На прво место

СДС повторно со црни сценарија, економските показатели ги демантираат

Додека СДС најавува поскапувања и шири страв меѓу граѓаните, инфлацијата се намали на 2,3 отсто, јавниот и државниот долг бележат пад, а цените на горивата во Македонија остануваат меѓу најниските во регионот.

Кога СДС нема што конкретно да им понуди на граѓаните, испраќа некого на прес-конференција за да шири страв, недоверба и апокалиптични сценарија.

Уште кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, од СДС тврдеа дека државата ќе банкротира. Кога тоа не се случи, најавуваа мигранти, драматични поскапувања и економски колапс. Речиси две години подоцна, ниту едно од тие предвидувања не се оствари.

Напротив, по долг период е забележано намалување на јавниот долг за 20 милиони евра, додека државниот долг е намален за 40 милиони евра. Тоа е најдобар одговор на тврдењата дека државата се движи кон банкрот.

И ценовните движења ја демантираат опозициската реторика. Цените на производите постојано се следат, а според податоците на Државниот завод за статистика за јули, годишната инфлација се намалила на 2,3 отсто. Тоа е значително пониско од периодот на владеењето на СДС, кога инфлацијата достигнуваше двоцифрени стапки и силно го погодуваше животниот стандард.

Сега СДС ја испрати Јованка Тренчевска да најавува нови поскапувања и повторно да внесува несигурност меѓу граѓаните. Но додека опозицијата зборува за ценовен удар, официјалните податоци и состојбата во маркетите покажуваат поинаква слика.

Во однос на горивата, треба да се има предвид дека нивните цени зависат од движењата на светските берзи. Сепак, благодарение на преземените владини мерки, Македонија и натаму има едни од најниските цени на горивата во регионот.

Ако СДС и Тренчевска имаат забелешки за цената и откупот на пиперката, одговорите можат да ги побараат и кај семејството Заеви, поврзувано со една од најголемите фабрики за производство на ајвар.

Наспроти постојаните црни сценарија на СДС, државата не банкротираше, туку јавниот и државниот долг се намалуваат. Инфлацијата падна на 2,3 отсто, а цените на горивата остануваат меѓу најниските во регионот.

Граѓаните не живеат од прес-конференции и политичко заплашување. Тие ги оценуваат резултатите, а бројките повторно покажуваат дека апокалиптичните предвидувања на СДС немаат допир со реалноста.

Најново од: На прво место

Мицкоски не бара алиби за избори – СДС бара алиби за да ги одбие

Пред нешто повеќе од две години, ВМРО-ДПМНЕ не се плашеше да излезе на избори и убедливо го порази СДС, преземајќи ја одговорноста за држава оставена во катастрофална состојба – презадолжена, оптоварена со криминал и корупција и врзана со штетни договори. СДС бара алиби за да не се соочи со граѓаните на предвремени избори Ако состојбата […]

Македонски историски календар – 25 август

25 август 1903 – Ослободена Невеска Во текот на Илинденското востание македонските востаници го нападнале и го ослободиле градот Невеска, тогашен административен центар во Леринско, во Егејскиот дел на Македонија. Ослободувањето на Невеска претставува еден од најзначајните воени успеси на македонските востаници. Акцијата покажала дека востаничките сили биле способни организирано да нападнат и привремено да […]

Муцунски во Израел: Нови можности за соработка во економијата, одбраната и сајбер-безбедноста

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари средба со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи и подготвеноста за нивно натамошно продлабочување. Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски се сретна со својот израелски колега Гидеон […]

За СДС владин авион е „несериозност“, а јахти и златни визи во Дубаи се сериозна работа?

СДС ја прогласува намерата на Владата да набави авион за потребите на државата за непотребен луксуз, но молчи пред јавните прашања за криминалите, корупциите,  марихуаната, државна лотарија, јахта, скап имот и златни визи во Дубаи поврзани со луѓе од неговото раководство,… Слично беше и за време на „Шарената револуција“, кога владиниот „мерцедес“ беше претставуван како […]

Зошто Филипче и СДС се плашат од предвремени избори?

Ако навистина веруваат дека Владата не работи и дека имаат подобри решенија, нека побараат избори и нека излезат пред граѓаните СДС и Венко Филипче секојдневно ја убедуваат јавноста дека Владата не работи, економијата стагнира, а Македонија не напредува на ниту едно поле. Но кога премиерот Христијан Мицкоски им понуди можност овие тврдења да ги проверат […]

Македонски историски календар – 22 август

На 22 август 1919 година било издадено полномоштво со кое Димитар Наумов бил овластен да ја претставува ВМРО на Париската мировна конференција. Македонските дејци настојувале пред претставниците на големите сили да го постават нерешеното македонско прашање и да предупредат на последиците од поделбата на Македонија. Нивните барања за почитување на правото на македонскиот народ на […]

Двојните стандарди на СДС: гласни за водата во Гостивар, неми за 14-те жртви во Тетово

Кога одговорноста треба да ја понесе некој од редовите на СДС, настапува молк. Кога постои можност вината да се префрли врз Владата, веднаш почнува секојдневна кампања со обвинувања и соопштенија Двојните стандарди на СДС најјасно се гледаат во нивниот однос кон две тешки трагедии што го потресоа полошкиот регион – пожарот во модуларната болница во […]

Големите сили против Илинденското Востание

На 21 август 1903 година, додека Илинденското востание сè уште траело, османлискиот амбасадор во Санкт Петербург ја известил Високата порта дека руската влада го поддржува преземањето строги мерки против македонските востаници. По добивањето на оваа вест, султанот Абдул Хамид II наредил на руската дипломатија да ѝ биде изразена благодарност за поддршката што ја дала во […]

To top