Дијаспора

ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ ВО СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј во својата истоимена Библиотека минатиот петок 8 февруари ги одржа своите традиционални Прличеви Беседи.

Со рецитирање на извадоци од поемата „Сердарот“ се отворија Беседите и присутните се присетија на златноносецот Прличев кој иако поткупуван, клеветен и омаловажуван не им подлегна на Атињаните, не си го продаде својот македонски јазик ниту својата душа – тој остана во Македонија да го предава по училиштата, припрема граматика и преведува на мајчиниот македонски јазик.

На Беседата присуствуваше долгогодишниот дописен член на Друштвото, поетесата Лилјана Стоилковска Андовска од Шведска која се престави со посветената песна на Прличев и Македонија, „По Беседата Прличева“.

Исто така поетите Иван Трпоски, Марија Александрова, Ванчо Саиловски, Перо Дамчевски – Коцин, Цане Ѓуровски и Душан Ристевски настапија со своја поезија посветена на Македонија.

Д.Р.

ПО БЕСЕДАТА ПРЛИЧЕВА

НЕ ПЛАЧИ, НЕ ЖАЛИ, МАЈКО НЕДО,

КРВАВИ СОЛЗИ НЕ РОНИ

СИН ТИ – ХЕРОЈ,

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО ОДМАЗДИ!

МАРИЈО, СЕСТРО БОЖЈА МИЛА 

ЗАР СОН ТИ НЕ СОНИ?

БЛАГОСЛОВИ ГИ СИТЕ ВЉУБЕНИ

СО ТВОЈАТА БОЖЈА СИЛА!

ПИСКОТНИЦИ СЕ СЛУШААТ 

ОД ГАЛИЧНИК НИЗ СВЕТОТ ЦЕЛ,

В БОЛКИ И В ЈАДОЈ СЕ ГУШАТ

ЗА СИНОВИТЕ, КУЗМАНОВИ СЛЕДБЕНИЦИ 

И ЗА КУЗМАНА -ХЕРОЈ МАКЕДОНСКИ СМЕЛ 

И ДЕН – ДЕНЕС   ЗА ПОДВИЗИТЕ

НИВНИ ХЕРОЈСКИ, СЕ СЛУША!

НЕДО, РАНЕТА ЛАВИЦА, БЕЗ РОЖБАТА ПРВА

ОСТАНИ СИЛНА ХЕРОИНА, МАКЕДОНСКА МИЛНА!

ДОСТА TАГУВАШ И БОЛЕДУВАШ ЗА ЕДИНОЦОТ ТВОЈ

СТАНИ ДА СЛУШНЕШ НЕГОДНИЦИ И ДЕНЕС ПОВТОР!

СЕПАК ОВА ВРЕМЕ Е ДРУГО, НОВО ВРЕМЕ,

СО ТЕШКИ ТОВАРИ И БРЕМЕ 

НЕПРИЈАТЕЛ НЕ СЕ ГЕГИТЕ, САМО

ТУКУ ПОЛОВИНА ОД СВЕТОВ, КЛЕТИ.

ГРИГОРЕ, СИТЕ БЛАГОДЕТ ГИ ОДБИ

ЗА ГРК ДА НЕ СТАНЕШ, ОДБРА!

НА НАРОДЕЦОТ СВОЈ ДА МУ СЛУЖИШ

СО КРВ, МЛАДОСТ И УМ, ПРОБА.

ИСТОРИЈА, САКААТ СЕГА НОВА,

НОВ НАРОД, ДРУГА НАЦИЈА ДА СКОВАТ

СО НОВ ЈАЗИК И НОВИ ЗАКОНИ

ЗА СИТЕ САМО ТЕШКИ ИНТРИГИ И ЗАКАНИ.

ДА НЕМА И ДА ОНЕМАТ ПИСКОТНИЦИ 

НАРОДЕЦОВ БЕЗ ЗЛА И КОБА ДО ВЕК ДА Е!

СЛАВА TЕБЕ, КУЗМАНЕ, НЕДО, И МАРИЈО

СЛАВА ТЕБЕ ГРИГОРЕ ПРЛИЧЕВУ!

Сиднеј, 8.02.2019

Лилјана Стоилковска Андовска

Најново од: Дијаспора

Крис Петровски – од Битола до Холивуд

Актерот со македонски корени ја продолжува филмската приказна на својот роден град и ги охрабрува младите да веруваат во сопствениот талент. Кога ќе се спомене Битола, првите асоцијации се Градот на конзулите, браќата Манаки, филмот, театарот и препознатливата боемска култура. Но, културното богатство на еден град не се мери само со неговото минато. Неговата вистинска […]

ВО АВСТРАЛИЈА ЖИВЕЕ УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНИЈА

Фиданка Танаскова   Во Скопје на 14 октомври промовирана антологијата со поезија „Илинден во нашите срца“ од членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј Промотор на антологијата на овој свечен чин во Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ на македонските поети од петтиот континент беше проф. д-р Виолета Ачкоска. Прекрасна октомвриско-роднокрајно-иселеничка промотивна вечер беше […]

Весникот „Македонија“ во Торонто – македонскиот збор далеку од татковината

На 15 октомври 1984 година во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Овој датум останува забележан во историјата на македонскиот иселенички печат и во настојувањата да се зачуваат јазикот, културата и врските со татковината. За Македонците што живееле илјадници километри од родниот крај, печатениот македонски збор имал особено […]

Академик Синиша Станковиќ – вљубеник во Охридското Езеро и Охрид

Животниот и развојниот пат на научникот од светски глас, биолог, еколог, револуционер и општественик, академикот проф. д-р Синиша Станковиќ, е тесно поврзан со изучувањето на Охридското Езеро, со Охрид и Македонија, со развојот на биолошките науки и со афирмацијата на научната мисла во македонското општество. Неговото име е поврзано и со постоењето и конституирањето на […]

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

To top