Историја

Во Македонија постои движење за обнова на Охридската Архиепископија во унија со римокатоличката црква

petko-slavejkov

ПЕТКО СЛАВЕЈКОВ ДО БУГАРСКИОТ ЕГЗАРХ: ВО МАКЕДОНИЈА ПОСТОИ ДВИЖЕЊЕ ЗА ОБНОВА НА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА ВО УНИЈА СО РИМОКАТОЛИЧКАТА ЦРКВА, ШТО ПОДРАЗБИРА НЕЗАВИСНО НАЦИОНАЛНО И ЦРКОВНО ОСЛОБОДУВАЊЕ

(Солун, февруари 1874 год.)

petko-slavejkov“Ваше Блажество,

Пред два дена испратив писмо по доверлив човек, во кое накратко Ви ја опишав положбата во Солун и во Македонија во врска со неразумното движење за обнова на Охридската архиепископија во унија со римокатоличката црква. По средбата со некои овдешни првенци, разбрав дека веќе насекаде се зборува за еден поширок план, а имено да се создаде унијатска црква во Македонија.

Според веродостојни извори, се чека само на хиротонијата на дедо Харитон за да се пристапи кон тоа дело. Додека не дојде благослов од Папата за прогласување на уни­­јат­с­ка Охридска архиепископија, владиците со своите епархии да бидат сос­та­вен дел на Уни­јатската црква со седиште во Одрин. Потоа, за охридски ар­хие­пис­­коп ќе биде назначен дедо Натанаил, за Пелагонсдката епархија дедо Пана­рет, за Де­бар­­ската  епархија јеромонахот Козам Пречистенски, за Солунската дедо Нил Из­воров, за Скопската дедо Доротеј. Другите епархии, за кои уште нема избрани кан­ди­дати, прив­ремено ќе се раководат од соседните архиереи. Дедо Нил ќе остане за вла­ди­ка во Солун, Кукуш и Воден. Отец Харитон, откако ќе биде ракоположен, ќе стане вла­дика во Серско и Мелничко. Дедо Дионисиј, како архимандрит, привремено ќе ја упра­ву­ва­ат Струмичката епархија.

Имам личен впечаток, Ваше Блаженство, деке никој тука не моли за вистинска уни­ја со Римокатоличката црква. Таа треба да биде средство за обнова на Ох­рид­с­ка­та архиепископија. Ова го чувствуваат и католичките средини и затоа не­ма­ат го­ле­ма доверба во луѓето со кои преговарааат. Затоа сметам дека не е доцна да се деј­ст­вува, да се премавне незадоволаството, кое понатаму може да се надвладее. По­­опас­но е унијатското движење во оние места каде што и порано од слични причини до­­аѓаше со Уни­ја. Предводи Кукуш, по него иде Дојран, сочувствуваат Струмица, Ма­ле­шево, Воден. По нив клинкааат солунските, серските, мелничките и драмските села. На­вистина таму нема силни раздвижувања на унијатската пропаганда, но таму ка-де што чади, ќе има и оган. Се очекува за епископ Нил издавање на берат, па огнот да плам­­не. Веднаш Пол­јан­ската епархија (Дојранската епархија, н.б.) ќе премине во Унија, кон неа ќе се при­со­единат Струмичката и Воденската епархија, а и многу села од Солун­с­­­ката, Драмската и серската и други епархии. Секако ќе се занишаат и другите маке­дон­с­­ки епаргхии, нај­напред Велешката, па Скопската и другите. Велешката епар­хија и така е незадоволна од својот владика Дамаскин, а притоа велешани, под­бу­дени од влас­то­љубие, и сметаат де­ка тие треба да ја управувааат јужна Македонија во цр­ковен пог­лед.

Причината за ваквата ситуација во цела Македонија е наполно јасна. Маке­дон­ските епар­­хии и градовите што веќе ги спомнав се мошне огорчени од теш­ката црковно-на­род­на положба во која се наоѓаат. За ширењето на идејата за об­нова  на Охридската ар­хи­е­пис­­копија врз унијатска основа помагаат и фран­цус­ките и австриските конзули, кои ве­ту­­ваат полна заштите пред турските власти и пред го­не­њата од Цариградската пат­ри­јар­­шија. Индиректно, за ширењето на Унијата во Ма­кедонија помагаат и Грците, кои оче­ку­ваат преку Унијата да слаб­нее Егзар­хи-ја-та и да побараат сојуз за ликви­ди­рање на ка­то­личката пропаганда во Ма­ке­до­ни-ја. Ова го заклучувам од водените разговори со грч­ки­от конзул во Солун. Тој ни нај­мал­ку не е загрижен од опасниоста за ширењето на Уни­ја­та во Македонија. Нап-ротив, Гр­­ција бара опора за својата стопанска и национална деј­ност во Македеонија. Според мис­­лењето на грчкиот конзул, овој дел на народот, кој не ќе ја прими Унијата, разочаран од Егзархијата, ќе остане под јурисдикција на Патри­јар­ши­јата.

Агентите и приврзаниците на унијата во разговорот што го водев не случајно спо­­ме­ну­ваат дека само преку Унијата може да се постигне разрешување на “Ма­ке­дон­­­­ското прашање”. За да ги искористат до крај нерасположението и огор­ченоста на народот против Егрзархијата, тие ги засилуваат обвиненијата про­тив Ег­зар­хи­ја­та. Тие зборуваат за македонското прашање врз црковна основа, но исто­вре­ме­но ги потхранувааат старите сепаратистички тенденции кај Маке­дон­ци­те, преку Уни­ја­та да се создаде една нова етничка област – во духот на Митхад-па­ши­ните кро­ежи. Како што во 1860 година римокатоличките агенти за Унијата беа из­работиле кул­турно-на­ционална програма за ослободување на бугарскиот народ од Пат­ри­јаршијата, така и сега тие се јавуваат со определена програма за духовно-на­ци­о­нал­но ос­ло­бо­ду­ва-ње на македонските епархии преку Унијата. Веќе и во кому­ни­кацискиот ја­зик на ма­ке­донските дејци се зборува  за “македонското движење”, под кое треба да се раз­бира независно национално и црковно ослободување. Тре­ба да посочам поц­вр­сто, Ваше Блаженство, дека тука има еден момент од важен по­литички ка-рак­тер, се­паратизмот се шири од црковна на поширока народносна ос­нова…”

С.  Димевски, Две писма на П. Р. Славејков…, стр.  561-566;

Документи за борбата на македонскиот народ, I, стр.221-223;                                                                   

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top