На прво место

Македонска Православна Црковна Општина -Св. Климент Охридски- Берлин

crkva-vo-berlin
crkva-vo-berlinДенес во организација на Македонската православна црковна општина „Св. Климент Охридски“ во Берлин, на „Осдорфер штрасе“ 16, во местото Лихтерфелде, со благослов на митрополитот на Европската Епархија, г. Пимен, беа поставени темелите на црковенот објект – Крштилница, што ќе биде составен дел на Македонската правослвна црква во Берлин.
Како што соопшти Амбасада на Република Македонија во Берлин, со чинот на осветувањето на земјиштето за изградба на црква купено пред две години и со поставувањето на темелите на придружниот објект, Македонците во Берлин го остваруваат својот долгогодишен сон да имаат свој сопствен црковен објект, како место каде што ќе го негуваат својот македонски идентитет, култура и верски обичаи.
На свеченоста на која присуствуваа околу 1.000 Македонци од Берлин и од другите црковни општини од Германија и од Европа, како и многубројни Германци, пријатели на Македонија, се обрати амбасадорот Ѓорѓи Филипов.
Тој истакна дека Македонија во последните 10 дена со три крупни настани беше присутна во германската јавност. На 10 септември  годинава во Охрид на поранешниот германски претседател д-р Роман Херцог му беше доделено највиското  државно признание орденот „8-ми септември“ за неговиот придонес како член на Бадинтеровата комисија, давајќи позитивно мислење за меѓународното признавање на Република Македонија, а пред една недела, на покана на сојузниот германски претседател д-р Хорст Келер, во неколкудневна посета на Берлин престојуваше македонска делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов.

– Чинот на осветувањето на местото за изградба на Македонска црква и поставувањето камент-темелник на придужниот објект Крштилница, е исто така голем настан. Со ова почнаа да се реализираат долгогодишните заложби  на Македонците во Берлин, со заеднички сили и со разбирање да изградат сопствена црква, истакна Филипов кој им оддаде признание на митрополитот на Европската епархија, Пимен, на претседателот на МПЦО „Св.Климент Охридски“, Стојмир Костадиновски, на сите сегашни и поранешни членови на управните одбори, како и на сите Македонци кои живеат и работат во Берлин, кои со своите финансиски прилози, но и со многу верба и труд придонесоа за почнувањето на градежните работи за Македонска црква.

Да се навратиме малку во историјата, за да видиме дека оваа убава вест денеска  за сите Македонци од Германија, поточно од Берлин  , всушност е продолжение на една поранешна иницијатива, која гледаме како успешно се развива.

Во 1991 година, Македонците во Берлин меѓу првите во Германија основаа црковна општина, а зa патрон беше избран  Св. Климент Охридски, наш светител учител, просветител. Св. Климент Охридски, наш светител учител, просветител. Истата година беше  избран и Црковен одбор на чело со  г. M. Јаковлески.
-berlinmpco

На 12 Мај 1991 година, тогашниот Mитрополит Брегалнички, а сега Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, ја посети црковната општина во Хамбург. Македонците од Берлин го поканија да ги посети во Берлин и да ги поучи во словото на вистината. Митрополитот Стефан, како некогаш, светиот Апостол Павле во Троада, кој имал видение во кое видел пред него човек-Македонец, кој дошол да го покани Апостолот да ја посети Македонија и Македонците, ја прифати поканата и го посети Берлин.

На 17 Мај 1991 година во просториите на Македонскиот Клуб „Гоце Делчев“ се одржа основачко собрание и се одбра црковен одбор од 16 членови. Оттогаш, oдборот работи активно и веќе наредната година во ноември, Митрополитите Тимотеј и Стефан дојдоа во Берлин и го осветија Иконостасот, во преполнета црква од верници Македонци. Од тогашната глетка на присутните во црквата, може да се заклучи дека навистина не има доста, дури и повеќе од 4000 Македонци.

Од 1991 година до денес, богослужбите ги извршуваме во црква во Berlin – Wedding.

Во Јуни 2007 година сегашниот одбор на чело г. С. Костадиноски купи место за изградба на наша Македонска Православна Црква. Задачата на сегашниов одбор, како и на другите во иднина е да најди средства да го финанцира овој проект заедно со нашите браќа и сестри и да ги обедини сите Македонци на едно место. Денес во Берлин функционираат Црковната Општина „Св. Климент Охридски“ Берлин и фудбалскиот клуб „ФК Македонија 1970“. Ако имаме црква со помошни простории, тогаш сите активности би се одвивале на едно место.
Храмот Божји не е само место за Молитва, туку наше македонско катче за сите наши средби, разговори, свечености, празнувања…
Македонска нација

Најново од: На прво место

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На денешен ден, 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

Најнови вести

To top