На прво место

Гостиварци ќе се изначекаа за вода доколку се постапуваше како што предлага СДС

Во момент кога водата од чешмите е небезбедна, неопходна е брза реакција. Истовремено, сите детали за набавката треба да бидат јавно објавени за да нема простор за политички манипулации.

СДС има право да бара отчетност, но останува прашањето дали во ваква вонредна ситуација навистина очекувала граѓаните да чекаат да заврши тендерската постапка додека се соочуваат со недостиг од безбедна вода?.

Во услови на здравствена криза, кога граѓаните итно имаат потреба од безбедна вода за пиење, отворањето редовна тендерска постапка би можело дополнително да ја одолжи испораката. Во вакви околности, приоритет треба да биде навременото обезбедување вода за населението, со почитување на законските постапки предвидени за итни набавки.

СДС претходно обвини дека преку Службата за општи и заеднички работи бил склучен договор вреден околу 100.000 евра со компанијата „Кожувчанка“, без објавување јавен оглас. Според опозициската партија, станува збор за компанија во сопственост на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Владата ги демантира обвинувањата на СДС за набавката на вода за пиење наменета за жителите на Гостивар, каде што поради контаминација беше забранено користењето на водата од градскиот водовод.

Од Владата велат дека водата била набавена по цена од 12,5 денари за шише, наместо по редовната цена од околу 25 денари. Оттаму ги отфрлаат тврдењата дека набавката претставувала сомнителна деловна зделка.

Обвинувањата на СДС го отвораат и прашањето како самата партија би постапила доколку беше на власт во време на ваква криза. Ќе распишеше ли тендер за набавка на вода, а граѓаните ќе требаше да чекаат да се напијат вода дури откако ќе заврши целата тендерска постапка?

Дали СДС не добила информации од своите луѓе во Гостивар, кои исто така чекале да добијат пакети со чиста вода за пиење, или, пак, партиското раководство тајно обезбедувало вода само за своите раководни кадри во градот?

Зарем во СДС нема никој доволно разумен да ги посоветува пред да испраќаат вакви жални и истовремено смешни соопштенија?

Најново од: На прво место

Македонски фолклорен фестивал „Преспа“ ќе ги обедини Македонците од целиот свет во Пустец

На 20 август 2026 година, со почеток во 18:00 часот, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец ќе се одржи Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ – културна манифестација што ќе ги собере Македонците од Македонија, Албанија и дијаспората во чест на македонската традиција, песна и оро. Фестивалот ќе биде можност за промоција на богатото македонско културно наследство […]

Манасиевски: Сè што говори талогот од СДС е спротивно на вистината

Талогот од СДС со ниту еден пакет вода не им помогна на гостиварчани, а сега безобразно лаже додека Владата обезбедува бесплатна вода за жителите на Гостивар, изјави Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Колку злоба и неискреност има во СДС, кога дрско се обидува да прикаже дека постојат некакви бизнис-интереси со водата што Владата бесплатно им ја дели […]

МНР: Нема отстапки од националните интереси, идентитетот, јазикот и историјата

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги отфрли како невистинити тврдењата на СДС за постоење таен договор или тајни преговори, нагласувајќи дека Владата останува доследна на утврдените државни позиции и нема да прифати отстапки од македонските национални интереси, идентитетот, јазикот и историјата. „Денешната прес-конференција на СДС е уште еден обид за создавање хистерија и […]

Македонски историски календар: 5 август

На 5 август низ македонската историја се забележани значајни настани од револуционерната борба, државноста, книжевноста и културата. 1898 – Уапсени Кирил Прличев и Христо Узунов Во Охрид биле уапсени македонските револуционери Кирил Прличев и Христо Узунов поради нивната дејност во Македонската револуционерна организација. Прличев, син на големиот преродбеник Григор Прличев, подоцна станал истакнат деец и […]

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија

Албанското Министерство за внатрешни работи ги прогласило за непожелни лица Валон Беља и Бекир Халими, двајцата државјани на Македонија, објави „Топ Ченел“. Одлуката била донесена по предлог на единицата за борба против тероризмот при албанската полиција, поради сомневања за активности насочени против интересите и безбедноста на албанската држава. Предлогот потоа бил потврден од Министерството за […]

Македонија е лидер во регионот – патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9 отсто

Македонија станува сè попривлечна туристичка и транспортна дестинација, а аеродромите во Скопје и Охрид го забележаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, истакна Стојаноски. Според податоците на ACI Europe, патничкиот сообраќај во Македонија пораснал за 27,9 отсто, со што земјата се најде на првото место меѓу државите што не се членки […]

Дрвошанов: Владата обезбеди стабилно функционирање на енергетскиот систем

Со конкретни мерки, нови инфраструктурни проекти и модернизација на пазарот на електрична енергија, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја зајакнува енергетската сигурност на Македонија, истакна пратеникот Жан Дрвошанов. За само две години Владата успеа да ја зачува сигурноста во снабдувањето со енергенси, да обезбеди едни од најниските цени на горивата во регионот, да спроведе значајни инфраструктурни […]

Македонски историски календар: 4 август – херојските битки на илинденците и прогонот на Македонците

На 4 август се навршуваат годишнини од значајни настани во македонската историја. Денот е запаметен по херојските борби на македонските востаници во Кичевско и Костурско во 1903 година, по воспоставувањето на диктатурата на Јоанис Метаксас во Грција и по смртта на македонскиот национален деец Сократ Маркилов. Битката кај Ѓурѓејца во Кичевско На 4 август 1903 […]

Најнови вести

To top