На прво место Дијаспора

Македонски фолклорен фестивал „Преспа“ ќе ги обедини Македонците од целиот свет во Пустец

На 20 август 2026 година, со почеток во 18:00 часот, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец ќе се одржи Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ – културна манифестација што ќе ги собере Македонците од Македонија, Албанија и дијаспората во чест на македонската традиција, песна и оро.

Фестивалот ќе биде можност за промоција на богатото македонско културно наследство преку настапи на фолклорни ансамбли, изведба на изворни песни и народни ора од сите краеви на Македонија. Организаторите најавуваат вечер исполнета со музика, традиционални носии и силна порака за зачувување на македонскиот национален идентитет.

Под мотото „Македонија обединува! Фолклорот ги чува корените, традицијата ја гради иднината“, фестивалот има за цел да ги зацврсти врските меѓу Македонците ширум светот и да ја пренесе љубовта кон македонската култура на помладите генерации.

Покровител на манифестацијата е претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски.

Организаторите упатуваат отворена покана до сите љубители на македонскиот фолклор да бидат дел од оваа свеченост, која ќе ја претвори Преспа во место на заедништво, традиција и македонски дух.

Најново од: На прво место Дијаспора

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Сотирис Минас – Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Понекогаш силното сведоштво за еден народ доаѓа и од човек кој не му припаѓа по раѓање, но решил да го запознае, да го научи неговиот јазик и без предрасуди да ја побара вистината. Таков е грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – човек кој самиот го научил македонскиот јазик и преку поезијата гради мост меѓу […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

Антимакедонски хушкачи

Главна слика е по избор на мн.мк Симптоматично, ама истава оваа екипа во пауза oд лаење по прославата на независноста ќе ја видите како ги оправдува небулозните и садистички решенија за прекин на мега-аферите Мазут и Модуларната болница, та ќе ги чуете како оваа Власт била антиевропска и изолирана, па нема-нема ќе дадат некој инфантилен […]

ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ, МОЈАТА ЗЕМЈА СЕ ВИКА МАКЕДОНИЈА,… СИЛНА ПОРАКА НА ВЛАДИКАТА ПЕТАР

Јас сум Македонец. Мојата земја се вика Македонија. Мојата Црква се вика Македонска православна црква. Мојата нација е македонска нација. Овие силни зборови, изговорени од Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар на Алфа телевизија, нека одекнат во секој македонски дом – во Република Македонија, Пиринска и Егејска Македонија, во Мала Преспа и Гора, но и далеку од […]

Мицкоски од САД: Антимонот може да ја зголеми стратешката важност на Македонија и економскиот стандард

Премиерот Христијан Мицкоски, за време на посетата на Соединетите Американски Држави, го истакна потенцијалот на антимонот во Македонија, минерал кој има големо стратешко значење, особено за одбранбената индустрија. Според Мицкоски, реализацијата на проектот може да ја зголеми важноста на Македонија како партнер, но и да придонесе за економскиот развој и животниот стандард на граѓаните. „Антимон […]

16-veterani 22

Венко Филипче, чиракот на Заев, со кој го сменија името за провизии, зграда и стан во Дубаи, вели дека Македонија не е на продажба

Венко Филипче, чиракот на Зоран Заев, во обид да глуми патриот, поита да каже дека Македонија не е на продажба. Но, се прашуваме, каде беше Венко Филипче кога неговиот ментор Зоран Заев, со него во Владата, го менуваа името, прифатија ултиматуми од Бугарија и ги распродаваа државните интереси? Одговорот е многу едноставен. Како министер, Филипче […]

To top