На прво место Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Македонска Нација

Македонска Нација

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска.

На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и претставници на институциите, како и членови на Еврејската заедница и Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија.

Меѓу бројните присутни беа и Македонци со потекло од Егејска Македонија, потомци на прогонетите деца, претставници на медиумите и други гости кои дојдоа да проследат едно силно сведоштво за трагичната судбина на илјадниците деца кои во годините на Граѓанската војна во Грција биле одвоени од своите родители, домови и родни огништа.

Филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ не претставуваат само историско навраќање кон едно тешко време. Во нив се испреплетуваат личната и семејната приказна на Петро Алексовски со колективната трагедија на прогонетите деца од Егејска Македонија.

Особено емотивни беа сведоштвата во филмот и изложбата за децата кои, на многу мала возраст, биле принудени да го напуштат родниот крај, без да знаат каде одат, колку долго ќе бидат далеку и дали повторно ќе ги видат своите мајки и татковци.

Во оваа трагична историска приказна посебно место има Полска, земјата која во едни од најтешките мигови им подала рака на прогонетите деца од Егејска Македонија. Таму за нив биле организирани згрижување, лекување и образование, а полските лекари, учители и воспитувачи покажале човечност и солидарност што остануваат запишани во сеќавањата на генерации Македонци.

Завет што стана сведоштво

Зад филмот и изложбата стои длабоко лична и семејна приказна.

Петро Алексовски го исполни заветот даден на својот татко и на својот брат – нивната приказна, но и приказната за судбината на илјадниците прогонети деца од Егејска Македонија, да не биде заборавена но да се ПАМЕТИ.

Токму затоа „Македонецот“ и „Мајко мила“ ја надминуваат рамката на еден културен настан. Тие се сведоштво за луѓето кои ги загубиле своите домови, за семејствата што биле разделени, за мајките кои останале без своите деца и за децата кои растеле далеку од родниот крај.

Присутните имаа можност преку филмот и фотографиите, документите, личните приказни и филмските сведоштва да се соочат со еден болен дел од македонската историја кој не смее да биде препуштен на заборавот.

ФХЕМ – дом на меморијата

Не случајно првата промоција се одржа во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија – место посветено на сеќавањето и на обврската трагедиите од минатото да не бидат заборавени.

Ова е дом на меморијата.

Место кое потсетува дека заборавот може да биде второ страдање за жртвата и дека наша човечка обврска е да го чуваме споменот на оние чии животи биле скршени од војните, прогоните и присилните разделби.

Големиот интерес и преполната сала покажаа дека приказната за прогонетите деца од Егејска Македонија сè уште живее – меѓу самите прогонети, во нивните семејства и потомци и во колективната меморија на македонскиот народ.

На 23 септември – втор дел од промоцијата
На 23 септември 2026 година, со почеток во 18:30 часот, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија ќе се одржи вториот дел од промоцијата на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“.

Оваа вечер е посветена пред сè на прогонетите Македонци од Егејска Македонија, нивните деца, наследници и членови на семејствата, но и на сите граѓани кои сакаат да ја слушнат и видат оваа човечка и историска приказна.

Тоа ќе биде можност на едно место да се сретнат сведоштвата на минатото и генерациите што ја наследиле обврската да го чуваат споменот.

Затоа што ова не е само историја. Ова се човечки судбини, семејни спомени и корени што не смеат да бидат заборавени.

Да се сеќаваме.

Да сведочиме.

И да не дозволиме заборавот да ја покрие вистината.

Да ПАМЕТИМЕ!

Најново од: На прво место Култура и туризам

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

To top