На прво место

Светецот Свети Никола заштитник на Општина Свети Николе

sveti-nikola-crkva

Градска прослава за граѓаните и гостите во организација на Градоначалникот Роберт Ѓорѓиев и Општина Свети Николе, а во сите Македонски Општини прослава за визната либерализација

sveti-nikola-crkva
Денес со свечена програма по повод големиот верски празник Свети Никола кој е и заштитник на Градот Свети Николе, се одбележува и прославува на верски начин, со песна, посен ручек од македонско тавче гравче и риба и црвено македонско вино, за секој посетител на прославата. Овој настан е организиран од Градоначалникот Роберт Ѓорѓиев и Општина Свети Николе.

Денот започна со Свечена утринска литургија во црквата „Свети Николај“ во Свети Николе, потоа се одржа Свечена литија од црквата „Свети Николај“ до Статуата на Свети Никола во центарот на градот.

Празничен ручек граѓаните ги пречека на Градскиот плоштад – Фонтана со веселба.

Македонски псалми со актерот Страшо Милошевски во Салонот на Библиотеката и со изложба од 9-та сликарска колонија „ЃУРИШТЕ 2009“, ја надополнија свеченоста.

Инаку Свети Николе, како централно место на поголемиот дел од Овче Поле, како населба датира уште од античкиот период. Првобитно наслебата била лоцирана североисточно од денешната црква “Свети Стефан”. Поради мочурливото земјиште и нездравите услови за живот во крајот на III век пр.н.е. населбата била дисклоцирана на десната страна на Светиниколска река, во месностите: Рудина, Свети Спас и денешно Рецко маало во градот. Најверојатно античкото име на населбата било Пробатон. Во VII век таа го променила името во Овче Поле.

Во средновековните пишани извори прв пат Овче Поле како наслеба (тврдина) и пошироко Овчеполието како област се споменува во XIII век. Во 1246 година Никејската војска, покрај другите места во Македонија го зазела и Овче Поле. Неколку години подоцна 1255 Никејскиот владател Теодор Ласкарис, откако му се предал гарнизонот во Велес, се упатил со војска кон Струмица преку Овче Поле. В.Мошин меѓу освоените тврдини од царот Теодор Ласкарис ја набројува и тврдината Овче Поле.

Во 1282 година српскиот крал Милутин (1282 до 1321) покрај Полозите, Скопје, Злетово и Пијанец го зазел и Овче Поле.

Во 1292 година во населбата која се уште го носи името Овче Поле била изградена црквата посветена на чудотворецот Свети Николај. За црквата е поврзана легендата за чудотворното излекување на Стефан Дечански. Во црквата до втората светска војна се чуваше една икона на која е претставен свети Никола како со рака му дава очи на Стефан Дечански.

Свети Николе се споменува и во даровницата на браќата Дејановци од 1378 година, со која се потврдуваат даровите на манастирот “Свети Пантелејмон” во Света Гора. Покрај останатите места, во даровницата се спомнува и Свети Николе со местото Јужиново ( Југово ).

Во пописниот тапу дефтери на Ќустендилскиот санџак од 1570 година Свети Николе е именувано со И-с-в-и Н-и-к-о-л-а. Во пописниот лист регистрирани се две маала: Големо маало и Мало маало и посебно село Свети Николе. Според пописот Свети Николе (сите три населби) броело 317 семејства со околу 1600 жители.

Во шеесетите години на XVII век турскиот патеписец Евлија Челеби на два пати престојувал во Свети Николе. Во својот патепис Челеби пишува:

Овче Поле се наоѓа во едно плодно поле, а се состои од 70 куќи. Има џамија и амам и многу напредно село е… Потоа го поминавме селото Килисали и Беширли и заноќивме во селото Кара Османли.

Топонимот Свети Николе се развивал низ вековите. Прво населбата била позната со името Пробатон од VII век Овче Поле, со изградбата на црквата Свети Никола, почнала да се одомакинува името Свети Николе по црквата. За време на турското владеење наслебата била со две имиња, Свети Николе за христијанското (Македонско население) и Килисали за турците.

Дури во првата половина на XIX век поточно во 1845 година Свети Николе се здобило со пазарен ден и прераснало во гратче. Во него тогаш се одвивала жива трговија за откупување на ситен добиток, па затоа почнала популациски да расте и веќе 1900 година броело околу 2.500 жители.

Помеѓу двете светски војни Свети Николе имало аграрно-занаетчиска функција, која денес е изменета со развитокот на некои терцијални дејности.

Денес Свети Николе е Општина која имплементира проекти и работи на подигање на економијата и развојот во сите пори на општествениот живот.

Клаудија Лутовска

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top