македонија во овие неколку години е држава без капацитет да ги пружа основните услуги и потреби на своите граѓаните.
Од тука, уште повеќе, не е способна да обезбеди основни услуги за други.
Македонија во овие години покажа дека не може да обезбеди и не е способна за:
– редовен образовен систем;
– справување со короната, вакцинација и здравствени капацитети;
– доволно лекови за ретките болести;
– противпожарен систем, возила и навремено гасење;
– издавање на свидетелства за завршено образование;
– издавање на лични документи, сообраќајни таблици и слично;
– вода за пиење за Тетово и неколку други помали градови;
– градски сообраќај (безбеден од пандемијата) во Скопје;
– нормален пат (без да искршиш возило) до Охрид, Прилеп или Битола;
– откуп на земјоделски производи по исплатлива цена;
– справување со урбана мафија во Скопје, Охрид, Струга,…
– заштита на Охрид во рамки на статусот на УНЕСКО;
– вработување на млади;
– собирање на ѓубре од градовите;
– обезбедување на чист и здрав воздух (увезува кокс);
– редовен железнички патнички сообраќај кон Кичево и Кочани;
и многу други примери…

Второ, во Авганистан работеа и водеа бизнис стотици и илјадници компании од другите посилни европски држави.
Би било фер да се направи анализа колки компании од Белгија, Австрија или Шпанија создавале работа и заработка во Авганистан и според тоа да се понесе и одговорноста за овие трагични луѓе…

Трето, Македонија беше трета држава, мерено по глава на жител, со број на војници ангажирани во Авганистан. Македонија го даде својот придонес максимално и професионално.
Време е да почека другите европски држави да покажат цивилизациска вредност спрема бегалците од Авганистан.

Четврто, никој во овој момент не може да даде потврда каков пример на граѓани бегаат од Авганистан.
Дали се обични цивили (како што власта ќе сака да претстави) или се припадници на другите екстремни политички фракции и милиции како што гледаме на меѓународните телевизиски канали, прави голема разлика за Македонија.
Оваа држава е држава која не се справува ниту со обичниот уличен криминал, кражби и ситна продажба на дрога, а камоли да има капацитет да се носи со екстремни милитанти организации.

Петто, Зоран Заев како Премиер, ниту Владата со доделен (дефиниран) мандат од Собранието нема легитимитет и основа за легалитет за да одлучи сам\и за ова прашање.
Оваа држава има Собрание како основен носител на правото на одлучување делегирано од граѓаните.

Шесто, меѓународната заедница е должна спрема Македонија, не Македонија спрема неа.

После сите отстапки кои ги направи Македонија во овие 30 години, а се однесуваа и на внатрешните и на надворешните односи, за возврат не доби ни онолку колку што заслужи.

Простете, но имаме право да сме ви лути за тоа.

https://lider.mk/makedonija-nema-kapacitet-da-primi-begalci-od-avganistan/

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top