Коментари

Деновиве Венко Филипче делуваше како да слави изборна победа во Македонија

Политичар кој нема што да понуди дома, почнува да се храни со туѓи политички победи. Наместо одговори за граѓаните – коментари за странски избори. Наместо визија – политичко навивање.

Политичар кој нема што да понуди дома, почнува да се храни со туѓи политички победи. Наместо одговори за граѓаните – коментари за странски избори. Наместо визија – политичко навивање.

По толку години во политика, Венко Филипче сè уште не ја разбрал ни азбуката на демократијата: владите се менуваат, но државите и нивните интереси не се менуваат со изборни циклуси.

Надворешната политика не е играчка за дневно-политички поени, каква што ја практикуваа седум години Зоран Заев, Филипче и СДС, туку сериозен систем што бара континуитет, стабилност и вистинска државничка одговорност.

Освен ако, се разбира, не доаѓате од политичка школа на СДС во која сè се менува преку ноќ – ставови, договори, па дури и распродажба на национални интереси. Токму таквата пракса ја воспоставија Заев, Филипче и СДС додека беа на власт.

Денес, истите тие структури зборуваат за „тајни врски“, обидувајќи се нормалната меѓудржавна соработка со Унгарија да ја претстават како заговор. А вистината е проста: Македонија и Унгарија имаат официјални договори, партнерства и институционална комуникација – како секоја нормална европска држава. Тоа е дипломатија и взаемен интерес.

Но кога си навикнат на нетранспарентност, транспарентноста ти изгледа како лага. Кога политиката и бизнисот ти оделе рака под рака, тешко прифаќаш дека постои чиста, институционална соработка.

Затоа сенката на Заев и понатаму тежи врз СДС – не само како политичко наследство, туку како матрица на размислување од која не можат да избегаат. Национални отстапки, скандали, сомнежи за криминал, клиентелизам, разнишани институции и уништена доверба кај граѓаните – за сето тоа, молк од СДС.

На парламентарните избори во Унгарија, по 16 години власт, пораз доживеа Фидес на Виктор Орбан, а победата ја однесе опозициската Тиса предводена од Петер Маѓар. Во тој контекст, Христијан Мицкоски упати честитки и изрази очекување за проевропски политики и поддршка за регионот, вклучително и за Македонија.

Но еве ја реалноста што најмногу боли:

Тимчо Муцунски оствари разговор со Анита Орбан, при што беше потврдена силната поддршка од Унгарија за евроинтегративниот пат на Македонија. Дополнително, беа реафирмирани одличните билатерални односи и подготвеноста за нивно продлабочување – политички, економски и трговски.

Со други зборови – државите продолжуваат да соработуваат. Континуирано. Стабилно. Државнички.

Спротивно на очекувањата на Филипче.

Надворешната политика кај сериозните држави не се води според дневни изјави, туку според долгорочни интереси.

Проблемот е што Филипче гласно зборува за Орбан, а молчи за седумгодишното владеење на СДС. А тоа молчење е најгласното признание.

Кога си производ на систем во кој политиката се водела зад затворени врати, со посредници и кеш-договори, тогаш не е чудо што мислиш дека сите функционираат така, но не функционираат.

Лесно е Венко Филипче од опозиција да држи лекции за тоа што „треба“ да се направи. Но политиката не се мери со зборови од удобна опозициска позиција, туку со дела кога ја имаш власта. А токму во тие седум години власт, не се случи никаква суштинска трансформација – само пропуштени шанси и празни ветувања.

И за крај – едноставна вистина што очигледно сè уште не ја научиле Филипче и СДС: поретко гледај што се случува во туѓиот двор, туку погледни што си оставил во сопствениот.

Христос Воскресе!
Навистина Воскресе!

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

To top