Историја

Црногорците се именувале како Македонци кога ја ковале државата

sreten-zekovic

СРЕТЕН ЗЕKОВИЌ, ЦРНОГОРСKИ ИСТОРИЧАР

sreten-zekovic

Во еден период на своето историско постоење Црногорците се именувале како „Македоњани“, односно како Македонци, а за својата земја посочувале дека е „македонски предели“. Ваквата пракса почнала од средината на 15 век, откако нивната Цетињска митрополија потпаднала под јурисдикција на Охридска архиепископија. Македонските термини биле често употребувани во официјалните документи од значајни црногорски личности, а нив ги користел и самиот црногорски владика Данило, кој е основоположник на црногорската династија Петровиќи. Црногорското прифаќање да се именуваат како „Македоњани од македонски предели“ се должело на тогашната пракса со која одредено население се именувало зависно од тоа која и чија црква имала јурисдикција врз територијата на која тоа живеело.

Вакво сведоштво посочува познатиот црногорски историчар Сретен Зековиќ во својот голем научен труд насловен како „Историската втемеленост на црногорската националност“. Во трудот тој се осврнува и на овој период од црногорската историја, истакнувајќи многу примери за тоа како Црногорците се претставувале како Македонци.

Последица на империјално право

Некои од примерите и досега беа познати во научната јавност, но сега се посочени многу повеќе примери. Освен тоа, се истакнува и дека македонски термини биле употребувани и од други христијански народи врз кои тогашната Охридска архиепископија, чија наследничка е МПЦ-ОА, имала своја јурисдикција.

Историчарот Зековиќ во изјавата за „Дневник“ ни рече дека постојат многу документи од кои се гледа дека видни црногорски личности се изјаснувале дека се од „македонски предели“ и оти се именувале како „Македоњани“. Таква била праксата.

– Во тој период постоеше „свето империјално право“ од кое произлегуваше именувањето на потчинетите народи и држави според името на државата, црквата или верата што ги потчинила. Тоа особено важеше за црковната јурисдикција, односно за автокефалната црква, патријаршија и архиепископија, чии имиња ги носеа сите епископии. Тоа беше вообичаено и населението на тоа брзо се навикувало со оглед на тогашната улога и значењето на црквата. Тоа влијаеше и на свеста на народот и на неговите црковни претставници, кои според тоа си ги определувале титулите и својата припадност. Тоа создава одредена збрка во препознавањето на припадноста на одреден народ, татковина и држава – потенцира Зековиќ.

Познато е дека Охридската архиепископија е првата словенска православна црква, која дејствувала на голем дел од Балканскиот Полуостров, особено од средината на 15 век, кога под своја јурисдикција опфаќала многу земји и народи што живееле на Балканот. Зековиќ истакнува дека охридската јурисдикција оставила длабока македонска трага кај Црногорците.

– На пример, во своето писмо од 1640 година тогашниот црногорски митрополит Мардарие се титулира како „Јас епискуп кир Мардарие от предјел македонских, от земље Црне Горе…“ Историчарот Јован Радониќ сметаше дека тоа е доказ оти тој е и етнички Македонец, но има докази дека синтагмата „од македонските предели“ означува само припадност на Охридската, односно, на македонската црква – објаснува црногорскиот историчар, кој е жесток поборник на самобитноста на црногорскиот народ.

Генеза од македонски кралеви

Истата синтагма двапати, во 1520 и во 1537 година, употребил и познатиот печатар Божидар Вуковиќ. Тој напишал: „Од отачаства моега от земље Диоклитискије, еже јест у предјелех македонских от града нарицајемаго Подгорица“. Македонски предели спомнуваат и монасите од манастирот Морача.

– Самиот владетел на Црна Гора, Данило Петровиќ, своето писмо до рускиот цар Петар Велики од 28 јануари 1712 го завршува на следниот начин: Од Црна Гора во Македонија. Појасно кажано, тоа значи дека Црна Гора е регија во Македонија. Има и запис дека е „Иван Kастриот Црнојевиќ од родот на македонските кралеви“. По враќањето од Црна Гора, пак, рускиот полковник Михаило Милорадович во своите писма се потпишува како „кавалер македонски“ – додава Зековиќ.

Тој објаснува дека круна на сево ова е што тогашниот црногорски владика Данило Петровиќ во службените дописи Црна Гора ја сместувал во Македонија.

– Тој и другите се именуваат како Македоњани само по основа на црковната јурисдикција. Во 1714 година нему му бил издаден пасош на кој пишувало дека е „бискуп од Македонија од Цетиње“. Но, сево ова не значи дека Црна Гора е македонска земја и оти Црногорците се „Македоњани“ – вели Зековиќ.

Неоснована теза за црногорско „српство“

Зековиќ истакнува дека по иста логика неосновано се тврди оти „Црна Гора е српска земја“ и оти „Црногорците се Срби“.

– Ова се прави зашто Црногорската митрополија во еден период, со црногорската држава, беше под јурисдикција на Пеќската патријаршија, односно на Српската црква. На тој начин некогашната припадност кон српската освојувачка држава, црква и верски обреди терминолошки погрешно се мешаат со етничката српска припадност – истакнува тој.

Бранко Ѓорѓевски

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top