Тема: Куманово

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

11 – ти Октомври

11 Октомври Од тешкиот покров на ропската ноќ се роди крик, се роди моќ. Во Прилеп град, под Маркови кули, се разбуди секој што ропство го куди. И Куманово во слободарска зора запали оган што надеж отвора. Пукна првата пушка, одекна глас: „Доста е ропство, дојде нашиот час!“ Не за туѓи круни, не за туѓи […]

Оддадена почит на Драган Богдановски – живот посветен на независна Македонија

Денес, на 97-годишнината од раѓањето на Драган Богдановски, членови на Извршниот комитет на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, членови на неговото семејство и почитувачи на неговиот лик и дело положија свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во Куманово. Со овој чин беше оддадена почит на еден од најзначајните дејци на македонската политичка емиграција, човек кој […]

Осум дена притвор за 39-годишник од Черкези поради закани кон премиерот Мицкоски

Осум дена притвор му е определен на 39-годишниот А.Д. од кумановското село Черкези, поради закани упатени преку социјалните мрежи кон премиерот Христијан Мицкоски. Според изјавата на премиерот, во објавените пораки имало тешки навреди, пцовки кон него и неговото семејство, како и закана дека ќе биде „колен на плоштад“. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за заканите […]

Мара Нацева

Мара Нацева – Анка е родена на 28 септември 1920 година во Куманово, а починала на 1 јули 2013 година во родниот град. Таа била истакната македонска револуционерка, комунистички деец, првоборец и учесничка во Народноослободителната борба. Како делегат учествувала на Првото заседание на АСНОМ, на кое биле поставени темелите на современата македонска држава. Тешките услови […]

Николоски: Македонија ќе има најдобри автопатишта во регионот

Вицепремиерот Александар Николоски изјави дека Македонија во следните години ќе има „најдобри автопатишта во регионот“, посочувајќи дека по речиси три децении недоволни инвестиции во патната инфраструктура, Владата работи на повеќе големи проекти истовремено. Македонија ќе има одлични автопатишта, би рекол, најдобри во регионот во следниве години како ќе ги завршуваме проектите, истакна Николоски во поткастот […]

To top