Историја

Писмо на грчкиот војник за убиството и храброста на Мирка Гинова

mirka-ginova

(Ениџе-Вардар, 26 јули 1946)

mirka-ginova„Господине Коста… родител сте и ова што ќе ви го соопштам многу ќе ве ужали… Од денес наутро во 6 часот Ирина, за жал, престана да живее. Ви честитем што сте одгледале и воспитале таква ќерка. Смртта ја пречека храбро, со насмевка на усните и пеејќи, поради тоа што сите што бевме присутни и се восхитувавме. Во 5,30 часот се доближив до неа и ја прашав, дали би сакала да им напише нешто на своите. Таа ми одговори, ако имам благородно чувство на добрина да му го напишам на татко и следново: „Умирам чесно, а не не-чесно за нешто во што поверував – за подобар живот на другите, а не за мојот… ( тој дел  е оштетен, н.б.).

Вие таму ќе прашате и ќе ви го покажат нејзиниот гроб. (Јунакот Мирка). Ова имав да ви го напишам и барам извинување од вас за жалоста што ќе ја предизвикам кај вас… Јас ве поздравувам како војник што имав среќа да се најдам како набљудувач на овој многу жалосен настан на денот и имам пријатно задоволство што ќе ви ги пренесам последните зборови на незаборавната Ирина, која стана насекаде позната со името Мирка. За жал, грешката во која падна таа беше многу тешка, поради што и нејзината татковина и изрече таква казна. Сепак, таа отиде многу задоволна од овој мачен свет, велејќи дека еден ден мора да умре, умре сега. Мајка на Ирина, знам дека ќе плачеш, но не наоѓам утешни зборови да ви напишам, бидејќи утешни зборови не постојат за една мајка што го изгуби своето чедо.

Здраво”

ДАРМ, ф: Егејска Македонија во НОВ,кут. 19/174;

Ристо Кирјазовски, НОФ и другите организации на Македонците од Егејска Македонија (1945-1949), Култура, Скопје  1985, стр. 88-89

Најново од: Историја

Крвавата свадба во Зеленич – Леринско, Егејска Македонија

На 13 ноември 1904 година по јулијанскиот календар, грчка андартска чета го нападнала селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија. Нападот бил извршен ноќе, додека во домот на семејството Готеви се одржувала свадбена прослава. Меѓу убиените имало и жени и деца. Настанот во македонската историографија е познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 […]

Изминаа 122 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчките андарти убиле 13 Македонци. Меѓу жртвите се младоженецот, неговите пријатели, две деца, како и деецот на Македонската револуционерна организација Пандо Мечкаров, вкупно 13 лица. Оттогаш изминаа 122 години, но грчката геноцидна политика кон македонскиот народ не се изменила. […]

Колективната меморија на Македонците

Од книгата „Македонци“ Автор: Бранислав Светозаревиќ-Покорни „Кога ќе го видиш начинот на играта на еден народ, му го откриваш карактерот.“— Конфучие Колективната меморија претставува сврзно ткиво на многуте генерации низ историјата на еден народ и е клучна за неговиот опстанок. Сè додека постои еден народ, постои и колективната меморија, но и народ без колективна меморија […]

Александар Македонски се уште еден од најфасцинантните и најдолготрајните митови во човечката историја.

Александар Македонски и по повеќе од 2.300 години останува една од најфасцинантните личности во човечката историја. Неговиот живот продолжува да инспирира нови истражувања, биографии и различни толкувања на неговото наследство. Оваа недела, историчарот на антиката Едмунд Ричардсон ја освои водечката британска награда за нефикција, „Бејли Гифорд“, за биографијата „Александар: Бог, крал, човек“. Напишана со елеганција […]

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци Палеобалканското племе Енхелеи е поврзано со митското доселување на Кадма и неговата жена Хармонија од беотска Теба, меѓу древните жители на западниот Балкан и борбата со Илирите во XIII век пред Христа. Меѓутоа, тие се интересни од повеќе аспекти, а, пред сé, што припаѓаат на единствениот праисториски свет на […]

Логорите на Царството Бугарија и македонските интернирци (1941–1944)

Во текот на Втората светска војна, властите на Царството Бугарија воспоставиле мрежа на логори во кои затворале политички противници и луѓе осомничени за учество во отпорот. Во службените документи логорите биле нарекувани „Селишта на државната сигурност“. Меѓу заточениците имало и македонски дејци, меѓу кои поетот Венко Марковски и Методија Андонов-Ченто. Според Македонската енциклопедија, Министерството за […]

Санстефанскиот договор – голема грешка на руската дипломатија

Санстефанскиот договор предвидувал најголемиот дел од Македонија да биде вклучен во голема бугарска држава предизвикал меѓународна криза и тешкотии за самата Русија. Во приложените историски записи се наведуваат и руски оценки за погрешноста на таквото решение. Санстефанскиот мировен договор, склучен на 3 март 1878 година меѓу Русија и Османлиската Империја, бил обид за прекројување на […]

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

To top