Коментари

Додавката “Република” пред името Македонија е доволна отстапка

Со години наназад македонската јавност е оптоварена со наметнатиот проблем со името, кој полека се претвора во нешто за кое граѓаните не ни сакаат да разговараат. Одамна е општоприфатено сфаќањето дека државата не смее да потклекне пред обидите и на странски и на домашни фактори, за промена на името, кое патем ќе ја отвори и  пандорината кутија за нови и нови барања. Познат е притисокот врз сите досегашни влади во Македонија, а најмногу врз оваа на премиерот Груевски, за реализирање на целта земјава да биде обесправена во најбазичните сегменти од елементарните човекови права.

Но, се издржува некако на тој притисок, иако пречи кога некој домашен квазианалитичар или недоволно поткован политичар, рефлексно Ќе истресе серија небулози како треба кичми да виткаме, да попуштиме, да прифатиме име со географска одредница, притоа заборавајќи дека тоа не е крајната цел на грчката надворешна политика.

Илјадапати истите тие слушнале дека Грците се фокусираат на идентитетот, а името им е само параван за да дојдат до реализирање на таа цел, но како да не сакаат тоа да го сфатат или недоволно ги разбираат работите. Е, таквите заглавија во калта која самите ја создадоа и сега тешко се излегува од неа.

Едно нешто треба да се сфати. Премногу време помина, премногу работи се случија, за да може сега Македонија да прифати нереални барања на Грција. Ако го издржавме ембаргото кое ни го наметна, ако го издржавме притисокот кој го вршеа низ светот за да не не признаваат под уставното име, тогаш евентуална промена на позицијата на Македонија по прашањето на името Ќе значи тотален неуспех и фрлање во вода на се она што го постигнавме на меѓународен план.

Ако се разговара само за замена на референцата ФИРОМ, тогаш Грција треба да ја напушти иредентистичката идеологија дека не смее да постои македонски јазик, не смеат да постојат Македонци, затоа што тие биле Македонци. Но, за нив името е во втор план. Тие удираат на нешто посвето, јазикот, нацијата, традицијата…

Македонија веќе направи отстапка во поглед на името, кое е запишано во Уставот на државата. Имено, самата одредница “Република”, која стои пред името Македонија, значи додавка која е дел од Уставното име и која се разликува од термините Македонија во Грција и во Бугарија.

Со терминот “Република” точно се дефинирани границите на земјата. Грците нека го викаат окупираниот дел на Егејска Македонија, како грчка Македонија, што впрочем и го прават. А, со кое право, тоа е веќе друго прашање. Додавката “Република”  пред името не допушта иредентизам, за кој обвинува грчката власт, не допушта ниту територијални претензии на другите географски подрачја, кои етнички и припаѓаат на Македонија.

Ова е многу јасен доказ дека дури и со името Република Македонија, нашата држава прави отстапка во однос на Грција. Поранешните македонски влади свесно или несвесно го туркаа ова решение, заборавајЌи притоа дека терминот “Република” е само одредница која го објаснува моментното општествено уредување на македонската држава, кое не мора да биде трајно. Но, сега имаме поинаква ситуација. Поимот “Република” ние го користиме како додавка во нашето име, за да се одвоиме од другите два дела на Македонија.Ова треба јасно да му се потенцира на Нимиц и на грчките преговарачи.

Терминот “Република” пред името Македонија, на овој начин во многу аспекти би се разликувал од поимот “Република” пред имињата на Србија, Бугарија, Франција и други земји.

На пример, утре на некое натпреварување ќе бидеме запишани како Republic of Macedonia. За разлика од нас нема да стои Republic of Serbia, туку само Сerbia. Додавката Република во нашето име ќе не двои од другите републики.

На таков начин е решен ирскиот проблем. Денес постојат Северна Ирска и што е многу значајно за нас, постои Република Ирска. На Северна Ирска не и пречи додавката Република, бидејќи со тоа се прави дистинкција меѓу двете држави.

На истиот начин може да се реши и македонско-грчкиот спор, со што Грците би го прифатиле поимот “Република” како составен дел од името, а не како опис на уредувањето.

Дури во Обединетите нации некој може ќе не запише под буквата “Р”, а не под “М”. Можеби и македонскиот народ и македонската власт, а и нашите противници не се свесни дека повторно ние сме направиле отстапка, а не Грција.

Дали вреди да туркаме едно вакво решение ? Да не се сфатиме погрешно. Ова е само размислување кое не мора да биде точно, можеби е погрешно, но треба да постои како опција за размислување.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top