Историја

Ферман на Султанот Мухамед II (Август 1838 год.)

sultan-muhamed-2

ЗА ПРИСИЛНАТА ИСЛАМИЗАЦИЈА И ЗУЛУМИТЕ НАД РАЈАТАВО РУМЕЛИСКИОТ ЕЈАЛЕТ       

sultan-muhamed-2„До мојот везир Ахмед Зекирја-паша и до славните меѓи кадиите и судиите… војводи, ајани, видни граѓани и сите службеници кога ќе стигне високиот царски знак нека се знае:

…денес видните граѓани и ајаните од поголемиот дел на местата во Румелискиот ејалет, не придржувајќи се до овој пожелен ред, рајата на тие места ја третираат како свои купени робови и ги употребуваат со сила и бесплатно за работа во своите чифлици и во други работи; ако некои од овие (од рајата, н.б.) сака да си оди од чифлигот каде што работи и сака да оди на друг чифлиг или на друга работа не го пуштаат; се мешаат бесправно во работите на женење, венчавање и во нивните верски обреди и други слични зулуми и неправди на кои се осмелувале, што сега е установено од страна на Моето величество. Јасно е дека во времето на моето блескаво владеење такви спротивни на божјата волја постапки било спрема некој од муслиманите или спрема некој од рајата, по никаков начин не можат да се толерираат, особено пак од пред малку време издадениот… и објавен царски кривичен законик, ако се чуе дека некој се осмелил на вакви, спротивни и несогласни со одредбите на спомнатиот закон, таквиот, бидејќи со тоа самиот си го повикал применувањето на неговите од-редби,  спрема него без одлагање ќе се изврши заслужената казна и, во таа смисла, советот на Високата Порта и советот на правосудството одобриле да се дадат строги наредби кому што треба. И освен ова, во некои места  се прикажува дека се случувало од девојките на рајата, тие што ќе им се бендисале, со лажен изговор „станува муслиманка” ги венчале со сила со кого сакале од муслиманите. Всушност со исклучок на што вистинската вера во бога се засолнуваат и влегуваат во блескавиот круг на исламизмот, венчавањето со сила со овој или со оној на тие што според законот не се убедиле и не се изјасниле за исламизмот, е нешто кое е спротивно на мојата царска волја. Поради тоа, како по овој однос, така и по прашањето за забранување на другите изложени зулуми, следувал мој царски указ и врз основа  на… издадениот хати-хумајун…, издадени се до сите високи маршали, уважени генерали и до другите каде што е потребно во Румелија, мои одделни свети заповеди што ги содржат изложените перпораки и за да не се товарат населението и сиромаштијата  со  трошоци околу мубаширските награди… И луѓето што ќе ги испраќаат (ферманите, н.б) маршалот, генералите, валиите и другите за да ја објавуваат од каза до каза, мојава света заповед, трошоците сами да ги поднесуваат и да се грижат по овој повод од народот и рајата ни аспра, ниту зрно да не се зема…

…Според тоа, кога високославниов мој ферман ќе стигне во местата што се наоѓаат под твоја управа да го објавиш и нашироко да им го објасниш на сите видни граѓани, на офицерите и на другите… за да вложат отсега натаму грижи за доверените ми од великиот бог бессилни и рајата, од никого да не се прават неправди и зулуми, а пак споменатата раја, ценејќи ги милоста и љубовта на Моето Величество што се изливаат кон неа, да се занимава чесно со своите работи и пе-чалби и да не пројавува положби што не одговараат на состојбата на рајата и со тоа, под сенката на Моето Владетелско величество да се осигураат условите за заштита и чување (на рајата) и за нејзиниот мир и спокојство. И вие, спомнати кадии, наиби и другите…, ра-ботејќи и постапувајќи по потребата (на ферманот, н.б.), сите сложно  да вложите совршено внимание и грижи што отсега натаму, ако се дознае, како што е горе изложено, за некакви насилства и зулуми извршени од страна на вакви видни граѓани и други спрема мирната и чесна раја, тие што ќе се осмелат на вакви непријатности, кои и да се, не само што ќе им се извршат итно строгите казни според кривичниот закон, туку таквите, нема сомневање, и на оној свет ќе паднат на одговорност и ќе бидат казнети…”

Турски  документи  за  македонската историја…, т.IV, стр. 114-115;

Д-р Иван Алексов

Најново од: Историја

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

To top