Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска.

Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето.
Матеја Илиевска од АС Прилеп директно се пласираше во финалето, каде што ќе има можност да се избори за највисокото одличје.
Денеска, двете македонски боксерки влегуваат во рингот со една цел – освојување на златниот медал и достоинствено претставување на Македонија на меѓународната спортска сцена.
Нивниот успех е уште една потврда за потенцијалот на македонскиот женски бокс, но и поттик за младите генерации да се посветат на спортот.
Со срце, храброст, истрајност и шампионски дух до самиот крај!
Софија и Матеја, Македонија е со вас!
Напред кон златото!
Нека се вее македонското знаме во Загреб!
