Коментари

Има разлика меѓу портокаловото лето и шарената револуција

rubinco

rubinco
Дипл. Екк. Рубинчо Јованоски од Прилеп

Во ова мое писмо сакам да направам една мала дистинкција во поглед на ангажманот на политичките субјекти на македонската политичка сцена каде се трудат истите со разни средства и методи де дојдат на власт

Да одиме по ред хронолошки.  

На почетокот на новиот милениум плавите момчиња на чело со мецената Б.Ц.  почнаа да бидеме реални во овој момент на еден цивилизиран начин да ги сигнализираат аномалиите на тогашното актуелно владејачко мнозинство на чело со ВМРО ДПМНЕ и тогашниот премиер Љупчо Георгиески.  

Мецената Б.Ц.   од дена на ден собираше се поголем број на народ каде на разни митинзи нагласуваше дека на 15  септември (2002 година) народот ќе ја земе судбината во свои раце и Македонија ќе прослави една голема лобеда, победа за Македонија.  

Мецената Б.Ц.   нагласуваше дека  кога ќе дојдат на власт плавите    момчиња ќе има вработување на по еден член     од секое семејство.  

Ценот Д дојде и најголемиот лажго на македонската политичка сцена, мецената Б.Ц. седна на толку посакуваното за него премиерско столче.  

Народот очекуваше ветувањата да се исполнат.  Но, од ден на ден тогашната Влада тонеше и за жал не покажуваше позитивни резултати.  

Првата аномалија беше направена со новата територијална поделба на на шата земја каде се овозможи во Струга и Кичево секогаш да добиваат Градоначалник од албанскиот политички блок.  

Превратот изборен жолт картон беше добиен на локалните избори во 2005 година сегашното актуелно мнозинство на чело со ВМРО ДПМНЕ и    Претседателот Никола Груевски во буквална смисла    на      зборот ги декласираа  плавите          момчиња.

Во тоа време единствен добар резултат беше седнувањето на мецената Б. Ц.   на местото Претседател на Република Македонија.  

По катастрофалниот резултат на локалните избори двоецот Бучковски и Шекеринска успеаа по багателна цена да го продадат ЕСМ на австрискиот ЕВН.  Со тој катастрофален потег беше оставен на цедило македонскиот граѓанин секоа грејна сезона да стравува за покачување на цената на електричната енергија.  

Во тоа време опозициониот табор на ВМРО ДПМНЕ обоен во портокалово си мирни митинзи на т. н.  портокалово лето 2006-то победи и на парламентарните избори.

Тоа беше втора изборна шлаканица на момчињата обоени во плаво.  

Новата Влада на ВМРО ДПМНЕ на чело со ревносниот премиер Никола Груевски ги отвори вратите за странски инвестиции во нашата држава.

Во секоја општина се отвораат слободни економски зони и ТИРЗ каде од ден на ден влегува свеж странски капитал.  

Се подобри патната инфраструктура во нашата земја.  Со нови патнички гарнитури на патни возови од Кина се подобри железничкиот транспорт а со давњето под концесија на скопкиот и охридскиот аеродром на турскиот ТАВ и со разни субвенции на Владата за купување на авио билети се подобри и авио сообраќајот во нашата земја.  

Со еден збор кажано почна да оди во нагорна линија македонското стопѕ нство.  Странските инвеститори имаа стгурност во мерките кои ги превзема до миницилната Блада и почнаа на големо да инвестираат во нашата земЈа.  

За тоа време актуелната плава опозиција тапка во место и 9 пати по ред било да се работи за локални, парламентарни или претседателски избори доживува изборни катаклизми од актуелното владејачко мнозинство на чело со ВМРО ДПМНЕ.  

Зоки Заев момчето од Муртино гледа дека со легитимни средства не може да го убеди македонскиот политички електорат да му ја даде токму него довербата да формира влада.  Па така, со нелегитимни средства и методи со помош на странски разузнавачки служби објавува во јавноста т.  н.  бомби, снимени разговори на јавни лица од локалната и извршната власт.  

Карактеристично за плавите момчиња е што од последните 5 изборни соочувања не ги признаваат изборните резултати за легитимни.  

Со помош на меѓународни медијатори се исполнија сите желби на бомбашот Заев. Но, и тоа не беше доволно да се излезе од политичката криза.

Зоки и неговите поданици почнаа со т.н. шарена револуција каде под плаштот на здружението Протестирам катадневно по скопските улици и во поголемите градови ширум нашата земја со јајца и бои уништуваат се што има направено актуелното владејачко мнозинство.

Уништувањето на материјалните добра не се само од поддржувачите         на          т.н шарена револуција него од целиот македонски народ каде преку разни          давачки и даноци е постигнато многу во плурална Македонија.

Господа обоени во плаво со насилни средства и поттикнување на омраза не се доаѓа на власт.

Понудете програма и излезете на избори на 5-ти јуни, па кој е подобар нека победи. Со овие ваши средства и методи нашата земја на место чекор напред оди два чекори назад за жал секогаш ќе тапка во  место.

Тоа македонскиот напатен народ не го заслужува.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top