Коментари

Зоки не сака избори

rubinco

rubinco
Дипл. Екк. Рубинчо Јованоски-Прилеп

Аболицираниот лидер на најголемата опозициска партија СДСМ, господинот Зоран Заев со неговите последни изјави и ултиматуми до владеачката гарнитура се чини како да живее на друга планета.

Имено Зоран Заев алиас Бошко Буха сака да формира преодна влада за одржување според него чесни избори во април идната година само со чесни луѓе од ВМРО и ДУИ.

Господине Заев, Вие во буквална смисла на зборот не можете да давате предлози за формирање на преодна односно техничка или каква било друга влада за да истата организира фер и демократски избори, од проста причина што вашата политичка програма доживува изборни катаклизми во девет изборни циклуси било да се работи за локални, парламентарни или претседателски избори.

Господене Заев не можете да ја оспорувате победата на владеачкото мнозинство на чело со ВМРО-ДПМНЕ, од причини што на претходните изборни соочувања свој парав за регуларнос на истите ставија ваши членови номинирани лично од Вас, за перетседатели на ДИК, и тоа Борис Кондарко односно Никола Рилкоски.

Најголема потврда дека во Македонија се фер и регуларни се позитивните извештаи од наблудувачите од ЕУ.

Зоки во ниту една земја во светот се нема досега случено, губитникот толку многу да уценува, а истиот да е замешан во голем број на финансиски афери.

Во ваа прилика само да ве потсетам дека лично Вие сте аболициран од Вашиот мецена Б.Ц. во 2008 година, за струмичкиот криминал наречен “глобал“, а најново потив Вас стои дело за барање на поткуп од преку 200 илјади евра за легализација на приватно земјиште од ваш сограѓанин.

Те молам, почитувај го договорот од 2 јуни каде во присуство на еврокомесарот за прошиување Јоханес Хан, беше договорено во април 2016 година да се одржат нови предвремени парламенатарни избори во нашата земја.

Зоки не го кочи процесот. Ако не си способен со својот тим од калибарот на Шекеринска, Шилегов, Пендароски и други поданици околу себе конечно да ја почуствуваш сласта околу тебе, остави победничката опција на чело со ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски да ги заврши започнатите проекти.Тоа е за доброто на секој граѓанин на Република Македонија.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top