Дијаспора

Поддржувачите на „Пучот“ со анти-македонски пропаганди и во соседните држави

janko-tomov

janko-tomov

Пишува: Јанко ТОМОВ

Додека СДСМ и градоначалникот на Општина  Центар, организираа референдум, за недозволување правење фасада на Градскиот Трговски Центар, која ќе се вклопи во сличен Барокен стил, како и останатите Скопски општествени згради, една група од познати поддржувачи на СДСМ-овиот Пуч, мислејќи дека референдумот ќе успее, а СДСМ и градоначалникот Жериновски ке прославуваат победа, се втурија во авантура  со лажни информирања на јавноста на соседните држави на Република Македонија. Меѓувремено, референдумот одржан во Центар пропадна, за кое се изразуваат срамно за СДСМ и Жериновски, нивни новинари, како што се Бранко Геровски и други, дека незрело го организирале  референдумот, кој требало да има 22.000 гласови, а кој едвај гласале 17.000.

Оваа група “грижници” на македонскиот народ, кога видоа дека македонската медија, специјално дневната, не организира прес-конференции за нивното “вистинско” чувство, за спас на животите на населението на Република Македонија, во случај да се разгори политичката криза и дојде до немили сцени, со нивната изрека : “Стравуваме од можноста брат да го нападне братот  и сосед соседот”, одржаа прес-конференции во Софија и Белград на 25 Април.о.г. Тоа беше и насловот во весникот”Нова Македонија” од 25 Април о.г.

Нивното планирање за нови прес-конференции, е  за во  Тирана, Албанија, Приштина, Косово и во Солун, Грција!? Главното образложение на оваа група било дека медиумите на Република македонија не им давала простор за да се изјаснат, за смената на сегашната влада, по која фрлаат ”дрва и камења”. Тоа е специјално во стилот на нивни  интензивни анти-владини и анти-македонски незаконски услови створени од  опозицијата – СДСМ,  специјално со дејствија од улица, вон институционалните тела на уставниот поредок на Македонија, што е нивна и  желба на странски служби за дестабилизација на Република Македонија. Тоа се потврдува и  се гледа и од средствата на милионерот Сорос, од САД, кој ги финансира невладините организации и медиуми, кои се  склони кон бившите комунисти и сегашни социјалисти, специјално преку организацијата на Милчин “Современо општество”, да го дестабилизираат уставниот поредок, како што тоа го сторија во Украина.  Со таа дестабилизација, да се смени уставното и национално име на Македонија и на македонците, за да сме се  зачлениле во ЕУ и НАТО!

Според мои евиденции, такви барања на опозицијата, која ги правеше најголемите проблеми во законодавниот дом-собранието, додека беше во него, како опозиција и уштре пожестоко кога, во миналите вонредни парламентарни избори доживеа уште еден пораз и не се врати во собранието, туку продолжи да врбува и ангажира делови на свое членство од институциите за излегување на улични демонстрации со антимакедонски барања, за пад на демократскиот уставен поредок на републиката, преку уцени со Пуч – насилен преврат на актуелната власт.

Апелирам до сите добронамерни патриоти од диаспората да не бидат пасивни и да не се плашат од закани, ако евентуално постојат, од поединци, да го подржат  премиерот Груевски и претседателот Иванов, како и спикерот- претседателот на собранието Вељановски, со свои статии и написи, преку своите врски преку и-маил адреси, Фејсбук, неделните Македонски весници и дневната Македонска медија и преку порталите на интернет.

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top