Историја

Македонско евангелие кое се чува во градот Ремс и служело за крунисување на француските кралеви

makedonsko-evangelie-1

makedonsko-evangelie-1

Македонското евангелие е едно од најстарите постоечки писмени споменици на пергамент и сведоштво за македонскиот јазик, писмо и православните религиозни практики, кое според некои извори потекнува од XI век.се чува во катедралата Нотр Дам во РЕМС источно од Париз. 

Оваа книга, од поранешните римски провинции (денес дел од таканаречена Франција), сметана е за света книга, подарена од обожествениот македонски народ на своите браќа Македонци во таа област, поврзани илјадници години со културниот центар на светот – Македонија.  

Низ долгата историја, Македонскиот народ дури од камениот период на Зета Македонија, ги пренесува најновите достигнувања во науката и писменоста од Македонија во таа област, како и низ Зета Македонија Европа и пошироко низ светот.   

Обожествениот македонски народ како божји народ, својата посветеност на Бог ја докажува со пренесеното писмо и знаење православно[1], пристигнато директно од Господ, со македонското евангелие напишано со божјта словарница Кирилица (или македонското писмо ЦУТНО) и Глаголицата создадена од македонскиот обожествен просветител Св. Кирил, со што уште еднаш се потврдува светоста на евангелието. Во име на таа светост, пред оваа света книга се крунисувале и давале заклетва десетина кралеви, идентификувајќи се со македонскиот народ како богови на земјата. Тоа се од Луј VIII 1223 г., Хенри III како и неколку негови наследници вклучувајќи го и Луи XIV.  
Евангелието се состои од 47 страници, од кои 16 се напишани на кирилица, а 31 на глаголица. Било богато украсена со злато, скапоцени камења и реликвии.  

Кога во 1717 година рускиот цар Петар Велики го посетува Ремс, тој забележува дека во евангелието има и страници запишани со кирилична азбука и со неговиот разбирлив јазик македонскиот. Од тогаш престанува употребата на евангелието за крунисување на кралеви во таа поранешна Римска провинција денес наречена Франција.   

Потеклото на евангелието е загадочно. Самите историски факти кои покажуваат дека словарниците кирилица и глаголица, нивниото потекло, темел и развој се наоѓаат длабоко во
древениот македонски јазик, со писмени докази уште од пред 400.000 години (факти наведени од книгата Зета Македонија), како и фактот дека центарот на писменоста бил Охрид, можеме со сигурност да кажеме дека и самото евангелие потекнува од Македонија.   

Според непотврдени извори, прв пат книгата била забележана во втората половина на 14.век, во времето на Шарл IV, кој ја подарил на тогаш основаниот манастир во Прага, каде литургијата се одржувала на македонски јазик, а црквата била посветена на светите Кирил и Методиј, Св. Војтех, Св. Прокопиј и Св. Јероним. Светиот Јероним познат како  Св. Жером, бил црковен отец, филозоф и лингвист роден во Стридон, на граница помеѓу римските провинции на Далмација и Панонија, кој ги превел или транскрибирал житијата од древен македонски на, во тоа време, современ македонски јазик.  

Трагата на Евангелието му се губи во Чешка во времето на Хуситските војни, кога манастирот бил изгорен во 1421 година а по некое време, некаде во 1451 г. се појавилo во Истанбул, каде се чувале и други книги од св. Јероним. Во 1574 г. евангелието било купено од Шарл, Кардинал на Лорен, од патријархот на Костантинопол, а потоа било донирано во Катедралата Ремс, каде бил вршен обредот на крунисување на француските кралеви.  За време на француската револуција ракописот и вредните орнаменти на корицата исчезнале се до 1830 година. Од тогаш се јавуваат и првите анализи, а ракописот предизвикува голем интерес меѓу македонскиот народ во денес ново формирани држави.Всушност тие новоформирани народи се нарекуваат со терминот Словени. Терминот Словени е неупотреблив  за одбележување на народ кој е македонски. (Подетална анализа прочитајте во делото „Зета Македонија”).  

Една од причините зошто овој текст се користел за давање заклетва и крунисување на обичните луѓе Македонци, тоа е што потекнува од божјиот македонски народ, кој го користи божјиот македонски јазик и божјите македонски словарници, преку кои пристига господовата круна со која му се подарува божја земја-територија, да владее како обожествен Македонец и бог на земјата на Македонците од таа римска провинција.     

Древномакедонскиот јазик, како и денешениот современ јазик е како ехо или одек на природата, со една мистично лингвистичка содржина, каде што таа е во хармонизација со формата на буквата. Нема ништо во природата, а кое што го нема во јазикот, писмото и формата на буквите. Древните две словарници (кирилица и латиница) со право може да се наречат МАКЕДОНСКИ ПИСМА НА ЦУТОТ, т.е. СЛОВА НА ПРОЛЕТТА, БИДЕЈЌИ СОНЧЕВИОТ ЗРАК Е ДУХ БОЖЈИ МАКЕДОН И КАКО ПРИЧИНА И ПОЧЕТНА ТОЧКА ПРИ ОФОРМУВАЊЕ НА СЛОВОТО ИМ ДАВА КАРАКТЕР НА ЦУТ ИЛИ НЕШТО ШТО дава ПЛОД, Т.Е ЗБОР. Светите кирилични букви (ЦУТНИ) претставуваат одек на природата.

simbol-na-pismoto

Симбол на писмото, пролетта, поезијата, љубовта, цвеќињата и убавината,  зачеток на живиот свет „ИС“. Симбол на науката, уметноста и македонската митологија.  Симбол на Зета Македонија, македонска цивилизација и историја на светот. Симбол за континуитетот на македонската култура до денес

И поради облиците на буквите од глаголицата во која се отсликува една цела филозофија на разбирање на космосот и светот, која од неа прави повеќе кодиран систем, отколку обична азбука. Токму таа негова мистичност направила Евангелието oд Македонија а чувано во Ремс да биде светата книга врз, која положувале рака идните владетели идентифукувајќи се со обожествените Македонци.

sv-kiril

Икона на Св. Кирил на рачно изработена хартија од сликарот Марија Сотировска-Богдановска.  Се чува во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Причините зошто се крунисуваат кралевите во Ремс, нивните потомци ги чувствуваат за огромен срамен чин.Тој срам, денес наречените Французи, како одродени Македонци, неможат да го издржат. Со сета сила се борат своите крунисани владетели во Ремс, да ги стават во заборав. Врв на бунтот против сопствените браќа, покрај другото е и уништување на кралските династии и прогласување на тие поранешни римски провинции за република Франција. Следбениците на крунисаните кралеви заедно со своите сојузници и сопствените непријатели, како одродени Македонци, ќе бидат најголемите противници и уништувачи на сопствениот корен и сопствената традиција на културниот и писмениот развој. Процесот на уништување на сопствениот македонски корен трае до денес.  

[1] За православието како поим, прочитајте повеќе во книгата „Зета Македонија” на стр.397. Книгата може да ја набавите кај авторот на тел.078 264106 или пишете на
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
 

branko-sotirovski
Автор: Бранко Сотировски

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top