Историја

Историски погледи за Илинденското востание

bugarski-pogledi

Во својата историја сите народи имаат свои јубилеи на настани и личности кои оставиле траги во нивниот историски развој. Стогодишнината од Илинденското востание е редок јубилеј за македонскиот народ, за Македонија како држава и за сите нејзини граѓани. Судбината на нашиот народ така се одвивала што токму Илинден 1903 година, кога се кренало ослободителното Илинденско востание, станал симболот на македонското опстојување. Илинден бил и е верски празник кој поради историските околности на кревањето на Илинденското востание стана семакедонски дух, симбол на непокорот, составен дел на неговата колективна свест создавана низ повеќевековната борба за слобода, и е многу повеќе од верски празник. Трагичниот крај на Илинденското востание, неговото задушување и неуспешно завршување, повеќе од кое било друго неуспешно востание, стана симбол на непокорот кој ги мотивираше генерациите во борбата за слобода и за создавање на сопствена држава.

Бугарски погледи

bugarski-pogledi

Карта на востаничките териториии во Македонија и Одринско од летото на 1903 година. Прикажани се Илинденскиот, Крстовденскиот, Преображенскиот и Родопскиот револти на ВМОРО во Османската империја, нарекувани најчесто во Бугарија со општото име Илинденско-Преображенско востание.

pismo

Писмо на Главниот штаб до бугарската влада од 9 септември, 1903 година со кое тој обрнал внимание на катастрофалните последици за бугарската нација, ако таа не си го исполни својот долг спрема своите еднородни браќа и да им се притекне на помош со војна.

Бугарската наука смета дека Илинденско востание било кренато поради инсистирањето на Иван Гарванов, непобитен Бугарин, кој како раководител на ВМОРО, во мај 1903 завршил во затвор поради Солунските атентати. Таа, врз основата на спомените на учесниците во востанието, прифаќа дека ВМОРО организирала едно општо востание во летото на 1903 година во Македонија и Одринско.

Востанието се одржало од неколку локални револти во одделни револуционерни окрузи на ВМОРО, каде што тие почнале со неколку недели разлика. Серијата бунтови започнала со Илинденскиот револт во Битолскиот револуционерен округ, продолжила со Преображенскиот револт во Одринскиот округ, а завршила со Петровденскиот револт во Серскиот револуционерен округ во есента истата година.

Бугарската наука го нарекува востанието Илинденско-Преображенско по името на двата најголеми револта. Ова мислење е поддржано и во „Историскиот речник на Република Македонија“, кој е најреферентен документ од овој тип во Европа, како и во аналогискиот „Историски речник на Бугарија“, каде востанието е посочено како едно општо. Истиот став е прифатен и од други најавторитетни светски истражувачи.

Според Христо Силјанов револуционер, историчар и деец на ВМОРО, учесник во востанието, тоа забележило врв во национално-ослободителната борба на македонските и тракиските Бугари во Отоманската империја. Задушувањето на востанието довело само во Источна Тракија до 30.000 бугарски бегалци, населени претежно во денешната Бургаска област. До избувнувањето на Балканските војни во 1912 – 1913 година, бројот на бегалското население во Бугарија по востанието бил околу 120.000 луѓе. По падот на комунизмот, Бугарија и` понудила на Република Македонија неколку пати, предлог за заедничко славење на востанието и неговите херои, но овие предлози не биле прифатени.

Најново од: Историја

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

Мајскиот манифест од 1924 година – повик за обединување и независна Македонија

Мајскиот манифест од 1924 година претставува еден од најзначајните политички документи во историјата на македонското ослободително движење. Во него јасно била поставена целта за обединување на распарчените делови на Македонија и создавање независна и самостојна македонска држава во нејзините природни, географски и етнографски граници. По Балканските војни и Букурешкиот договор од 1913 година, Македонија била […]

To top