На прво место

Од Бигорски кон Мечкин Камен: Коњаниците го продолжуваат заветниот пат во чест на Илинден

По Светата литургија, благословот и свечената заклетва во Бигорскиот манастир, здружената коњаница тргна кон Јанче, а потоа преку Галичник ќе продолжи до бачилото Салтаница, носејќи ја пораката за единство, љубов кон Македонија и почит кон илинденскиот завет.

По Светата литургија, примениот благослов и свечената заклетва во Бигорскиот манастир, коњаниците го продолжија својот заветен пат кон Крушево. Нивната денешна маршрута води преку Јанче и Галичник, а вечерва, околу 20 часот, се очекува да пристигнат на бачилото Салтаница, каде што ќе го завршат вториот ден од патувањето.

Посебна вредност на оваа коњаница е тоа што и годинава ги обединува учесниците од различни краишта на Македонија. Иако доаѓаат од различни места, сите ги поврзува истата љубов кон татковината, истата почит кон Илинден и истиот завет – жртвата на македонските илинденци никогаш да не биде заборавена.

Годинашниот коњички марш е посветен на македонското единство. Тој претставува искрен и силен повик до политичките партии, државните институции и до целиот македонски народ да се обединат околу она што е најсвето и што им припаѓа на сите поколенија – Македонија.

Илинденците и асномците ги обединуваше една голема и возвишена идеја – создавање слободна, достоинствена и самостојна Македонија. Пред таа идеја ги надминуваа поделбите, личните интереси и разликите, знаејќи дека само обединети можат да ја извојуваат слободата за која сонуваа генерации Македонци.

Тој свет аманет ни го оставија нам, а наша должност е да го чуваме, да го продолжиме и достоинствено да им го предадеме на идните поколенија. Македонија е поголема од секоја партиска, политичка и лична поделба. Таа е нашиот заеднички дом, нашата историја, нашата сегашност и нашата иднина.

Со Божја помош, коњаниците ќе стигнат до Мечкин Камен, каде што достоинствено ќе им се поклонат на хероите од Илинденското востание и ќе го продолжат аманетот што ни го оставија нивните предци.

Нека Свети Јован Крстител биде нивен молитвен застапник и заштитник на секој чекор од овој благословен пат.

И додека коњите чекорат по македонските планински патишта, со секој удар на нивните копита нека одекнува еден единствен глас:

За кого? – За Македонија!

Најново од: На прво место

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

Македонското знаме се развеа во срцето на Њујорк за 35 години независност

Македонците во Њујорк заедно ја одбележаа 35-годишнината од независноста на Македонија со свечено подигнување на македонското знаме. Во организација на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), церемонијата се одржа на 26 септември во финансискиот центар на Њујорк, кај познатиот споменик „Разјарениот бик“. И покрај лошото време и најавите за бура, на собирот дојдоа десетици Македонци. „Со овој […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во време на СДСМ имало коленичење и виткање кичма

Македонија е подготвена да разговара со Бугарија сè додека не се најде заеднички прифатливо решение, но во разговорите треба да биде вклучена и Европската Унија, изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МРТ од Њујорк. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата ја користи секоја можност пред меѓународните партнери да ги претстави аргументите и позициите на […]

За службената должност земаат плата, а за рекет затвор

Институциите треба да ги откриваат ваквите дела, а граѓаните да се охрабрат да ги пријавуваат, за секој што работи во јавна служба да запомни дека зема плата за чесно да ја врши својата работа, а не да бара рекет. Пуста навика: за сè и сешто да се побара нешто. Макар и малку, само да се […]

Мицкоски се сретна со Гутереш и се потпиша во Книгата на почесни гости на ОН

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во рамките на учеството на 81. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк. При посетата на седиштето на светската организација, тој се потпиша и во Книгата на почесни гости. „Особена чест беше да се потпишам во Книгата на почесни гости на […]

To top