Историја

Од историјата македонска…

sloboda-ili-smrt

Од Дебарца до Дијар-Бекир и назад

sloboda-ili-smrtЈас, Наумовски Иванов Крсте, осумдесет и тригодишен, од село Врбјани, Охридска околија, ќе раскажам една приказна што сум ја пател, што сум бил и сум дошол… здрав и жив. Ова не е лага. Ова е што сум го тргал самиот. Од историјата е ова, наша, македонска…

И не собраа, не потераа в Издеглавје, на кулата издеглавска.

Кога дојдовме тука, од сите села тераат: – десетмина, дваесет, петнаесет, седум… И не натераа в една коњушница в Издеглавје, кај што лежеле коњите. Двесте и петнаесет души!

Лежевме ноќта тука. Без јадење.

Утрото сабајле собраа јажиња што имаше од селото, од коњи, од волови. И не изврзаа двајца и двајца. И не потераа патем за в Охрид.

Овде кога го поминавме Песочан, излегоа тројца Турци: Зенула, Емин и Мусо. Познати качаци – башибозук од овој крај.

– Е, бре – вели Зенула, дебрчани! Кај ве водат?

– На гости ќе одиме, бре Зенула, на гости!- рековме.

– Аирлија нека е вели… Море одите на орање!- вели. Бре, стегајте ги плуговите! – Знам, не одите на гости. Вие ќерата!

– Не Зенула, не. На гости ќе одиме.

– А бре – вели – да ви кажам нешто…

– Кажи, му велам.

– Ќе ви кажам… – Идат тројцата, онака по нас, онде кај мостон, онака со накривени капчиња. За појас ножови, мартинките на рамо. Ни се пулат отстрана кај не тераат…

– А бре-вели ќе ви кажам уште едно…

– Аирлија нека е – рековме.

Пак некој друг одговори:

– Кажи Зенула, кажи!

– А бре, – вели – денеска ви ја прават бесилката в Охрид. На чинарот ќе ве обесат утре, еден по еден. Ќе се збира сиов град да ве гледа како ве бесат… Не си одите на работа, туку одите по комитите – рече Зенула.

– Слушај Зенула – рече Стојко од Сливово, ти глеј си ја работата. Ние затоа одиме на гости. Одиме за да не бесат. Не ти влегува во главата што значи: одиме на гости. Кој се плаши од бесилка, не оди на гости…

– Аирлија нека е – рече налутен Зенула – Одете, одете…

И така си се вратија тие тројца в село. Ние заминавме онаму удолу. И в Охрид.

Дојдовме в Охрид. Не натераа во една апсана. Крај езеро. Еден надруг… Беше тесна, пустината. Двесте души…

И не затворија тука. Не заклучија.

Седевне три дни без леб. Ништо не ни дават… Дојдоа жени со торби леб. Не ги пуштаа на порти. Застана стражата… Никого не пушти. Тешко беше. Бевме изгладнети како маченици…

На тоа згора имаше еден од Охрид… Тој беше нешто на комитетот, Коле Главинчев. Ја знаеше работата и гледаше со очите што се прави… Ми ти фатил, зарачал по фурните – двесте лебови. На секој фурнаџија по нешто – да пече. Викнал жени способни, да ги наполнат тавлиите. Ете. И дојдоа жените на порта. На стражата и се молат…

Дојде тој чаушот Али Баба, што не заклучуваше. Ги праша жените:

– Што е, мори?

Жените велат:

– Чауш, имаме умрени луѓе. Ги носиме да ги закопаме. Лебов да не го носиме на гробишта, да не го јадат кучињана… Грев е, чауш. Ами да го дадеме овде, на сиромаштијава. Нека го јаде.

– Алах, алах, вели. – Колку души, мори?

– Имаме два-тројца умрени.

И така Турците се излажаа. Ја отворија портата. Влегоа жените и дојдоа до пенџерите во затворот. Ни дадоа кому половина леб, кому цел, кому како. Си поделивме по еден касај. Се залебивме малу.

Нејсе лежевме уште два-три дни. Немаш ништо. Тие од комитетот пак беа готвеле. И тепси со риби направиле. Ама не ги пуштаа да дојдат. Не се можеше. Лежевме што лежевме, после веќе се намоливме на чаушот:

– Ќе изумреме – рековме – аман. Без јадење сме…

Така три дена без леб, – на четвртиот, дојде лебот од Коле Главинчев.

Од книгата „Темни кажувања“.

Подготви: Марко Китевски

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

To top