Историја

МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД (11 дел)

Donski111

Donski111Александар ДОНСКИ

(Посветено на академик Блаже Ристовски)

СТРАНСКИ СВЕДОШТВА ЗА МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА СВЕСТ ОКОЛУ ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД

Во врска со македонското национално самосознание за време и по Илинденскиот период ќе наведеме и странски сведоштва.

Рускиот цивилен агент Петрајев, во 1907 година, по посетата на неколку кази во Македо­нија (во присуство на Хилми-паша), запи­шал:

„Самото население почнува мошне забележително да се чувст­вува оптоварено од пропагандите и тоа најискрено бара да биде ос­тавено намира. Во Костурската каза доаѓаа деле­гации од се­лата и ни изјавуваа дека не ги сакаат ниту грчките, ниту бу­гар­ски­те учи­те­ли и свештеници, туку молат да им бидат дадени ма­ке­донски. На пра­шањето за нивната националност тие одго­вараа де­ка се Маке­донци“. (Д-р Симон Дракул, „Македонско Сонце“, 20.02.1998, с. 13).

Австријанецот од Штаерска проф. д-р Рудолф Киндингер во вре­мето околу Илинденското востание учел во Македонија,затоа што татко му овде работел на пругата за компанијата Чеминс дер фер Ориентакс. Подоцна тој објавил свои Мемоари под наслов: “Исечоци од моите сеќавања пред, за време и по Илинден (1903) во Македонија“ (ИНИ, Илинден 1903, Скопје, 1970). Во мемоарите д-р Киндингер со­сема јасно ги спомнува Македонците како жители на Македонија, кои си зборувале на свој  македонски јазик. Овде читаме:

„Бидејќи татко ми службено често работеше со македонски работници (аргати) на железничката и покрај нив имаше пос­то­јано двајца Македонци – возачи на дресина, кои кај нас мораа да пре­ноќеваат во случај на потреба. Јас уште како мало дете го научив од овие работници македонскиот јазик… Сите работнички групи на железничката линија од Скопје,па надолу низ Вардар, скоро се до пред самиот Солун беа Македонци“.

И понатаму:

„Во 1892 година дојдов во Солун во Германското основно учи­лиште во кое, како што напомнав, учеа децата на железни­чарите. Таму, отприлика во 1894 година, дознав за првпат од нашиот учи­лишен служител – Македонец, кој беше од Гевгелија, дека била осно­вана тајна организација за ослободување на Македонија… Јас бев един­ст­вен во училиштето што можев со него да зборувам на не­го­виот јазик, бидеêќи нашите тогашнИ автриска учители не раз­би­раа македонски“.

Во Романија, професорот по славистика на Јашкиот универ­зи­тет Илија Баржулеску околу 1908 година запишал:

„Сите овие словенски доселеници на територијата на Рома­нија, за кои понекогаш ние Романците, заради  лажните теории што ни се сервираат, мислиме дека зборувает на бугарски, се главно работ­ни­ци и  градинари што се доселени от Македонија и за себеси велат дека се Македонци, а не Бугари, (И. Барбулеско: „Романците спрема Србите и Бугарите – посебно со поглед кон прашањето на македон­ските Романци“, Белград, 1908, стр. 95).

Рускиот славист и македонист (инаку роден Бугарин) Петар Драганов, во 1900 година во врска со древната македонска историја изјавил:

„Дали Русите треба да се радуваат или да жалат во врска со тоа што во Македонија го издигнува својот глас тамошното старосе­делско на­селе­ние што си се нарекува себеси со старинското име Македонци?Спо­ред на­шето лично мислење праведно би било барем морално да се поддржи ова многубројно племе што зборува на по­себ­но словенско наречје и си има своја ста­ра историја, не помалку интересна од историјата на Бугарите и на Ср­бите…“

Се разбира дека постојат и други бројни сведоштва за  македонското национално самосознание пред, за време и по Илинденскиот период.

Различни значења на употребата на етнонимот Бугари

Пред крајот на овој краток фељтон, би сакал да дадам едно поцелосно објаснување за употребата на етнонимот „Бугари“, како и на синтаг­мите изведени од него: „македонски Бугари, бугарски народ“ и сл., кои се однесуваат за Македонците во почетокот на 20 век

Во некои документи, книги, искази и сл. се среќаваат овие изрази како детерминација за Македонците (иако претходно наведените про­јави ги демантираат инсинуациите дека наводно припадниците на це­лиот наш народ се декларирале како „Бугари“). Големобугарската про­паганда ги фор­сира овие изјави како „доказ“ дека Македонците се „Бугари“. Меѓутоа, со вни­мателна анализа на дел од ваквите пробу­гар­ски детерминирања мно­гу лесно се забележува уште еден про­па­ган­ден трик.

Имено, употребата на терминот „Бугари“ за Македонците од тоа време, може да се разгледа од неколку сосема различни аспекти. Да го наведеме секој од нив.

1. Употреба на името „Бугари” за сите припадници на Бу­гар­­ската егзархија

Во ваков случај терминот „Бугари“ не секогаш се употребувал во етничка смисла. Тој овде е употребен како црковен тер­­­мин за детер­ми­нирање на сите припадници на Бугарската егзар­хија.

Ќе го илустрираме ова со еден општо познат пример. Во пове­ќе бугарски книги славниот крушевски војвода Питу Гули се става рамо до рамо со другите илинденски војводи, а за сите нив се тврди дека биле – „Бугари“ (!?). Меѓутоа, добро е познато дека Питу Гули бил  етнички – Влав! Значи, тој воопшто не можел да биде „Бугарин“. Питу Гули, како Влав, своите религиозни чувства ги задоволувал во Бугар­ската егзархија (а не во Патријаршијата, како добар дел од тогашните Власи). Поради тоа, како Влав-егзархист, тој бил нарекуван „Бугарин“, „бугарски револуционер“ и сл. Ова автоматски значи дека во ваквите случаи под термините: „Бугари“, „бугарски револуционери“ и сл. се под­разбирале и Македонците, т.е. македон­ските револуцио­нери (но и припадниците на сите други етникуми) што припаѓале кон Бугар­ска­та егзархија, а не биле етнички Бугари.

(ПРОДОЛЖУВА)

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

Најнови вести

To top