На прво место

Амбасадорите на Вишеградската група со порака од Скопје: Македонија има сојузници на патот кон ЕУ

Во заедничкиот текст по повод 17 ноември, амбасадорите на Словачка, Чешка, Полска и Унгарија ја поврзуваат 35-годишнината од донесувањето на Уставот на независна Македонија со демократските промени во Централна Европа во 1989 година.

Словачка, Чешка, Полска и Унгарија остануваат поддржувачи на европската интеграција на Македонија и застапници на нејзиното членство во Европската Унија. Ова е пораката на амбасадорите на четирите земји од Вишеградската група (В4), упатена од Скопје во заеднички текст по повод 17 ноември.

За Централна Европа, 17 ноември 1989 година е еден од датумите што ги одбележаа демократските промени и крајот на поделбата на континентот со Железната завеса. Амбасадорите потсетуваат дека движењето „Солидарност“ во Полска го отвори патот за промени во регионот, а изградбата на демократски институции и воспоставувањето доверба меѓу соседите барале години реформи.

За Македонија, истиот датум има посебно значење. На 17 ноември 1991 година беше донесен Уставот на независна Република Македонија, со кој беа поставени темелите на нејзиниот уставен поредок. Според амбасадорите, двете годишнини потсетуваат на значењето на слободата, демократијата и правото на народите сами да ја одредуваат својата иднина.

Европа не е целосна без Западен Балкан

Амбасадорите оценуваат дека безбедноста и просперитетот на Централна Европа се тесно поврзани со стабилноста на Југоисточна Европа. Во тој контекст, тие го посочуваат членството на Македонија во ЕУ како заеднички стратешки интерес на земјата, Вишеградската група и Европа.

Во текстот се осврнуваат и на долгиот европски пат на Македонија, на пречките со кои се соочува и на заморот што го предизвикува долгото чекање. Посочуваат дека напредокот зависи од исполнувањето на договорените услови и дека реформите треба да донесат конкретни придобивки за граѓаните преку доследно владеење на правото, независно судство, модерна економија и повеќе можности за младите.

Четирите земји нудат да го споделат сопственото искуство со реформите и пристапувањето во ЕУ. Амбасадорите изразуваат почит за историските одлуки и жртвите што Македонија ги направи на евроатлантскиот пат и порачуваат дека нивните земји ќе продолжат да ја застапуваат нејзината европска перспектива во Брисел.

„Сакаме да ве увериме дека не сте сами на ова патување“, се наведува во заедничкиот текст.

Амбасадорите на Словачка, Чешка, Полска и Унгарија, доставен од Амбасадата на Република Словачка.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче и СДС за влезот на Алта банка

Филипче и СДС се во политички ќорсокак, фактите и документите за Алта Банка ги демаскираа лагите затоа сега се кријат и бегаат од одговори Кога фактите и документите за Алта банка излегоа на површина Филипче и СДС се кријат и бегаат од одговорност. Откако со месеци ја користеа Алта банка за ширење политичка паника, Филипче […]

Вајц ја гледа Македонија меѓу предводниците во преговорите со ЕУ

Во обраќањето пред Собранието, европратеникот ја нагласи важноста на доследната примена на законите за привлекување инвестиции и на изборот на стручни кадри за враќање на довербата во институциите. Томас Вајц, Македонија, Европска Унија, пристапни преговори, блокади од Бугарија, владеење на правото, парламентарен надзор, борба против корупцијата, избор на раководни кадри, доверба во институциите Македонија, со […]

Мицкоски од Брисел – проширувањето на ЕУ мора да се темели на заслуги, реформи и резултати

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брисел порача дека проширувањето на Европската Унија треба да се темели на заслугите на земјите кандидати, на спроведените реформи и на конкретните резултати. Тој се обрати на Форумот за проширување на ЕУ („EU Enlargement Forum 2026“), во организација на Европската комисија. Мицкоски истакна дека Македонија е посветена на спроведувањето на […]

До кога ќе бидат исклучени микрофоните на Бихаќка?

На Бихаќка, по неколку месеци силен тон за Алта банка, микрофоните одеднаш стивнаа. Штета, токму кога публиката почна да поставува прашања. А првото беше сосема едноставно. Кој прв ја отворил вратата за Давор Мацура да купи акции во Македонија? Според Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, одговорот води до времето кога СДС беше на власт. Ако е така, […]

Политичари пазарџии

Реформаторската иницијатива „12:05“ во СДС во денешното соопштение упати остра критика за измените на Кривичниот законик донесени во 2023 година, кога партијата беше на власт. Според иницијативата, со тие измени се отвори пат за побрзо застарување на предметите за политичка корупција. „Нема никаква дилема дека со скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023-та дел од […]

Вистината е како шило – понекогаш доцни, но секогаш излегува на површина

Доказ за „демократијата“ во Бугарија, членка на ЕУ? Во аудиоснимките што ги објави бугарскиот новинар Станислав Цанов, Ива Михаилова зборува за притисок од бугарската служба ДАНС и за закани дека ќе ѝ биде ускратена рехабилитацијата. Случајот на Ива Михаилова, кој дел од бугарските политичари и медиуми го претставуваа како пример за дискриминација во Македонија, сега […]

Ај ред се редат мале секојдневни црни сценарија на СДС

На „Ајде, ред се редат, мале“ човек прво ќе се сети на кочанските сејмени. По прес-конференциите на СДС, песната си доби и нов рефрен. Ајде, ред се редат мале, црните сценарија на СДС. Во СДС постојано предупредуваат дека буџетот е празен, празен ден во календарот за прес-конференции, пак тешко се наоѓа. Еднаш економијата е пред […]

Политиката на СДС се сведува на сеење страв кај граѓаните

Од најави за економски колапс и празен буџет до тврдења за договор за прием на мигранти, на прес-конференциите на СДС се повторува истата постапка. Најцрното сценарио се претставува како нешто што веќе се случува или е неизбежно. Кога станува збор за платата, пензијата или заштедата на едно семејство, вознемиреноста останува и по завршувањето на прес-конференцијата. […]

To top