Песни за Македонија

Ајдучка Чешма

Под небо цветна полјанка 
Со  руен цвеќе послана,
Околу гора вековна Мрачна,
од старост поспана.

Скраја под бука рапава
Сива се карпа наѕира
Под карпа, чиста ко солза,
Студена вода извира.

Кога над гора скротено
Ноќта се гнездии паѓа
В шумот на бистро изворче
Легенда стара се раѓа.

Во време старо, престаро
Во време дамна ,ајдучко
Турци низ гора одеа,
Ајдутин врзан водеа.

Ден беше златен, есенски,
руенот веќе цветаше,
В синото небо раскрилен
Планински орел леташе.

Крај извор турци стигнаа
Од коњите се симнаа
Жедни си вода пиеја
Потни си чела миеја.

Потем на цветна полјанка
Во широк круг наседнаа
А среде врзан ајдукот
На тревата го седнаа.

Тој беше жеден и гладен
Но збор не рече, молчеше
Сал срце клето ајдучко
Диво му в гради толчеше.

В очи му жалба тлееше
В немоќ си усни апеше
Од рана капка по капка
Машка му снага капеше.

В синото небо над него
орелот моќен лебдеше
Јунакот врзан молбено
кон него кроце шепнеше.

Орле ле, брати планински,
Зајми ми криља орлови,
Да летнам силен, слободен
През гори и през долови.

Да слезам в поле широко,
Да зберам одбор јунаци ,
Па повтор силен да удрам
По беговските конаци.

Орелот крилен слободно 
Со облаци се гонеше,
Јунакот врзан на земи
В јаросна немоќ тонеше.

Тогаш млад Турчин делија,
На аскер водач што беше,
Застана среде пољанка
Па пушти срце и рече:

‘Еј, море, ѓаур јунаку
Tвоето сврши, замина.
Бесилка веќе правиме
Долу, во првата рамнина.

Судбата твоја знајна е
В рацеве штом ми попадна.
Но кажи, ајде, имаш ли
Некаква желба последна?

Ајдутин глава исправи,
Малку се беше одморил,
В миг зрак му лице огреа,
Надежда в него прозбори:

‘Јас милост нејќам да барам
Ајдутин милост не проси,
Ниедно име ајдучко
Дамка срам уште не носи.

Јас ќе си умрам, загинам
Ко ѕвезда што изгорува.
Нека по смртта сред народ
Името ми се зборува.

Но сепак мисла ме гони,
Желба ми е в срце извира:
Барем без синџир на нозе
Да стојам кога умирам…

Турчинот гордо застанат
Широко очи отвори,
Со поглед четаа опфати
И громогласно прозбори

Можеби мислиш да бегаш,
Ајдучка главо вжештена?
Та ти си птица без крилја
Жива во кафез вклештена.

Рацете ти се врзани,
Крвта ти скоро истече.
Никој жив уште од мене
Не нашол пат да утече.

Синџири ќе ти скршиме,
Тука на врв на билото,
Со свои нозе патувај
До смртта на бесилото.

Орел бев, орел ќе бидам,
Чувствувам крвта зоврива.
Јунак и ранет и врзан
Јуначака смрт си избира.

Па кога сети како му
Синџир од нозе сметнаа,
Џиновска сила надојде,
Очи ко молња светнаа,

Па скокна, божем елен е,
Над аскер – жив ѕид вќутучен,
И дури трепнеш цо око
В гората темна утече.

Спукаа пушки по него,
Потера брза замина,
Но ни траг не му најдоа
По ајдучката планина.

Шумолат тивко буките,
Шепотат нежни цветови,
Чешмата сказна разлева
За минатите векови.

Како што тече водата,
Како што небо синее
Оваа сказна ајдучка
И до ден денес живее.

Ко завет скап ја преносат
Старите дабје ,џинови
Пастири горски пред смртта
На внуци и на синови.

Водата бистра, планинска,
Од сива карпа што блика,
Ајдучко време спомнува
Ајдучка чешма се вика.

Ѓорѓи Скршениот

Најново од: Песни за Македонија

Македонија низ времето

Македонија низ времето   Низ векови на бури, низ гордост и низ рана, се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана. Од античкото ехо, каде штитови бијат, под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат, Александар јаваше низ векови далечни, оставајќи траги во спомените вечни.   Од Хераклеја горда до Егејот син, се раѓаше […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

To top