На прво место

Среќен именден на Премиерот Никола Груевски и сите Македонци кои го носат името на Свети Никола

Никола Груевски

Православниот доброчинител – светецот Никола донесе подарок за Македонија – визна либерализација и најава за добра клима од шпанскиот претседавач на Евро заедницата

Никола ГруевскиЧестит именден Госодине Премиер на Република Македонија Никола Груевски, во името на редакцијата на Македонска Нација. Да сте ни долговечен и да ве прати здравје и мудрост во сите ваши залагања кои како вистински Македонец ги давате од себе за нашата Македонија. Господ да ви го осветлува патот по кој чекорите.

Честит именден на сите кои го носат името на Свети Никола, и честита куќна слава за овој голем празник, долговечност, здравје, и многу добрини.

Светецот Свети Никола на Македонија и го донесе најубавиот подарок во годината која е на одминување, Свети Никола како заштитник на сиромашните и познат со својата дарежливост ја донесе со себе визната либерализација за Македонија.

Во духот на македонецот е да прослави, да се радува и да ја сподели радоста со ближниот и да ја сподели среката со секој кој зачукал на нашата врата. Такви сме како народ и како такви доаѓаме пред вратата на Европската заедница.

Со честитики за паѓањето на шенгенскиот визен ѕид за македонските граѓани денеска во Скопје допатуваа известувачот на Европскиот парламент за Македонија Зоран Талер и словенечката пратеничка Тања Фајон која беше известувач за визната либералиција.

“…Изминатиот преиод многу се работеше, се исполнија сите потребни работи кои што беа важни за овој процес, сите технички сите политички и сите други работи кои што беа побарани од нас од страна на ЕУ со поддршка на многу пријатели и со поддршка на гостите кои што вечерва дојдоа за да го споделат овој историски миг за РМ успеавме да дојдеме до овој момент” изјави Груевски.

“Процесот на визна либерализација покажва каков е капацитетот на институциите . Денес имаме доказ дека Македонија има одличен капацитет на своите институции. Ова се одлични подготвки за следниот период кога ќе почне процесот на преговори. Се надевам дека тој процес ќе се одвива поскоро…..Мислам дека откако ќе почнат преговорите за Македонија ќе се одвиваат навистина брзо. Доколку би требало да кажеме целен датум милсам дека ќе биде за две до три години” рече Талер.

“Вие навистина го заслуживте тоа бидејќи вие бевте првата земја во регионот која ги исполни критериумите и потребните задачи за да го добие ова…. Ми беше тешко да замислам дека за граѓаните на Македонија кои живеат географски блиску до граѓаните на Словенија дека не можат слободно да патуваат во европските земји иако за нив е очигледна европската иднина, тие не ја познаваа Европа” изјави Фајон.

Уште една пријатна вест од Брисел – Шпанија ја презела одговорноста спорот околу името и одлуката за преговорите со Македонија да се решат за време на нејзиното претседателствување. Застанувањето на страна на Грција, според Мадрид, не значи дека и Шпанија ја блокира одлуката за Македонија, туку само има разбирање дека за ова прашање треба да се најде консензус.- вакво објаснување даде министерот за надворешни работи Ангел Мигуел Моратинос на првата презентација на приоритетите на шпанското претседателствување идната година. Тој јасно стави до знаење дека Мадрид нема намера да го вади процесот околу името надвор од ОН , бидејќи, според него, е на добар пат да доведе до решение на спорот.

„Шпанија никогаш не ја блокирала БЈРМ да оди напред. Она што се обидуваме да направиме е да го решиме овој билатерален спор поради кој една земја-членка на ЕУ има тешкотии да се согласи да почнат преговорите. Мислам дека треба да бидеме позитивни, бидејќи новата грчка влада и македонската Влада работат многу конструктивно на ова прашање. Ние, како шпанско претседателствување, презедовме одговорност спорот околу името да биде решен за време на нашето претседателствување. Тоа значи дека не блокираме. Шпанија никогаш не блокира. Секогаш се обидуваме да најдеме консензус“, беше одговорот на Моратинос на прашањето за тоа која е гаранцијата дека како претседавачи ќе работат во интерес на препораката кога сами ја блокираа во декември.

Шпанија ја има тешката задача да покаже резултат како претседавач по Шведска, за чие претседателствување оцените едногласно во Брисел и надвор се дека беше „речиси перфектно“. Таква оцена не постигнаа ниту Франција ниту Германија со огромните државни апарати и многуте пари што ги потрошија, бидејќи се покажа дека претседателствувањето е повеќе од тоа, и она што и’ треба, всушност, на ЕУ да биде вистински прифатена – неверојатна ефикасност, невообичаено голема транспарентност, непристрасност и, пред се’, огромен напор да се заврши работата. И секако харизма, која Фредерик Рајнфилд и Карл Билт не ја штедеа во Брисел.

Клаудија Лутовска

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top