Коментари

БЕЛА ЧУМА: Причини и последици, мерки и санации

petre-krivcevski

petre-krivcevski
Петре Кривчевски

Иако нашата планета глобално се соочува со проблемот пренаселеност, сепак одредени нејзини делови патат од сосем спротивна болест – недостаток на население. Навистина една топ тема (не само кај нас, не само во регионов и не само во последно време) е демографската состојба при која одредени подрачја се инфицирани од БЕЛАТА ЧУМА и соочени со изумирање. Инаку, бела чума е друго име за депопулацијата што пак претставува намалување на населението на некоја земја или народ, подрачје, град… по пат на миграции (иселување) и/ли преку нискиот наталитет.

Миграциите претставуваат раздвижување на населението и тие можат да бидат: внатрешни и надворешни. Внатрешните се појавуваат како раздвижување (преселување) на населението од еден регион во друг или од село в град и тие (условно) се помалку опасни (населението сепак останува во границите на државата). Но, пак, надворешните се изразито опасни по една земја или нација. Посебно кога ќе се земе во обзир ноторниот факт дека најголемиот процент од откорнатите го сочинуват студенти или млади брачни парови – најпродуктвниот и најкреативниот потенцијал кој треба да го понесе теретот на општествто.

Познато е, наталитетот е поголем во послабо развиените земји (па и региони). Причните не би ги елаборирале посебно но само би посочиле дека природниот прираст е добар или задоволителен на сите континенти освен европскиот каде од поодамна е познато кубурењето со наталитетот на скоро сите западноевропски земји а кој “вирус” веќе ги инфицира и источните. Заклучокот е неминовен: континентална епидемија! Сакале или не (и не само ние, рековме тоа е болест скоро на цела Европа) мораме на белата смрт – депопулацијата (изумирањето) да и погледнеме директно во очи и да се соочиме со неа.

При една ваква, поприлично загрижувачка состојба човек најнормално е да се запраша: ами чаре? Чарето е тоа: силна експанзиона популациска политика што, фала Богу, барем кај нас оваа е прва влада која ја започна и ја тера. Сепак, мораме да бидеме реални, демографската политика не е волшебен напиток од видот сега  и веднаш. Напротив, тоа е еден долгорочен, многу макотрпен процес кој што опфаќа широк фронт од мерки и акции а чии резултати најчесто се за очекување после години и децении.

Интересно, помалку лаичко а повеќе политичко е гледиштето кое што го застапуваат некои “експерти” во последно време кај нас а според кое економската лоша ситуација е прва, основна и најголема причина за намалениот наталитет (бр. на склучени бракови, родени деца…). Да, така е но само на прв поглед и онака наизглед и површно гледано. Но посериозните анализи велат нешто сосема друго: токму (како што веќе спомнавме) најразвиените земји кубурат со природниот прираст а пак сиромашните никако да ја зауздат експанзионата репродукција. Статистиката јасно потврдува дека високообразованите најчесто запираат на едно-две деца додека кај нискообразованите  таа бројка е каде-каде поголема. Ете тука, за жал, во и околу таа грмушка треба да се бара зајакот а не во сиромаштијата оти, и одново ќе потенцираме, земјите со најнизок стандард имаат највиск наталитет.

Јасно и недвосмислено (иако на прв поглед не и логично) произлегува дека високиот стандард со сите нус (д)ефекти го коси високиот наталитет – а не обратно. Оттаму апел тезата на владата: три деца по семејство (по едно за мама, тато и државата) е спасоносната формула. Да де, рековме, не сега и не веднаш ќе наникнат градинки како печурки но најбитното е тоа што некој во оваа држава конечно се сети и одважи да го детектира и алармира проблемот и опасноста од намалениот наталитет. Оти, тој пат што го врвеа си(л)ните западни земји, проследен со раст на животниот стандард а пад на наталитетот (и покрај доселувањата од нискоразвиените и “црномурестите”) треба/ше да биде наша поука на туѓите грешки.

Значи, да констатираме, никој нека не очекува дека уште со првите демографско-стимулативни мерки штрковите преку ноќ ќе слетаат во гинеколошките одделенија туку дека тие се само почеток на акции и потези кои што долгорочно ќе се спроведуваат во таа насока. Па популационата политика и по дефиниција претставува реакција на целината (државата) на лошите репродуктивни однесувања се со цел да се променат тие и да се обезбеди опстанок но и раст. И, иако се појавија закани  ем сопреа закони, во однос на тоа дека ваквите мерки се однесуваат само за регионите (општините) кои имаат наталитет под 2,1%, ваквата поставеност беше исправна бидејќи сега и вака, кога не се води пропорционална грижа, демографскиот регионален дизбаланс, кој е евидентен, би можел да биде (и ќе е!) уште поголем на штета на загрозените подрачја.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top