Дијаспора

На пописот во Австралија да се изјасниме како Македонци

Македонска Нација

Македонска Нација

Секој Македонец е важен: На пописот во Австралија да се изјасниме како Македонци

Македонската заедница се мобилизира пред пописот на 11 август: Целта е официјалната бројка да достигне најмалку 200.000 лица со македонско потекло

„Во графата за потекло напишете ‘македонско’, за земја на потекло ‘Македонија’, за јазикот што го зборувате дома ‘македонски’, а за религија наведете ‘македонско православие’“.

Со вакви апели деновиве бројни македонски организации, црковни општини, активисти и претставници на институциите им се обраќаат на Македонците во Австралија. Целта е на претстојниот попис јасно и недвосмислено да се покаже вистинската бројност на македонската заедница на овој континент.

Редовниот попис на населението во Австралија ќе се одржи во вторник, на 11 август 2026 година, а ќе го спроведе Австралиското биро за статистика. На пописната ноќ треба да бидат евидентирани сите лица што се наоѓаат во Австралија, вклучувајќи ги посетителите и лицата со привремени визи. Австралиското биро за статистика

Во пресрет на пребројувањето се засилува мобилизацијата меѓу припадниците на македонската заедница. Во активностите се вклучуваат бројни македонски здруженија и организации, двете австралиски епархии на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, истакнати активисти, како и Агенцијата за иселеништво.

Пораката е едноставна: секој што има македонско потекло треба слободно и гордо да го внесе тоа во пописниот образец. Особено е важно правилно да се наведат македонското потекло, Македонија како земја на потекло, македонскиот јазик како јазик што се зборува во домот и македонското православие како верска припадност.

Официјалните податоци од пописот во 2021 година покажаа дека во Австралија живеат 111.352 лица што се изјасниле дека имаат македонско потекло. Од нив, 66.173 навеле дека во својот дом го зборуваат македонскиот јазик. SBS на македонски јазик

Сепак, активистите и долгогодишните познавачи на состојбите во македонската дијаспора проценуваат дека вистинскиот број на лица со македонско потекло е значително поголем и дека може да достигнува до 300.000. Разликата меѓу официјалните резултати и процените се должи на повеќе причини: дел од Македонците не го наведуваат своето потекло, некои ја запишуваат само земјата во која се родени нивните предци, додека кај помладите поколенија понекогаш се губи врската со јазикот и националното наследство.

Затоа пописот на 11 август претставува многу повеќе од статистичка операција. Тој е можност македонската заедница да ја покаже својата вистинска бројност, присутност и организираност.

Точните податоци имаат практично значење. Од нив зависат видливоста на заедницата, поддршката за изучување на македонскиот јазик, културните програми, медиумските содржини, грижата за повозрасните лица и застапеноста на Македонците пред австралиските институции.

На пописот во 2026 година граѓаните првпат ќе можат да наведат до четири потекла, наместо досегашните две. Тоа им овозможува и на лицата од мешани бракови, како и на нивните потомци, да го запишат македонското потекло без да мора да се откажат од друг дел од семејното наследство.

Голем успех и силно охрабрување за целата македонска дијаспора би било доколку на претстојниот попис официјалниот број достигне најмалку 200.000 лица со македонско потекло. Но тоа може да се постигне само ако секој Македонец биде правилно евидентиран.

Пописниот образец не е место за премолчување на сопствените корени. Македонското име, јазик, вера и потекло се наследство што треба да им се пренесе и на идните поколенија.

Затоа, на 11 август:

Потекло – македонско.
Земја на потекло – Македонија.
Јазик во домот – македонски.
Религија – македонско православие.

Секој Македонец е важен. Секое изјаснување се брои. Македонија треба да биде запишана онаму каде што живее – во срцата, во домовите и во официјалните податоци.

 

Најново од: Дијаспора

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

Македонија и Македонците ширум светот, поврзани под едно сонце

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повикува Македонците ширум светот да се вклучат во „МК Конект“ – платформата на волонтери-дописници на Македонската радио-телевизија и Агенцијата за иселеништво. Платформата произлезе од меморандумот за заемна соработка меѓу двете институции, со цел посилно поврзување на македонските иселеници со татковината. ОМД со гордост ја поддржува иницијативата и го поздравува нејзиниот […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

„Повод“ – македонски глас од Сиднеј што ја поврзува дијаспората со татковината

Фиданка Танаскова Најновиот, 79. број на списанието на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија носи богат мозаик од книжевни осврти, културни настани и иселенички сведоштва, во служба на македонскиот јазик, култура и идентитет. Списанието „Повод“, едно од најреномираните македонски иселенички гласила во светот,  што го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, […]

„Т’га за југ“ — песна за секое македонско срце далеку од дома

„Т’га за југ“ од Константин Миладинов е длабоко лична исповед за копнежот по родниот крај. Во неа, далечината се чувствува како студ во душата, а споменот на татковината носи светлина и топлина. Наспроти мракот, маглите и мразовите стојат Охрид, Струга, езерото и родните предели — места во кои поетот чувствува дека припаѓа. Желбата да добие […]

To top