Коментари

Стравот од неуспехот, го прави Зоран Заев нервозен, уплашен, дезориентиран, но затоа и непредвидлив


Свекрва

Бог страдаше и воскресна поради Својата безмерна љубов кон човекот. И бидејќи Божoјото вплотување и воскреснување е осмислено единствено со љубовта, така и делото на спасението на човекот е невозможно без подвигот на љубовта. Тој подвиг Бог постојано го очекува и од нас, бидејќи „љубовта е исполнување на Законот” (Рим. 13, 10). Украсувајќи си го животот со вера и срцето со чистота, да го исполниме благословот на свети апостол Јован кој вели: „Кој го сака брата си, тој е во светлината“ (1. Јн. 2, 10).

Чеда, Македонци, верници…  Во велигденскиот пост сме, пост пред најголемиот  Христијански празник Велигден- воскресение на Исус Христос. Ден кој не` потсетува колкава е љубовта спрема човештвото од Бога и колку е безгранична и неизмерна љубовта со која се сака ,,ближниот“. Ние, верниците си ја прочистуваме душата со пост, преку храната за телесното прочистување но, и преку духовно постење, кога не се зборуваат глупости, не се мисли лошо, не се озборува, не се лаже, се почитуваат Божјите заповеди. Има ли поубав празник од Велигден. Велигден или Ден на Воскресението Христово.

Сега е време на тага, а постот треба да ни ја прочисти душата, црквата да ни ги помири политичарите, чедата Македонски. Но, ете, пак пустиот не мирува… Им копа по продадените душички на многумина. Погани јазици, неверници.

Македонците мора да се сплотат и да бидат единствени за да можат да се справат со секој обид за дестабилизација на македонската држава. Друг излез нема!

Аболираниот политичар и лидер на СДСМ Зоран Заев ја испука и 13-тата бомба, со што уште еднаш докажа дека не бира средства за да го наруши кредибилитетот на актуелната власт само за да дојде на власт, притоа свесно нарушувајќи ги државните интереси и имиџот на земјата. Со објавувањето на монтираните снимки од нелегално прислушувани разговори, тој свесно покажа дека работи на дестабилизација на земјата, што всушност му одговара на странските служби кои континуирано работат на промена на името и идентитетот на македонскиот народ.

Во денешните хаотични односи во светот, каде не се почитуваат никакви договори, правила и меѓународни норми, во практиката се водaт посебни операции не само против земјите од спротивен блок со стремеж за освојување на определени позиции, туку и против земјите во сопствениот блок, за да се задржат под своја закрила. Таквата политика претставува сериозна опасност, особено за малите земји како што е Македонија, која за жал е оставена сеуште да чека пред портите на ЕУ и НАТО.

Организаторите на „тајни операции“ се држат кон принципот: активно да се дејствува, да се меша и да се води политика на сопствени интереси, и да не се поднесуваат последиците што можат да произлезат од таквите акции, па и меѓународно-правна одговорност ако се работи за држави и нивните официјални органи. Повеќато од тие активности се изведуваат прикриено, преку внатрешни играчи, притоа водејќи сметка да се отстранат доказите на државно мешање.

Внатрешните играчи дејствуваат од различни причини: политички, идејни, иредентистички или сепаратистички позиции насочени кон територијално разбивање  на земјата. Во овој случај со т.н. бомби на Зоран Заев, имаме обид за освојување на власта на нелегален и недемократски начин од лични интереси на елитата на СДСМ. Странските центри, кои ги поддржуваат, пак имаат за цел инсталирање на марионетска влада, која меѓу другото треба да изврши промена на името, обезличување на суверениот народ и поделба на земјата.

Потврда за тоа е признанието на еден од осомничените дека неовластено прислушувал по наредба на Зоран Верушевски, која пак имал договори за сето ова со лидерот на СДСМ. Сето ова, како и потврдата дека прислушувањето се вршело во соработка со странски центри и агентурни мрежи инсталирани во Македонија, го срушија сценариото на Заев, но целосно не ја отстранија опасноста од повторувањето на 2001 година.

Дека СДСМ е подготвена да дојде на власт по секоја цена укажуваат предлозите кои ги пласираат во јавноста, а кои можат да предизвикаат меѓуетнички конфликт. Така на пример тие говорат дека се спремни Албанец да биде поставен за премиер на Македонија. Потоа, Радмила Шеќеринска, заменик лидер на СДСМ, вели дека работите ќе се усложнуваат во земјата, во истата емисија на телевизијата Ал Џезира, во која лидерот на ветераните на ОНА пред картата на Голема Албанија изјавува дека Албанците се подготвени да се борат. Сето тоа претставува уште една сериозна закана по мирот и безбедноста на земјата. Односно укажува, дека за да дојде на власт, и покрај предупредувањата кои доаѓаат од Европа, раководството на СДСМ е спремно да ја стави на коцка не само државата, туку и животите на своите сограѓани.  

Согледувајќи дека СДСМ со своите поддржувачи може да ја дестабилизира Македонија, регионот и пошироко, група политичари (21), пратеници и членови на Парламентарното собрание на Советот на Европа се обратија со писмена декларација за загриженоста од последниот развој на политичката ситуација во Македонија, особено за „неодговорното однесување на политичката опозиција“. Во оваа декларација тие ги осудуваат „заканите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кон премиерот на Македонија, Никола Груевски“ и ја осудуваат „инволвираноста на странски тајни служби и нелегалното прислушување на највисоките државни претставници на Република Македонија“.

Во својата антидржавна и антимакедонска активност, раководството на СДСМ посебно дејствува да предизвика недоверба во системот, способноста на македонската држава и нејзиното раководство за да ја спроведе зацртаната програма на економски развој на земјата и намалување на невработеноста. Со своите т.н негативни бомби настојува да ги драматизира одредени слабости, како и да ја спречи и неутрализира позитивната бомба на ВМРО-ДПМНЕ која претставува зголемување на инвестиции, забрзан економски развој и вработување на луѓето, што претставува вистинска закана за нивните цели.

Во последните повеќе од месец дена СДСМ пласира 13 т.н. бомби, креирани и конструирани разговори за личности од владеачката партија, но ефектите врз народот се минорни. Стравот од неуспехот, го прави Зоран Заев нервозен, уплашен, дезориентиран, но затоа и непредвидлив. Документарецот на Ал Џезеира е знак на очај, но и знак за зголемена будност. Македонскиот и албанскиот народ, едноставно не смеат да веруваат на политичари кои заради лични интереси се спремни да предизвикаат меѓуетнички конфликт.

Самото членство на СДСМ, особено младиот кадар треба да ги спречи ирационалните потези на својот лидер и блиските околу него и да ги стават на столбот на срамот, зошто тие ја уништуваат не само нивната иднина, туку и иднината на македонскиот народ. Македонците мора да се сплотат и да бидат единствени за да можат да се справат со секој обид за дестабилизација на македонската држава. Друг излез нема!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top