Дијаспора

Знаме со 16 крако сонце во музејот во Гетеборг

makedonsko-zname

makedonsko-znameМакедонското знаме со 16 крако сонце го краси спортскиот музеј во шведскиот град Гетеборг уште од 1997 година. Не е големо, туку закачено на мал јарбол и стои на видно место. Тоа е подарок на Томе Велјановски, од село Марул, кој живее 40 години во Шведска.

Тоа не е ништо необично за шведската култура, која ги негува подароците на своите граѓани, без разлика на верската или националната припадност и потекло. Но, асоцијацијата на грчките доселеници преку некои нивни членови усно побарала да се отстрани знамето, бидејќи сметале дека е грчки симбол, а не како што пишувало македонски. Управата на музејот го одбила барањето, бидејќи во правилниците на организацијата стоело дека подароците можат да се извадат и да не претставуваат експонати на музејската поставка, ако побара иклучиво донаторот. Така знамето со 16 крако сонце уште се вее во музејот во Гетеборг и претставува обележје на македонската древна историја. Покрај знамето, и во публикацијата на музејот е запишано дека знамето е подарок на Македонецот Томе Велјановски.

Во писмото до Зенит, тој пишува дека знамето го подарил пред речиси 20 години преку соодветната процедура, пропишана во правилниците на музејот, по објаснување на нашинецот Ѓоре Соколов, вработен во музејот.

– Како пријатели со исти македонски идеи, Соколов ме покани да го посетам музејот. Уште во разговорот прашав дали е можно да се подари некој наш македонски спомен на музејот. Одбрав да биде знамето со 16 крако сонце од Кутлеш на Филип и Александар Македонски. На директорот на музејот му ја пренесов накусо вистината за големиот војсководец, кој го покори половина свет пред околу 2300 години, му ги кажав фактите за потеклото на Александар Велики и тој респектирајќи ги аргументите со задоволство прифати знамето да стане дел од музејските подароци и експонати. Сегашните реакции на посетителите со грчки корени веќе се одбиени, бидејќи подароците можат да се повлечат назад и да се извадат само со дозвола на донаторите и никој друг. Така им било објаснето на грчките посетители кои сметале дека знамето е грчко обележје. Како и да е, тоа ќе стои во музејот додека не побарам, а јас тоа никогаш нема да го направам, зашто тоа е печат, белег, бајрак под кој гинеле многу древни Македонци при освојувањето на Стара Грција, средниот Исток до Персија… – кажува Велјановски, додавајќи нема да побара никогаш да се извади дека и вечно ќе стои во музејските простории. Дури ќе остави аманет на неговите потомци да ја почитуваат неговата волја.

Впрочем дека знамето е важен сведок на македонштината, како што вели Велјановски, потврдува и публикацијата на музејот во која точно стои содржината на донацијата, дарителот со адреса и датумот на подарувањето.

Македонска нација

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top