Песни за Македонија

Балада за непознатиот

Натаму – в поле битолско чемрее врба проклета – под врбата незнаен гроб, в гроб лежи војник непознат. Лежи од војна световна, лежи – и веќе земјосал – силно го тога изела задека тука загинал. Никој крај него немаше – вишното небо врз него, земјата скришна под него – над гробот врба стушена. А таде […]

Ајдучка Чешма

Под небо цветна полјанка  Со  руен цвеќе послана,Околу гора вековна Мрачна,од старост поспана. Скраја под бука рапава Сива се карпа наѕираПод карпа, чиста ко солза,Студена вода извира. Кога над гора скротено Ноќта се гнездии паѓаВ шумот на бистро изворчеЛегенда стара се раѓа. Во време старо, престаро Во време дамна ,ајдучкоТурци низ гора одеа,Ајдутин врзан водеа. […]

Везилка

Везилке, кажи како да се родипроста и строга македонска песнаод ова срце што со себе водиразговор ноќен во тревога бесна?– Два конца парај од срцето, драги,едниот црн е, а другиот црвен,едниот буди морничави таги,другиот копнеж и светол и стрвен.Па со нив вези еднолична низа,песна од копнеж и песна од мака,ко јас што везам на ленена […]

„Тешкото“

Песнана „Тешкото” од Блаже Конески, го инспирирал еден настан во 1942-ра година што се случил во Прилеп. Видел како орото го играат тивко, без музика, без зурли и тапани. Песната ја напишал во 1946-та, а е објавена во 1948-ма. „Тешкото“ … О тешкото! Зурли штом диво ќе писнат,штом тапан ќе грмне со подземен екот –во […]

Сердарот

Пискотници се слушаат од Галичник до Река,што тешка несреќа ги збраи мажите, и жените, та гласи тажна екаи навева сал коб и зла?Дал’ град полињата житородни ги беше фатил?Ил’ рој од скакулци се вдал?Дал’ султанот арачлии час предвреме им пратилда збира арач лут без жал?Ни град полињата житородни ги беше фатил,ни рој од скакулци се […]

Бисера

Бисеро моме, Бисеро, Шчо носиш бисер на грло? Твоето грло хубаво И от дробнаго бисера Хилјада пати побело. Бисеро моме, Бисеро? Зашчо со бисер покриваш Твоето грло хубаво? Ја нејќу бисер да баца Тука сака твоето грло.- Бисеро моме Бисеро, За кого низиш бисерот? Ја дарој бисер не сака Тук сака мома Бисера. Константин Миладинов

Ќе се вратам

Ќе се вратам Во мојата татковина И таа ќе биде бела и убава Татковина Ќе се вратам И цвеќе најубаво И венци на човечност ќе носам Ќе се вратам Попораснат од вчера Попораснат за утре Ќе се вратам Кога над облаци нема да врескаат птици и нема да плачат деца и старци и нема да […]

Тутуноберачите

На кантар студен со туч го мерата можат ли да го измерат,нашиот тутун – нашава маканашава солена пот! Од темни зори на утрини летнидо никоја доба на вечери зимнитој гладно пие тагата нашаи потта и крвта и снагата ни.Жолт – жолти прави лицата бледнии жолта гостинка у градите носи.По утрини росни, по мугрите пресни,наведени ничкум […]

Не стрпение

Местото мое мило разделеноА сега далеку од мене мачено Ке жалам и плачам за негоЕден ден ке се  радувам. Денот ќе дојде  тој,   нестрпен,Одете си душмани и предавници Не ве  сакаме,   доста тиранувавте, Предавници на мајката наша. Ја зедовте со  сила,   нашата грутка. Ајде браќа со  пушка во  рака,мајката наша да се  радуваАко  требе   братски […]

Елегии за тебе

1. Вчера си појдов наминавниз таја гора зеленапод тија буки високипо ќилим сенки широки. Одев со глава замаеннаведнат, мртов, зачмаен,одев со грутка на срцеи каракамен на гради. Деј гиди горо зелена!Деј гиди водо студена!Пилците пеат – ти плачеш,сонцето грее – ти темнеш. Ако ги криеш коскитена дели млади јунацитука што лежат по тебеза тија темни […]

Копачите

Се к’ти ноќта црна!Се рути карпа – мрак!И петли в село пеати зората се зори –над карпа в крв се пиеи темнината пиесилносветналден! Пробудете се морникопачки и копачи –на трудотцрннарод!Со мотика на рамоза корка сува леб,по патиштата стрмни,по полињата paмни,у вивналиов денда тprнeмe и ниестрадалници од век!На деда Богoмилземjата poвка, мека,наба6рена за poд,со страдна душа […]

Гледач во пепелта

Изгасни песно во огнот што го запали сама.Прска зборот и исчезнува во пепел од кремен.Гледачу во пепелта, ја препозна ли во неа исконската драмашто доаѓа од дното на овој извор темен. Песно, те откинав од клунот на птица во крвта што ми лета,од црвеното небо на запалените вени,од тие далноводи на два непомирливи света,тие изгрејсонца […]

To top