Гоце Делчев како синоним и инспирација за развојот на Народноослободителната борба на македонскиот народ во Втората светска војна (1941-1944) (2)
Уште еден партизански одред во 1943 година бил именуван со името на Гоце Делчев. Тоа бил Брегалничкиот народноослободителен партизански одред „Гоце Делчев“, формиран на 19 мај 1943 година во месноста „Пчеларник“, Штипско, а разбиен само два дена подоцна, односно на 21 мај, во месноста „Врши Дол“, Виничко. Одредот бил формиран по иницијатива на Покраинскиот комитет […]