Историја

Смилевски конгрес

smilevski-kongres

smilevski-kongresСмилевскиот конгрес, како конгрес на Битолскиот округ, според решенијата донесени во Солун, требало дефинитивно да ја потврди одлуката за кревање востание. Во таа насока се развила остра дискусија, во која се јавила струја која сметала дека условите за сенароден бунт се уште не се созреани. На првиот ден од конгресот од излагањето на делегатите било утврдено дека Прилепскиот, Битолскиот, Кичевскиот и делови на други реони не се достатно подготвени. Најдобро подготвени биле Ресенскиот реон, Костурскиот, Демирхисарскиот, неколку села од Битолскиот реон, како што се Смилево, Ѓавато и Цапари, додека Охридскиот располагал само со 1.400 пушки. Меѓу делегатите се јавиле лица кои биле против востание во текот на таа година како што биле: Ѓорѓи Сугарев, Петар Ацев, Тале Христов, Никола Карев, Никола Петров Русински и други. Во една крајно напната атмосфера по повод острите расправии околу решението за востание, несогласувањата ги прекинал Даме Груев, кој како еден од основачите на ТМОРО и претставник на неговиот Централен комитет, уживал огромен авторитет. Според сеќавањата на Пандо Кљашев, тој рекол:

А бре луѓе, не губете си го времето да го решавате прашањето – ќе има ли востание или не, зашто тоа е решено – битти даваси! Говорете сега за востание, како да го направиме и кога, но не по ден и по време.

Во прилог за донесување на одлука за кревање на востание влијаеле и неколку настани. Конгресот преку Лука Ѓеров дознал за Солунските атентати. Како дополнителен аргумент послужил и Ѓурѓовденскиот масакр извршен на 6 мај во Битола, а во Цапари дошло до судир со османлиските сили. Тој ден Конгресот не заседавaл, бидејќи судирот можел да се прошири кон Смилево. Настаните во Цапари и Битола влијаеле психолошки врз оние делегати кои се колебале за востание.

На последното IV заседание Конгресот го усвоил Востаничкиот дисциплински устав кој бил изработен од Борис Сарафов и Димитар Дечев.

„Главен штаб за II-от Битолски револуционерен округ“

Конгресот уште од првото заседание започнал со донесување на одлуки за кревање на востание. Бил избран Главен штаб за II-от Битолски револуционерен округ, а тој требало да раководи со подготовките за востанието и со самото востание. За членови на Главниот штаб биле избрани: Даме Груев, Борис Сарафов и Атанас Лозанчев, а како нивни заменици биле избрани Георги Поп Христов, Петар Ацев и Лазар Поп Трајков. Членовите на ГШ биле избрани со јавно гласање, додека пак нивните заменици со тајно гласање.

Конгресот донел и непротоколарно решение, доколку пристигнат нови сили, како Ѓорче Петров, Пере Тошев и Христо Матов, тие по автоматизам да влезат во Штабот.

На Главниот штаб му биле пренесени сите овластувања за раководење на Востанието, да извршува воена и политичка власт и, со функции на воено-востаничка влада, да стапува во врска и да води преговори со дипломатските претставници и со владите на европските големи сили, како и посредни или директни преговори со непријателот, Владата на османлиската држава, или со нејзини ополномоштени претставници.

Главниот востанички штаб донел наредба горските началства да ги мобилизираат органите и телата на Организацијата да ја преземат власта во градовите и во селата. Окружното раководство во Битола формирало Информационо биро на Главниот штаб за извршување разузнавачки и информациски задачи.

„Конгрес на Петрова нива“

На 28 и 29 јуни 1903 година се одржал Конгрес на Одринскиот револуционерен округ во месноста Петрова нива. За претседател на Конгресот бил избран Васил Пасков, потпретседател Велко Думев, а за секретари: Христо Силјанов и Анастас Разбојников, а вкупно присуствувале 47 делегати. За време на овој Конгрес било разгледано прашањето за кревање на востание и тука биле поделени мислењата, но по одлуката на Смилевскиот конгрес на делегатите не им останало ништо друго освен да се донесе одлука за започнување на подготовки за кревање на востание. Избраниот Околиски штаб донел одлука востанието во Одринско да започне на 6 август (стар календар) на празникот Преображение Христово.

„Општ план за Илинденското востание“

Во јуни по барање на Централниот комитет бил изработен Општ план за востанието. Во него било истакнато дека во согласност со одлуките на Солунскиот конгрес и советувањата во Софија, треба да се води герилска борба. Четите требало да дејствуваат насекаде и во исто време, без да се крене народот. Целта не била да се победи Турција, туку таа да не може да ги победи востаниците. Востанието требало да биде послабо но долготрајно и борбата требала да се води до зимата, а повторно да се прогласи идната пролет. Востанието требало да почне кога ќе созреело житото и ќе се зголемела ноќта во јули 1903 година.

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top