Историја

Документ пронајден во архивата на ВМРО на Ванчо Михајлов

mpo-1

Документ пронајден во архивата на ВМРО на Ванчо Михајлов, во кој не само што децидно се потенцираат етнич­ките разлики помеѓу Маке­донците и Бугарите, туку и за денешните Маке­донци јасно се ве­ли дека се директни потомци на славните антички Македонци!

Еве што пишува во овој документ:

„Некогаш имало славна земја со храбар народ што дал светс­ки вла­детели како Филип и Александар Македонски. Многу древни народи, иако слегуваа од светската сцена, по извесно време, пак се издигнуваа. Зош­то да не се случи исто­то и со Македонците?…Заш­то ако еден народ, што си има свои обичаи, вера, јазик, традиција и друго опстанал тврдо после тол­ку ропства, тоа значи дека тој народ е способен за слободно постоење! …Бу­гарија нека им го даде на мирен начин на Македонците она што е маке­дон­ско. Зошто Бу­га­рија уште го држи туѓото и го прикажува како свое? За­рем Ма­ке­донците се Бугари? Колку што се Македонците Бугари – толку се и Бугарите Македонци! Разликата е голе­ма! Едните биле на Бал­кан­скиот Полуостров уште од пред Христа, а другите дош­ле во 7 век… Дос­та веќе со игри околу несреќата на македонскиот народ! Вре­ме е да се вик­не: Македонија на Македонците. Ослободената бу­гарс­ка Маке­дони­ја да им се даде на слободните Македонци. Дајте и` автономија на Маке­до­ни­ја додека е време!“ (цит. според Блаже Ристовски).

Овој документ е потпишан со псевдонимот “Комитски”, а пи­шу­ван е во декември  1932 година. Ова значи дека и меѓу членовите и симпатизерите на ВМРО на Ванчо Михајлов имало такви кои го при­фаќале античко-македон­ското етничко потекло.

mpo-1

Дури и организацијата на МПО (еден вид наследници на ВМРО на Ванчо Михајлов) во градот Лорејн (САД), формирана во март 1924 година, го носела името “Александар Вели­ки” и имала свое знаме на кое биле прикажани името и ликот на овој наш славен цар. На Собра­нието на оваа организација зборувал и тогашниот секретар на МПО, Михаил Николов. Претсе­дател на оваа органи­зација бил Никола Ме­ла­нов од Костурско, а во рако­водството бил и Трајче Вангелов (исто така од Костурско), додека секретар бил Иван Томев од с. Брајчино (Преспанско). Мнозинството членови на оваа организација биле Маке­донци од преспанските села.

mpo-2

Огранокот на МПО во 1924 година (Македонска Патриотска Организација) од Лорејн, Охајо, САД, својот огранок го крстил Александар Велики.

1924 Lorain, Ohio, Macedonian Partiotic Organisation (MPO) Alexander the Great.

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top