На прво место

Мицкоски не бара алиби за избори – СДС бара алиби за да ги одбие

Пред нешто повеќе од две години, ВМРО-ДПМНЕ не се плашеше да излезе на избори и убедливо го порази СДС, преземајќи ја одговорноста за држава оставена во катастрофална состојба – презадолжена, оптоварена со криминал и корупција и врзана со штетни договори.

СДС бара алиби за да не се соочи со граѓаните на предвремени избори

Ако состојбата во државата навистина е таква каква што ја прикажува Андреј Жерновски, тогаш СДС треба веднаш да побара предвремени парламентарни избори. Наместо тоа, партијата измислува сценарија и бара алиби за да го прикрие стравот од соочување со гласачите.

Андреј Жерновски тврди дека резултатите на Владата биле „нула“, дека Буџетот бил празен, дека парите биле украдени и дека Македонија се движела спротивно на европските интереси. Но ако СДС навистина верува во овие тешки обвинувања, зошто одбива да побара предвремени избори?

Во демократскиот свет опозицијата што тврди дека Владата е неуспешна, дека ја изгубила довербата и дека државата се движи во погрешна насока, бара избори. СДС, пак, го прави спротивното – секојдневно ја напаѓа Владата, а кога ќе му се понуди можност да се соочи со граѓаните, почнува да зборува за наводни сценарија, странски служби, алиби и заговори.

Жерновски вели дека Мицкоски „очајно бара алиби за избори“. Но за одржување избори не се потребни алиби, туку политичка храброст и подготвеност да се прифати волјата на народот. Ако СДС е убеден дека Владата нема резултати и дека граѓаните се незадоволни, тогаш предвремените избори би требало да бидат негова најголема шанса.

Наместо да ја прифати фрлената ракавица, СДС однапред создава оправдување за своето повлекување. Со приказните за „српски и руски служби“ се обидува да го пренасочи вниманието од едноставното прашање: дали партијата е подготвена своите тврдења да ги провери пред гласачите?

СДС не може истовремено да тврди дека Владата е без резултати, дека Буџетот е празен и дека мнозинството ја изгубило поддршката, а потоа да бега од избори. Тоа е политичка противречност што не може да се прикрие со прес-конференции и апокалиптични сценарија.

Доколку тврдењата на Жерновски се точни, СДС треба веднаш да побара распуштање на Собранието и предвремени парламентарни избори. Ако не е подготвен на тоа, тогаш неговите обвинувања служат само за создавање врева и ширење страв.

Вистината е едноставна: Мицкоски не бара алиби за избори – СДС бара алиби за да ги одбие. Партијата очигледно не се плаши од изборниот датум, туку од пресудата на граѓаните.

На избори последниот збор секогаш го има народот, а токму од тој збор СДС се плаши како ѓавол од темјан.

 

Најново од: На прво место

Македонски историски календар – 25 август

25 август 1903 – Ослободена Невеска Во текот на Илинденското востание македонските востаници го нападнале и го ослободиле градот Невеска, тогашен административен центар во Леринско, во Егејскиот дел на Македонија. Ослободувањето на Невеска претставува еден од најзначајните воени успеси на македонските востаници. Акцијата покажала дека востаничките сили биле способни организирано да нападнат и привремено да […]

СДС повторно со црни сценарија, економските показатели ги демантираат

Додека СДС најавува поскапувања и шири страв меѓу граѓаните, инфлацијата се намали на 2,3 отсто, јавниот и државниот долг бележат пад, а цените на горивата во Македонија остануваат меѓу најниските во регионот. Кога СДС нема што конкретно да им понуди на граѓаните, испраќа некого на прес-конференција за да шири страв, недоверба и апокалиптични сценарија. Уште […]

Муцунски во Израел: Нови можности за соработка во економијата, одбраната и сајбер-безбедноста

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари средба со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи и подготвеноста за нивно натамошно продлабочување. Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски се сретна со својот израелски колега Гидеон […]

За СДС владин авион е „несериозност“, а јахти и златни визи во Дубаи се сериозна работа?

СДС ја прогласува намерата на Владата да набави авион за потребите на државата за непотребен луксуз, но молчи пред јавните прашања за криминалите, корупциите,  марихуаната, државна лотарија, јахта, скап имот и златни визи во Дубаи поврзани со луѓе од неговото раководство,… Слично беше и за време на „Шарената револуција“, кога владиниот „мерцедес“ беше претставуван како […]

Зошто Филипче и СДС се плашат од предвремени избори?

Ако навистина веруваат дека Владата не работи и дека имаат подобри решенија, нека побараат избори и нека излезат пред граѓаните СДС и Венко Филипче секојдневно ја убедуваат јавноста дека Владата не работи, економијата стагнира, а Македонија не напредува на ниту едно поле. Но кога премиерот Христијан Мицкоски им понуди можност овие тврдења да ги проверат […]

Македонски историски календар – 22 август

На 22 август 1919 година било издадено полномоштво со кое Димитар Наумов бил овластен да ја претставува ВМРО на Париската мировна конференција. Македонските дејци настојувале пред претставниците на големите сили да го постават нерешеното македонско прашање и да предупредат на последиците од поделбата на Македонија. Нивните барања за почитување на правото на македонскиот народ на […]

Двојните стандарди на СДС: гласни за водата во Гостивар, неми за 14-те жртви во Тетово

Кога одговорноста треба да ја понесе некој од редовите на СДС, настапува молк. Кога постои можност вината да се префрли врз Владата, веднаш почнува секојдневна кампања со обвинувања и соопштенија Двојните стандарди на СДС најјасно се гледаат во нивниот однос кон две тешки трагедии што го потресоа полошкиот регион – пожарот во модуларната болница во […]

Големите сили против Илинденското Востание

На 21 август 1903 година, додека Илинденското востание сè уште траело, османлискиот амбасадор во Санкт Петербург ја известил Високата порта дека руската влада го поддржува преземањето строги мерки против македонските востаници. По добивањето на оваа вест, султанот Абдул Хамид II наредил на руската дипломатија да ѝ биде изразена благодарност за поддршката што ја дала во […]

To top