На прво место

Осум дена притвор за 39-годишник од Черкези поради закани кон премиерот Мицкоски

Осум дена притвор му е определен на 39-годишниот А.Д. од кумановското село Черкези, поради закани упатени преку социјалните мрежи кон премиерот Христијан Мицкоски. Според изјавата на премиерот, во објавените пораки имало тешки навреди, пцовки кон него и неговото семејство, како и закана дека ќе биде „колен на плоштад“.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за заканите дознал вчера и дека институциите веќе постапиле во рамките на своите надлежности.

„Јас дознав вчера за тие закани кои се напишани на социјалните медиуми, дека сум бил свиња и ќе ме колел на плоштад. Упатил пцовки кон мене и моето семејство. Јас сум сепак институција, кога не би бил ова, знам како се решаваат тие работи. Институциите си ги преземале своите надлежности и преку Министерството за внатрешни работи е обезбедено лицето и понатаму преку правосудниот систем ќе биде спроведено каде му е местото“, рече Мицкоски.

Случајот уште еднаш го отвора сериозното прашање за говорот и однесувањето на социјалните мрежи.

Критиката кон премиерот, Владата или кој било носител на јавна функција е легитимно право во едно демократско општество. Граѓаните имаат право да бидат незадоволни, да критикуваат и јавно да го искажуваат своето политичко несогласување.

Но, постои јасна граница меѓу политичката критика и заканата со насилство.

Закана дека некој ќе биде „колен на плоштад“, придружена со навреди и пцовки кон неговото семејство, не претставува политичка дебата ниту аргументирана критика. За тоа дали конкретните пораки претставуваат кривично дело и дали осомничениот е кривично одговорен треба да одлучат надлежните правосудни институции.

Особено загрижува фактот што социјалните мрежи сè почесто се користат како простор во кој дел од корисниците сметаат дека можат без последици да навредуваат, да се закануваат и да повикуваат на насилство.

Слободата на говорот е едно од темелните права на демократското општество, но таа не смее да биде претворена во алиби за закани по животот и безбедноста на луѓето.

Без разлика дали заканата е упатена кон премиер, министер, новинар, политички противник или обичен граѓанин, институциите имаат обврска да постапуваат согласно законите.

Во конкретниот случај, надлежните институции ја презеле постапката, а конечниот збор за евентуалната кривична одговорност на осомничениот ќе го има судот.

Политичките разлики се решаваат со аргументи, на избори и преку институциите. Заканите со насилство не смеат да станат дел од политичката и јавната комуникација во Македонија.

Најново од: На прво место

35 години од првиот Устав на независна Македонија

На 17 ноември 1991 година, Собранието го усвоил првиот Устав на независна Република Македонија со 92 гласа „за“ и 22 „против“. Со Уставот, донесен по референдумот за независност од 8 септември 1991 година, биле утврдени државното уредување, основните права и слободи на граѓаните и поделбата на власта на законодавна, извршна и судска. Референдумската одлука за […]

Амбасадорите на Вишеградската група со порака од Скопје: Македонија има сојузници на патот кон ЕУ

Во заедничкиот текст по повод 17 ноември, амбасадорите на Словачка, Чешка, Полска и Унгарија ја поврзуваат 35-годишнината од донесувањето на Уставот на независна Македонија со демократските промени во Централна Европа во 1989 година. Словачка, Чешка, Полска и Унгарија остануваат поддржувачи на европската интеграција на Македонија и застапници на нејзиното членство во Европската Унија. Ова е […]

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче и СДС за влезот на Алта банка

Филипче и СДС се во политички ќорсокак, фактите и документите за Алта Банка ги демаскираа лагите затоа сега се кријат и бегаат од одговори Кога фактите и документите за Алта банка излегоа на површина Филипче и СДС се кријат и бегаат од одговорност. Откако со месеци ја користеа Алта банка за ширење политичка паника, Филипче […]

Вајц ја гледа Македонија меѓу предводниците во преговорите со ЕУ

Во обраќањето пред Собранието, европратеникот ја нагласи важноста на доследната примена на законите за привлекување инвестиции и на изборот на стручни кадри за враќање на довербата во институциите. Томас Вајц, Македонија, Европска Унија, пристапни преговори, блокади од Бугарија, владеење на правото, парламентарен надзор, борба против корупцијата, избор на раководни кадри, доверба во институциите Македонија, со […]

Мицкоски од Брисел – проширувањето на ЕУ мора да се темели на заслуги, реформи и резултати

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брисел порача дека проширувањето на Европската Унија треба да се темели на заслугите на земјите кандидати, на спроведените реформи и на конкретните резултати. Тој се обрати на Форумот за проширување на ЕУ („EU Enlargement Forum 2026“), во организација на Европската комисија. Мицкоски истакна дека Македонија е посветена на спроведувањето на […]

До кога ќе бидат исклучени микрофоните на Бихаќка?

На Бихаќка, по неколку месеци силен тон за Алта банка, микрофоните одеднаш стивнаа. Штета, токму кога публиката почна да поставува прашања. А првото беше сосема едноставно. Кој прв ја отворил вратата за Давор Мацура да купи акции во Македонија? Според Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, одговорот води до времето кога СДС беше на власт. Ако е така, […]

Политичари пазарџии

Реформаторската иницијатива „12:05“ во СДС во денешното соопштение упати остра критика за измените на Кривичниот законик донесени во 2023 година, кога партијата беше на власт. Според иницијативата, со тие измени се отвори пат за побрзо застарување на предметите за политичка корупција. „Нема никаква дилема дека со скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023-та дел од […]

Вистината е како шило – понекогаш доцни, но секогаш излегува на површина

Доказ за „демократијата“ во Бугарија, членка на ЕУ? Во аудиоснимките што ги објави бугарскиот новинар Станислав Цанов, Ива Михаилова зборува за притисок од бугарската служба ДАНС и за закани дека ќе ѝ биде ускратена рехабилитацијата. Случајот на Ива Михаилова, кој дел од бугарските политичари и медиуми го претставуваа како пример за дискриминација во Македонија, сега […]

To top