Коментари

Сè додека правосудството молчи, „Радио Милева“ најгласно зборува

Македонска Нација

Фактите сè уште се утврдуваат, но „Радио Милева“ веќе емитува најгласно.

Венко Филипче повторно ја пушти во употреба старата тактика на СДС: сите се виновни, само тој и неговата партија се „цвеќе за мирисање“.

Уште пред надлежните институции да ги завршат контролите, анализите и истрагата за загадувањето на водата во Гостивар, Филипче и СДС веќе ја напишаа пресудата – виновна е ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо вистинска грижа за гостиварци, јавноста добива шпекулации, сценарија и ширење страв. Додека институциите земаат примероци, вршат контроли, приведуваат осомничени и ја утврдуваат фактичката состојба, Филипче однапред обвинува, суди и пресудува.

Филипче треба јасно и со факти да каже каде точно ја гледа вината на ВМРО-ДПМНЕ за случајот со загадената вода во Гостивар.

Не помина толку многу време за граѓаните да заборават дека токму СДС беше дел од коалицијата што застана зад Валбон Лимани и му ја даде поддршката со која стана градоначалник. Ако денес се сомневаат во неговата одговорност, најнапред нека објаснат зошто го поддржале.

Дополнително, Лимани се огради од одговорноста со образложение дека со водоснабдувањето управува јавното комунално претпријатие и дека не гледа лична одговорност. Ако СДС го прифаќа тој став, тогаш мора да одговори на едноставното прашање: каде и врз основа на кои факти ја пронајде вината кај ВМРО-ДПМНЕ?

Очигледно, целта не е да се дознае вистината. Целта е да се создаде паника и политички да се нападне Владата.

Но токму Венко Филипче најмалку има право да држи лекции за здравството, одговорноста и заштитата на човечкиот живот.

Каде беше неговата одговорност во текот на седумгодишното владеење на СДС?

Не се заборавени катастрофалното справување со пандемијата, огромниот број починати граѓани, трагедијата во модуларната болница во Тетово, сомнежите околу набавките и провизиите, ниту предметите што со години остануваат заклучени во обвинителските фиоки.

Филипче денес се обидува секоја несреќа, секој проблем и секоја институционална постапка да ги претвори во партиска прес-конференција.

Наместо факти – конструкции. Наместо помош – паника. Наместо решенија – однапред определени виновници.

Здравјето на граѓаните не смее да биде политички реквизит на СДС.

Институциите мора професионално да ја завршат својата работа, а наодите и резултатите да бидат објавени транспарентно. Вината се утврдува со докази, а не со партиски соопштенија, политички нарачки и однапред подготвени пресуди.

СДС нема кредибилитет да суди сè додека правосудството молчи за предметите поврзани со неговото седумгодишно владеење.

Токму затоа Филипче секојдневно ја префрла вината врз актуелната власт. Целта е јавноста да биде затрупана со нови обвинувања, шпекулации и вештачки произведени афери, за да ги заборави старите прашања.

Но тие прашања не исчезнале.

Каде завршија милионите народни пари?

Кој одобрувал средства за проекти што никогаш не биле изградени?

Кој профитирал од набавките и договорите склучувани зад затворени врати?

Кој ги штител осомничените и зошто предметите со години останувале недопрени?

Јавноста заслужува одговори и за политичките процеси со кои беа погазени волјата, достоинството и националните интереси на македонскиот народ.

Дали, колку и од кого биле обезбедувани средства за промената на уставното име на државата?

Кој давал, а можеби и сè уште дава пари за промовирање на договорите со Бугарија и за внесување на Бугарите во македонскиот Устав?

Зошто сите отстапки, наместо да го отворат европскиот пат, донесоа нова блокада, нови уцени и нови понижувања?

Кој профитирал, а Македонија ја платила цената?

И кој, всушност, ги пишува секојдневните сценарија за настапите на СДС?

Кој одредува кога ќе има прес-конференција, која тема ќе се отвори и кој тој ден ќе биде прогласен за виновник?

Дали инструкциите доаѓаат од некоја јахта, од некој професор или од соседни центри кои со години се обидуваат да ја насочуваат политиката на СДС спротивно на интересите на Македонија?

Тоа се прашањата од кои Филипче бега.

Затоа „Радио Милева“ е пуштено на најгласно.

Затоа секој ден се приредува нова прес-конференција со истрошени обвинувања и однапред подготвено сценарио.

Време е Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да престане да биде нем набљудувач и конечно да почне да постапува.

Сè додека правосудството молчи, „Радио Милева“ ќе зборува најгласно.

Но ќе дојде ден кога Филипче и неговите сопартијци нема да поставуваат однапред напишани прашања.

Ќе мора да дадат одговори.

А тогаш „Радио Милева“ ќе остане без сигнал, без етер и без глас.

Најново од: Коментари

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

Зошто европските политичари водат „салама-тактика“ кон Македонија?

„Салама-тактика“ (германски: Salamitaktik) е политички израз за постепено постигнување на една поголема цел – не одеднаш, туку чекор по чекор, „парче по парче“. Секое поединечно барање изгледа како мала отстапка, но кога ќе се наредат сите отстапки, се гледа целината. Во македонскиот случај тоа може да се препознае во постојаното: „само уште ова“ – по […]

35 години независност – заслугата на дијаспората мора да остане запишана

Целта на оваа колумна не е да се намали или оспори нечиј придонес во создавањето на самостојна Република Македонија. Целта е историската слика да биде целосна и идните генерации да знаат дека македонската дијаспора со децении ја чуваше и ја застапуваше идејата за независна македонска држава. Кога одбележуваме 35 години независност, со право се потсетуваме […]

Меѓу вистината и лагата – како социјалните мрежи ја менуваат информацијата

Во време кога социјалните мрежи ја претворија информацијата во борба за кликови и внимание, сè потешко е да се разграничи вистината од манипулацијата, полувистината и лагата. Тоа сè почесто се случува на социјалните мрежи, каде што се наведуваат линкови за да ја видите целосната објава или ќе прочитате: „Информацијата е во коментар“. Така, во денешно […]

Да видиме од кога постои Грција и грчкото знаме.

Преку глава им е дојдено на Македонците како наводно Грција е лулка на демократија, најстара цивилизација а се друго – никој и ништо. Кога сакате кажете, пред илјада, две, реи или пет илјади години нијкогаш не постоело царство, држава миту клозет именуван со име Грција а уште помалку народ, етнос или група на двајца ненормални […]

СДС беше против родителскиот додаток, а денес бара повеќе пари за трето дете

СДС денес повикува на донесување закон за финансиска поддршка за трето дете како мерка за зголемување на наталитетот. Но јавноста не заборави дека партијата беше против тогашното законско решение за родителски додаток и со години ја критикуваше оваа демографска мерка. Кога СДС дојде на власт, во 2019 година го укина долгорочниот додаток за третото дете […]

За родољубните жени – воинките Македонки

Елизабета Чингарова Матевска, член на Претседателството на Родина Македонија Нашата неисцрпна енергија, љубов, заложба и решителност ги црпиме од нашето славно минато, од генот, воспитувањето и традицијата на нашите мајки, баби и прабаби – од прамајката Ма. Тие се олицетворение на богатата и бурна историја на големите македонски жени и воинки. Ангелина Маркус Ангелина Маркус […]

Македонецот единствено може да биде добар и искрен сосед, но никогаш Србин, Грк или Бугарин

Од Македонец не може да се направи Србин, Грк или Бугарин Благодарение на интернетот и на сè подостапните странски архиви, секојдневно се појавуваат документи, дипломатски извештаи, стари весници, книги и истражувања што ги откриваат размерите на туѓите пропаганди во Македонија. Со децении, а особено од втората половина на XIX век, Србија, Бугарија и Грција настојувале […]

To top