Култура и туризам

Масонски симболи во црквата „Света Петка“

sv
svМетална плочка со благодарност до Владимир Ралев и Трифун Костовски е обесена до древната дрвена врата на обновената црква „Света Петка“ во исконското село Галичник. Со донации на овие двајца бизнисмени, малата црква во Долно Маало, постојано во сенка на поголемата и понова „Свети Петар и Павле“, бездруго и попозната зашто во неа се извршуваат венчавките на традиционалната „Галичка свадба“, го продолжува својот живот.
– Речиси повторно се изградени, во нешто зголемени димензии, камените ѕидови на црквата, за која се смета дека потекнува од 1807 година. Внатре се сочувани автентичниот камен под на црквата со шеснаесеткрака розета и старите икони, кои се внесени во новиот иконостас – вели архитектот Коста Граорковски, галичанец по потекло, кој ги собира и ги истражува сите пишани документи и преданија за древното мијачко село.
Црквата долго време беше сосема напуштена поради кревката состојба на објектот. По иницијатива на ентузијасти од селото и со помош на донатори, сега е обновена и камбанаријата и среден е дворот на црквата од 17 век, која чува мистериозни симболи, потписи и нишани од своите градители.
– Вниманието веднаш го привлекува шеснаесеткраката розета во централното подрачје на камениот под. Под бакарниот сад, користен за црковните ритуали, во центарот на розетата се забележуваат, изрезбани во каменот, стрелка, триаголник, полумесечина. Многумина веруваат дека тоа се масонски симболи – раскажува Граорковски.
Позлатен триаголник со насликано око, еден од најпрепознатливите масонски симболи во светот кој го има и на американскиот долар, стои потпрен на новиот иконостас во „Света Петка“. Триаголникот е обиколен со сончеви зраци.
– Тој е пронајден во старата црква и, заедно со други делови од резбите, сега, се чува овде, за да му се најде вистинското место по целосното средување на внатрешноста на објектот – вели Граорковски.
Приказните за потеклото на овие симболи, познати во светот како препознатливи обележја на тајното здружение на ѕидарите, засега се раскажуваат само како преданија, иако галичани во обидот да ја разоткријат оваа мистерија се осмелуваат да ги поврзат и шеснаесеткракото сонце од антиката, и печалбарските градителски мијачки тајфи и симболите на тајните здруженија што ја кројат судбината на светот. Во меѓувреме, иницијаторите на обновата на црквата се занимаваат и со попрактични прашања – ќе се живописаат ли ѕидовите на обновената црква?
Храброто размислување за нов живопис по ликовните канони на црквата, но во сосема слободен ликовен дух на новото време не смеат да се реализираат без одобрување од МПЦ.
Во дворот на црквата „Света Петка“, потонат во сенката на повеќедецениските дрвја, се смета дека е погребен и игуменот Арсениј од манастирот Свети Јован Бигорски.
– Тој податок се уште не е потврден, но Арсениј потекнувал од Галичник, неговото име се врзува со изградбата на црквата, а црковните достоинственици, милувале да бидат погребени во цркви што самите ги граделе – вели Граорковски.
Мистериите што повторно ги отвори обновувањето на црквата „Света Петка“ уште еднаш ја потврдуваат богатата традиција на Галичник, село со неповторлива амфитеатрална поставеност на падините на Бистра, познато колку со богатата културно-просветителска историја толку и со драматичната митологија.
Нетпрес

Најново од: Култура и туризам

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Моштите на св. Климент: Черепот на светецот му припаѓа на Охрид, а не на туѓи земји

Ако чесната глава на свети Климент може да патува од Грција до Бугарија за поклонение, зошто не може да биде донесена во Охрид – градот во кој тој живеел, творел и бил погребан? Постојат историски неправди за кои не смееме да молчиме. Една од нив е прашањето за моштите на свети Климент Охридски, просветителот чие […]

Митрополитот Наум – вториот македонски владика по обновувањето на МПЦ

Името и делото на митрополит Наум – вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ. Треба особено да се нагласи дека Македонскатаправославна црква одиграла првостепена улога за […]

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

To top