Коњаниците денес ќе присуствуваат на Света литургија во Бигорскиот манастир, по што ќе примат благослов за продолжување на коњичкиот марш кон Крушево.
Во манастирот ќе биде положена и традиционалната свечена заклетва, со која учесниците ќе ја потврдат својата верност кон Македонија и кон илинденскиот аманет.
Денешна маршрута – 27 јули 2026 година, понеделник
Во 10 часот ќе се одржат Светата литургија, благословот и свечената заклетва во Бигорскиот манастир.
Еден час подоцна коњаниците ќе тргнат кон Јанче, а потоа ќе го продолжат патот кон Галичник и бачилото Салтаница, каде што се очекува да пристигнат околу 20 часот.
Овогодишниот коњички марш е посветен на македонското единство и претставува повик до политичките партии, институциите и целиот македонски народ да се обединат околу најсветото наследство – Македонија.
Илинденците и асномците не се делеле според партии, функции и лични интереси. Нив ги обединувала една голема цел – слободна, самостојна и достоинствена македонска држава.
Нека секој удар на копитата биде повик за слога, единство и верност кон Македонија.
За кого? – За Македонија!
Никогаш Северна – само Македонија!