Досиеја

Архивско досие од 1978 година: СДБ собирала сознанија за Гојко и Мане Јаковлески во Берлин

Знам за кој човек станува збор и до ден-денес немам лошо мислење за него. Во тогашните околности морал нешто да каже, бидејќи во спротивно можела да му биде одземена патната исправа.

СЛУЖБЕНА БЕЛЕШКА

I – Разговорот со [ПРЕЦРТАНО] е обавен на 18:05.1978 год. во СМ „Ѓорче Петров“.

II – Целта на разговорот беше да се добијат сознанија за Гојко и Мане Јаковлески од Берлин, како и други сознанија во склоп на [ПРЕЦРТАНО].

III – Добиени сознанија: По занимање сум столар. Во 1972 година преку Заводот за вработување заминав на привремена работа во СР Германија. Во почетокот работев по струката во градот Порт Марингберг. По истекот на договорот отидов да работам во Западен Берлин, каде што беше мојот хххх ххххххх ххххххх. Пред да отидам во Берлин, брат ми работеше како келнер кај Гојко Јаковлевски. Но по некое недоразбирање со Гојко беше истеран и сега работи во друга фирма за одржување на ленти за снимање и ленти за машини за пишување. Јас работам како столар во фирмата „Ладенбау-Куплинг“ на изработка на излози за златарски работи.

Во Берлин се запознав со повеќе наши кои се на времена работа. Се знам и со Гојко и Мане Јаковлески. Посебно со Мане сум во добри пријателски односи и почесто се видуваме. Се познавам и со скоро сите фудбалери кои што играат за фудбалскиот клуб „Линден“ и тоа: Санде од Струмичко, Лојче, Живко-Жабата од Скопје, „Личното“ од Охридско, а повремено играат Гојко и Мане. Моментално не се сеќавам за имињата на останатите фудбалери но по моето враќање во Берлин ќе ви испратам список на сите со генералии.

Пред извесно време Гојко набавил дресови на кои имаше амблеми со карта на Македонија со трите дела Вардар, Егеј и Пирин. Но им забранија да настапуваат со нив.

Што се однесува до Гојко и Мане знаев дека имаат некои причини што неможеле да се вратат во СФРЈ но што и какви незнаев. Ги знам како големи патриоти и се мислев дека преку тој патриотизам и блискост со луѓето настојуваат да си створат услови за враќање во земјата. Јас по се изгледа ќе бидам отпуштен од работа бидејќи каснам и највероватно ќе одам да работам кај Гојко во кафеаната „Ново Скопје“ или на Мане во „Македонија“.

IV – [ПРЕЦРТАНО] сам се пријави за разговор од причина што имал намера да бара некаква помош поради што му е срушена куќа во изградба на новоселски пат во Ѓорче. Куќата ја почнал да ја гради без градежна дозвола а и купил земјиште кое е урбанизирано. Во разговор беше советуван од наша страна да покрене постапка против лицето од кое што го купил земјиштето, и да си поднесе молба за добивање на локација и градежна дозвола во СО Карпош во Скопје.

[ПРЕЦРТАНО] што се однесува за времето поминато во Берлин и неговите запазувања и контакти беше опширен во искажувањето. Му беше објаснета платформата на ДООМ – како и активноста на Гојко и Мане. По ова [ПРЕЦРТАНО] сам се понуди да ни презентира сознанија за Гојко и Мане како и други лица од нивна средина.

Поради неговата реална можност за презентирања на сознанија а која му се пружа со евентуалното вработување кај Гојко и Мане а посебно блискоста со Мане [ПРЕЦРТАНО] а ангажиран за соработка со СДБ при тоа му се дадени и одредени задачи. Контактите ќе бидат одржувани преку преписка а за поитни случаеви се јавува телефонски.

ДОСТАВЕНО ДО:

– Началник на УСДБ
– Началник на II сектор
– Началник на IV сектор

ИНСПЕКТОР,
[ПРЕЦРТАНО]

Најново од: Досиеја

Отпорот на македонскиот народ кон странските пропаганди

Во текот на XIX век Македонија била изложена на силно дејствување на пропагандите на соседните држави. Грчката, српската и бугарската пропаганда, потпирајќи се врз своите државни институции, цркви, училишта, дипломатски претставништва и различни друштва, настојувале да го прошират своето влијание меѓу македонското население и да создадат услови за остварување на своите територијални претензии кон Македонија. […]

Предавниците ја земале наградата – а останувале запаметени по срамот

Македонија имала многу непријатели однадвор, но нејзините најтешки рани честопати биле нанесувани тогаш кога непријателот добивал помош однатре. Внатрешните поделби, атентатите и одмаздите одзеле многу животи и ја ослабнале борбата за македонската слобода. По Балканските војни Македонија била поделена меѓу соседните држави, а македонското револуционерно движење влегло во еден од најтешките периоди од своето постоење. […]

Македонците се судрија со полицијата во Софија на 28 Maj 1934 g.

Дваесетмина повредени во првата јавна манифестација по воспоставувањето на диктатурата Безжична дописка до „Њујорк тајмс“ СОФИЈА, 28 мај. — Во првата јавна демонстрација по воспоставувањето на бугарската диктатура, дваесет Македонци денеска беа повредени во судир со коњичката полиција. Судирот се случи за време на годишното одбележување во чест на Македонците што загинале во текот на […]

Предавствата – една од најтешките рани во македонската историја

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“ Ова е еден од најмоќните цитати на Гоце Делчев. Во него јасно се […]

31 октомври 1982 – се појавува „ШТАЗИ“„Да се набљудува“

На 31 октомври 1982 година во источногерманската документација се појавува оперативно барање. На него стои: Jakovleski, Manojlo. Целта е јасна: „In der Zeit von Einreise bis Ausreise beobachten.“ Во времето од влегувањето до излегувањето – да се набљудува. Ова е еден од најважните документи во целата приказна. Тој покажува дека интересот на Штази кон Мане […]

Мане Јаковлески и Ресторанот „Ново Скопје“ под надзор на Штази во поделениот Берлин

Повеќе од три децении не знаев дека источногерманската тајна служба – Штази – собирала информации за мене, за моите движења и контакти, како и за рестораните „Ново Скопје“ и „Македонија“ во Западен Берлин. За тоа дознав дури во 2017 година, благодарение на мојот близок германски пријател Матија Дорнфелд, кој работеше во Министерството за надворешни работи […]

Предлог за пласирање информација во МНЕ и пошироко – обид преку интриги да се внесе раздор во ДООМ

Документ од Службата за државна безбедност од 1987 година открива разработен план преку Мане и Гојко Јаковлевски да се наруши угледот на Драган Богдановски во македонската емиграција и да се создадат недоверба и внатрешни поделби во круговите на македонското национално движење. Македонските безбедносни служби од своето формирање по Втората светска војна, па до осамостојувањето на […]

Киднапирањето на Драган Богдановски во Париз – операцијата на СДБ против претседателот на ДООМ

Во 1977 година, среде Париз, Драган Богдановски – претседател на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и еден од најактивните македонски политички емигранти – бил киднапиран и тајно пренесен во Југославија. Следувале 18 месеци изолација и истрага, судење зад затворени врати и пресуда од 13 години затвор. Документите од неговото досие откриваат до […]

To top