Историја

Александар ги поразува Тракијците, Трибалите и Гетите

tribes

tribes„Напролет тој (Александар) се упати кон Тракија, против Трибалите и Илирите; знаеше дека Илирите и Трибалите се воинствени, а бидејќи наедно му беа и соседи, не мислеше дека треба да ги остави пред да замине толку далеку од дома, без сосема да ги покори. Тракија, територијата на независните Тракијци, ја нападна почнувајќи од Амфипол…Тие (Тракијците, н.б.) го беа зазеле врвот Хајмос (денешна Стара Планина, н.б.) и беа подготвени да го попречат напредувањето на експедицијата… Беа собрале борбени коли… за да им послужат како утврдување за одбрана, ако бидат притиснати. Исто така, планираа…онаму каде што е најстрмна гората, да ги втурнат колите кон македонската фаланга….

…И се случи токму така, како што заповеда и предвиде Александар. Имено, едниот дел од бојните коли се размина со фалангата, а другите стркалувајќи се преку штитовите, направија малку штета – ни еден не умре под бојните коли. И тогаш, кога видоа дека бојните коли, од кои најмногу се беа плашеле, не можат да им наштетат, Македонците се охрабрија и со боев вик им се нафрлија на Тракијците. Александар пак запо-веда стрелците од десното крило да дојдат пред останатата фаланга од која ќе фрлаат стрели врз Тракијците при секој нивен напад. Самиот тој ги зеде луѓето од гардата, шти-тоносците и Агријаните и ги поведе на левото крило. Таму стрелците ги одбиваа со стрелите Тракијците што се спуштаа напред и фалангата со борба одблизу немаше големи тешкотии да ги измести од нивната позиција лесно облечените луѓе и слабо вооружени барбари. Меѓутоа, тие не го дочекаа Александар, кој напаѓаше од лево, туку го фрлија оружјето и фатија да бегаат кој кај може по планината. Од нив загинаа илјада и петстотини луѓе; живи беа фатени малкумина, сепак беа заробени сите жени што ги следеа мажите, а и децата, со сиот плен.

Александар го испрати пленот во приморските полиси…  самиот, пак, минувајќи преку врвот, се упати кон Хајмос кон Трибалите, и пристигна кај реката Лигин на растојание од три дена марш од Истар кон Хајмос. Сирмос, кралот на Трибалите… Кога се приближи Александар, на тој остров пребегаа и Тракијците, соседи на Трибалите, па и Самиот Сирмос заедно со неговата придружба; но многу Трибали избегаа назад кон ре-ката..

Кога слушна за нивното движење, тој (Александар, н.б.) се врати да ги нападне Трибалите, што ги најде веќе залогорени. Фатени на тесно, тие се распоредија вдолж клисурата на реката. А Александар ги нападна, распоредувајќи ја фалангата во длабо-ка формација…

Александар лично ја поведе против центарот на противникот фалангата од пешадинци и преостанатата коњица, што ја беше построил пред фалангата. Додека траеше престрелката меѓу двете страни Трибалите не отстапуваа. Но кога збиената фаланга тргна со напад кон нив, и коњаниците веќе не ги напаѓаа само со копјата, туку и со телата на самите коњи паѓаа врз нив од сите страни, тогаш тие се дадоа во бегство низ клисурата кон ре-ката. Три илјади беа загинале при бегството, а и преживеаните беа фатени малку, зашто пред реката имаше густа шума и ноќта што настапуваше им оневозможи Македонците јасно да ги гледаат и безбедно да ги следат. Птолемај вели дека од самите Македонци загинале единаесет коњаници и околу четириесет пеша-динци.

На третиот ден од таа битка Александар стаса до реката Истар, најголемата река во Европа, тука, на устието, Александар ги презеде бојните кораби, кои му беа пристигнале од Бизантион преку Понт Евксински за пловење по реката…Тој ги натовари со стрелци и со тешко вооружени пешадинци и се упатија кон островот, каде што беа избегале Трибалите и Траките…

Затоа Александар ги повлече трупите и реши да го премине Истар, за да ги нападне Гетите…

…А Гетите не го издржаа ни првиот напад на коњаниците, зашто ним им се стори неверојатна смелоста на Александар – толку лесно и за една ноќ да ја премине реката Истар, најголемата река, без да направи мост преку реката; а застрашувачка беше и згуснатоста на фалангата, силен – нападот на коњицата… Гетите повторно го напуштија лошо утврдениот град, качувајќи на коњите онолку деца и жени, колку што можеа да издржат на плеќите. Тогаш заминуваа што подалеку од реката кон пустината. Александар пак, го зазеде градот и сиот плен што го беа препууштиле Гетите…Откако го разурна градот, на брегот на Истар им принесе жртва на Севс Спасител, на Херакле и на самата река Истар…

Притоа кај Александар пристигнаа пратеници од другите автономни племиња крај Истар и од трибалскиот крал Сирмос. А дојдоа и од Келтите, што живеат во Јонскиот залив. Келтите беа крупни и горди едни на други, но сите изразија желба за при-јателство со Александар. На сите им даде и од сите прими покази на доверба… Тој ги именува како пријатели, склучи сојуз со нив и ги испрати дома…”

Аријан, Александровата Анабаса…, кн. И, предговор, И,стр 2-5;

Д-р Иван Алексов

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ од праисторијата до почетокот на 21 век- Скопје, 2007

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top