Дијаспора

Блокадата на Изборниот законик најмногу ја погодува македонската дијаспора, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Најголема штета од блокирањето на Изборниот законик од страна на СДС, Левица и ДУИ нема да претрпи ВМРО-ДПМНЕ, туку македонските граѓани кои живеат надвор од државата, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Според него, со месеци се воделе разговори за усогласување на новото законско решение, со цел да се обезбеди поширок политички консензус и да се олесни остварувањето на избирачкото право на македонските иселеници.

Манасиевски оцени дека наместо договор, СДС, Левица и ДУИ го блокирале процесот и, како што рече, ги ставиле сопствените партиски интереси пред интересите на десетици илјади македонски граѓани кои живеат и работат надвор од државата.

Тој нагласи дека предложените измени требало да овозможат поедноставни и подостапни процедури за гласање на дијаспората, со што би се зајакнало учеството на иселениците во демократските процеси.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека ќе продолжат да се залагаат за донесување на нов Изборен законик и за решение што ќе им овозможи на македонските државјани во дијаспората полесно да го остваруваат своето уставно загарантирано право на глас.

Најново од: Дијаспора

Монографија посвета на претците на Стив Светле Стамевски (18)

Дел од монографијата „Светозар – Светле Стамевски“ од Славе Катин Делото „Стамевски“ е значајна и по многу нешта единствена монографија од овој вид и претставува исцрпен осврт за вистината и за потеклото, животниот пат и постигнувањата на Светозар – Светле (Стив) Стамевски, истакнат македонски иселеник, сопартиец и личен пријател на претседателот на САД, Џорџ  Буш […]

КАРАКТЕРИСТИКА ЗA СЕМЕЈСТВОТО СТАМЕВЦИ БИЛА СЛОГАТА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СВЕТОЗАР – СВЕТЛЕ СТАМЕВСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН Во ова продолжение ќе  претставимедел од приказната за живот и судбина на таткото на Светле Стамевски, печалбарот газда Тврдомир (денес покоен), што ја слушнав и снимав при мојата пријателска  средба на семејството Стамевски во Детроит Ех, колку значи домашното воспитување. Она на родителите, на фамилијата. Тоа е […]

Гордана Димовска-Илинден ден за обединување

Македонците достојно го одбележаа Илинден во Мелбурн Во чест на големиот верски и национален празник Илинден, МЛД “Кочо Рацин” од Мелбурн зеде активно учество на два големи настани, Илинденски фестивал организиран од ФОМКУД во South Morang и Чествувањето на Илинден пред споменикот на Гоце Делечев – Epping, во организација на Македонската православна општина за Мелбурн […]

Вечерта на македонското наследство ја обедини заедницата во Форт Вејн

Форт Вејн, Индијана, 22 август 2026 година – Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја организираше Вечерта на македонското наследство на стадионот „Парквју филд“ во Форт Вејн. Настанот, за кој беа распродадени сите билети, ја покажа силата и значењето на заедничките собири посветени на македонската култура, традиција и наследство На настанот се собраа припадници на една од […]

Слогата во семејството – карактеристика за Стамевци (16)

Дел од монографијата „Светозар – Светле Стамевски“ од Славе Катин Во ова продолжение ќе  претставимедел од приказната за живот и судбина на таткото на Светле Стамевски, печалбарот газда Тврдомир (денес покоен), што ја слушнав и снимав при мојата пријателска  средба на семејството Стамевски во Детроит При мојата пријателска средба на семејството Стамевски во Детроит, меѓу другото, разговарав […]

Иван Трпоски: Илинден прославен во Сиднеј

Македонскиот верски и национален празник Илинден традиционално се одбележува на 2 август во сите градови и држави ширум светот каде што живеат и работат Македонци. Бидејќи Илинден е и национален и верски празник, Македонците најмасовно го одбележуваат во црковните храмови. Покрај богослужбите посветени на светиот пророк Илија, на свеченостите се говори за Илинденското востание од […]

Срдечна средба со Тврдомир Стамевски – татко и дедо (15)

Дел од монографијата „Светозар – Светле Стамевски“ од Славе Катин Во ова продолжение ќе претставам дел од приказната за живот и судбина на таткото на Светле Стамевски, печалбарот газда Тврдомир (денес покоен), кој беше вистинска легенда, столб на Стамевци, прекрасен соговорник, човек кој и долго и многу памтеше При мојата посета на семејството Стамевски се […]

Македонски фолклорен фестивал „Преспа“ ќе ги обедини Македонците од целиот свет во Пустец

На 20 август 2026 година, со почеток во 18:00 часот, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец ќе се одржи Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ – културна манифестација што ќе ги собере Македонците од Македонија, Албанија и дијаспората во чест на македонската традиција, песна и оро. Фестивалот ќе биде можност за промоција на богатото македонско културно наследство […]

To top